Преведено ѓаволското писмо - калуѓерка ги запишала зборовите на Сатаната

Писмото од Ѓаволот кое беше напишано од опседната сицилијанска калуѓерка во 1676-та година беше декодирано. Сестрата Марија Кроцифиса Дела Концезионе напишала тешко разбирливо писмо, а во моментите кога писмото било напишано, било потврдено дека била опседната од Ѓаволот (Луцифер).

Родена под името Изабела Томази во 1645-та година, другото име го добива кога го прима христијанството на свои 15 години. Калуѓерките имале многу доверба во неа, а ниту една од нив до сега не успеала да го дешифрира мистериозното писмо.

После 340 години, група на италијански научници од институтот Ludum Science Center од градот Катанија кој е лоциран на Сицилија, конечно ја открија пораката на писмото.

Користеле софтвер кој се користи од страна на тајните служби за разбивање на шифри. Го “напупниле” софтверот со древен грчки јазик, арапски, рунски и латински, со цел да се открие пораката.

Сестра Марија била многу вешта со лингвистика, но со тек на време станала премногу демонски опседната, што почнала да измислува свој сопствен јазик преку кој комуницирала со натприродните суштества. После долго истражување, научниците почнале да ја разбираат смислата на нејзините зборови. Тимот превел 15 реда од писмото и утврдиле дека се работи за односите помеѓу луѓето, Бог и Сатаната.

Таа во писмото го опишува Бог, Исус и Светиот Дух како “мртва тежина” и споменува дека Бог мисли дека може да ги ослободи смртниците. Друга реченица која научниците успеале да ја преведат била: “Можеби сега Стикс е сигурен”, мислејќи на реката Стикс која ги раздвојува Земјата и Подземјето во Грчката и Римската митологија.

Цветници е единствениот празник на кој треба да работите

На самиот крај од шестата недела на големиот велигденски пост, го прославуваме и свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Овој празник се нарекува Цветници и секогаш се паѓа во недела.

Името „Цветници“ празникот го добил по цветното гранче палма што Исус Христос го носел во раката за време на овој свечен настан.

Иако спаѓа во еден од големите празници, па се подразбира дека на овој ден не се извршуваат големи работни обврски, со векови постои верувањето дека токму на Цветници би требало да се посади лен и зелка, бидејќи така родот на овие билки ќе биде подобар.

Кога станува збор за работењето, овој празник е исклучок, бидејќи токму на овој ден се појавува полна месечина, кога, според верувањата, умот и вештините на луѓето стануваат далеку помоќни од вообичаено. Поради тоа, на Цветници би требало да започнете некои проекти и да донесете одлуки.

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно