Ребека: Влегов во продавница за играчки и плачев кога Маркијан беше мал

Ребека Јанковска-Ристески, познатата македонска пејачка, во интервју за Репортер отворено говори за Маркијан, нејзиниот најстар син, кој е дете со ретка болест – туберозна склероза. Таа зборува за тоа колку нерви и трпение им требаат и неа и на нејзиниот опруг за да се прифати фактот и да се носи човек со сето тоа.

„Со Маркијан секој ден е нова прикзна, искушение, одговорност. Но, јас веројатно сега се носам добро со сето тоа. Кога решив јавно да проговорам, значи сум завршила со моите проблеми и прифаќањето на фактот дека Маркијан е дете со посебни потреби. И ние имаме дома со Мики кризи, затоа што на Маркијан состојбата е променлива. Нам секој ден ни е искушение, затоа што самата болест е таква. Постојано бараме светски мислења, разговараме, читаме“, вели Ребека.

Зборува и за близнаците Доротеј и Макариј за кои вели дека се плаши да не ги разгали.

„Ми е криво што некогаш не можам повеќе време да минам со нив. Сакам со нив да сум сегде, во када, на под, да им се радувам, се да правам, секој момент да го вкусам. Но, тоа го направи Маркијан. Неговата состојба беше лоша и не можев да уживам во неговите игри. Влегов во продавница за играчки и плачев кога тој беше мал, не реагираше на ништо. Со близнаците е поинаку, се плашам дека ќе ги разгалам,“ искрена е Ребека.

ФОТО: Погледнете што и порача Сека по секс скандалот на Дара Бубамара

Откако после објавеното експлицитно видео на Дара Бубамара се огласи Сека Алексиќ, експресно возврати и првата.

Имено, Сека не ја прозва директно својата колешка, но се претпоставува дека пораката била наменета токму за нејзе.

-Поединци да се изгаснат од социјалните мрежи, напиша Сека.

Меѓутоа, реакцијата на Бубамара била многу пожестока. Таа исто така коментарот не го насочи директно кон Сека Алексиќ, но се верува дека пораката се однесувала токму за нејзе.

-Дебела, дудлај го тој клип и ќути, напиша Дара БУбамара.

ФОТО: Погледнете како изгледа денес познатата актерка Јагодинка од „Лажливо лето 68“

Познатата Јагодинка Симоновиќ која сними неколку култни сцени во филмот „Варњиво лето 68“ имала само 27 години.

Осум години подоцна бега од Србија, а пред пет години повторно се вратила.

Сега е професорка на Факултет за драмска уметност, филмски смер, а еве како изгледа денесска Драгана Врагиќ, неколку децении после снимање на филмот.

Со оваа изјава Северина ги запрепасти припадничките на понежниот пол

Северина сите ги запрепасти со својата порака за 8. Март, па се појавија лавина коментари.

- Секоја жена треба секој ден да има Ден на жената. Успешните жени не би требало ништо да работат според мене. Секоја успешна жена треба да има мир и да се негува. Многу задачи си зададовме, ни треба само мир и негување, а не кариера, истакна Северина и сите ги зачуди.

Популарно