Брутална ликвидација-убиен адвокатот кој требало да ги брани Србите на Закинтос!

Познатиот грчки адвокат Махалис Зафирополус, кој пред два дена брутално е убиен во својата канцеларија во Атина, бил еден од адвокатите кој бил препорачан за случајот на убиство на американскиот државјанин Бакариј Хендерсон на Закинтос, за кое се обвинети државјани на Србија.

Убиството на 52 годишниот ја шокираше грчката јавност и поради тоа што се случи во центарот на Атина, во една од пофреквентните населби и поради начинот на кој беше извршено. Според информациите во грчките медиуми, двете лица не биле маскирани, соработникот на адвокатот ги видел и на полицајците им рекол дека станува збор за лица на возраст од 30 и 40 години, кои не говореле чисто грчки јазик, што значи дека веројатно се странци и не ги имал видено до сега. Убиството се случило, најверојатно со оружје со пригушувач, бидејќи не се слушнале истрели, а двајцата убијци успеале да избегаат без никој да ги забележи. Последните информации се дека кон адвокатот било пукано од далечина од само еден до еден и пол метар, а куршумот го погодил Зафиропулос во средниот дел на телото и бил кобен. Она што дополнително ја отежнува работата на грчката позиција во расветлувањето на случајот е тоа што адвокатот, во канцеларијата немал безбедносни камери, нешто што не е исклучена можноста да го знаеле двете непознати лица.

На стари случаи кои ги водел 52 годишниот Зафиропулос и на сведочењето на неговиот соработник се фокусираат грчките полицајци кои ја водат истрагата. Освен што трагаат по сторителите, грчките полицајци ќе треба да најдат одговори на низа прашања околу мотивите. Дали намерата била да го убијат или само да го заплашат адвокатот или пак закажале средба за да преговараат со него? Дали станува збор за платени убијци или пак за обични граѓани кои биле незадоволни од исходот на случај што го водел Зафиропулос? На помалку од 24 часа од убиството во грчките медиуми веќе се појавија информации околу истрагата. Полицајците ги „чешлаат“, мобилниот телефон и компјутерот на адвокатот, ги проверуваат разговорите од изминатите денови, мејловите, смс пораките. Проверуваат дали можеби добивал некакви заканувачки пораки, и покрај тоа што неговото семејство за грчките медиуми тврдело дека воопшто не се плашел, во спротивно ќе имал обезбедување, доколку добивал закани по животот.

Сведочењето на соработникот на Зафиропулос дека двајцата на почетокот „клиенти“, а потоа убијци, не говореле течно и чисто грчки јазик, според медиумите кај јужниот сосед, ја активирало грчката полиција да ја зголеми безбедноста на железничките станици, на аеродромите и на северната Граница на Грција, во случај сторителите да се странци и да се обиделе/обидат да избегаат од земјата. Освен безбедносните камери во околината на адвокатската канцеларија, се проверуваат и безбедносните камери на железничките станици и аеродромите.

Михалис Зафиропулос беше еден од најпознатите грчки адвокати специјализирани за кривично право, неговиот татко, кој почина во 2006та беше исто така познат адвокат, но и пратеник во Неа демократија. 52 годишниот Зафиропулос беше кандидат за претседател на адвокатската комора.

Адвокатите во Грција решија една седмица да отсуствуваат од нивните задолженија во знак на жалост за убиениот адвокат. За бруталното убиство кое ја шокираше Грција, реагираа сите политички партии, а грчкиот премиер веднаш откако беше објавена веста за убиството на Зафиропулос, контактираше со министерот за цивилна заштита и побара што побргу да се расчисти случајот, а сторителите да бидат уапсени.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно