ФОТО: Хрватската претседателка го возеше автобусот со фудбалерите

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ овие денови е вистинска планетарна ѕвезда, а сето тоа се должи на хрватската репрезентација која постигна голем успех на СП во Русија.

Светото ја запозна и засака Колинда само за неколку часа засенувајќи ги и најмоќните политичари на трибините како Владимир Путин, Емануел Макрон, Димитри Медведев, како и претседателот на ФИФА Џани Инфантини.

Колинда е апсолутен хит во секој поглед на социјалните мрежи и овие денови светските медиуми пишувале повеќе вести за неа, отколку за Лука Модриќ.

Колинда стана апсолутен хит и во Нигерија каде што овие денови поради лажните вести или (не стручноста) на новинарите целата јавност е убедена дека Колинда го возела автобусот на новинарите на дочекот во Хрватска.

Познатата нигерска блогерка Нкру Хоманн сподели фотографии од дочекот, а целата нација мислела дека Колинда го управувала автобусот.

-Видете како хрватската претседателка ги возела фудбалерите. Што да се каже, сакам да ви кажам нешто за оваа прекрасна претседателка, пишува во нејзиниот ФБ статус Хоманн.

Нејзината објава на Фејсбук е споделена преку 17 илјади пати.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно