Второто по големина природно езеро во Македонија, Преспанското, одамна има проблем со повлекување на водата. По бројни истражувања, заклучокот е дека водата од Преспа се прелева во Охридското езеро, т.е. двете езера се поврзани под Галичица. И додека во минатите неколку години некако се успеваше да се задржи нивото на водата, оваа година Преспа доживува катастрофа. За само неколку дена езерото е повлечено повеќе од 10 метра на брегот. Локалното население вели дека сето ова е резултат на испуштање на поголеи количини вода од Охридското езеро по Црн Дрим со цел да се наполнат вештачките акумулации по текот на реката и да се произведе електрична енергија.