Како се родила „На Велигден сум се заљубил“ на Џокси?

- На прагот сме од 30 години постоење на песната, но пред да биде создадена има неколку мотиви по кои е оформена. Нормално е, пред да се создаде некое авторско дело, треба да бидете изложени на набој на чувства, кои, кога и да е, еден ден ќе излезат на виделина. Така и со “Велигденот“. Моментите од детството на мојата баба Уранија, стројниците на дедо ми Димитрија, дворот од црквата на св Атансиј во с. Ранци, Егејска Македонија, бегањето преку прозор со Уранија во Автокоманда до црквата Архангел само за да се кршиме со вапцаните јајца ... Моментите од мојот секојдневен живот ... Сите тие создадоа слики за оваа песна која е направена во еден здив.  

Кој е композотор, текстописец?

- Музиката и текстот се мои, додека аранжманот на оригиналната верзија е на Тоше Попсимонов, кој со гајдите, тапаните и машкиот хор обликува еден национал продукт кој е лесно препознатлив меѓу народот, и тоа е една од причините песната да, покрај текстот и музиката, биде прифатена од сите генерации.

Очекуваше ли дека ќе биде Велигденска химна на некој начин, ниеден Велигден не поминува без неа?

- Ни на крај памет. Песната ја следеа два страшни моменти за мене. Првиот, кога не беше примена на Макфест, со образложение дека содржи премногу фолкор, и вториот кога не добив број од фонотеката на Македонското радио, пред се, затоа што носам произвот од друга, приватна продукција, а над се, што не сум бил способен да фатам женска па сум молел Бога за тоа. 

Едноставно кренав раце од неа. Си помислив дека не е тоа тоа што би им се допаднало на луѓето.

Веќе ја заборавив, кога, како дел од жирито на Рок фестот 1991 се сретнав со Јане Коџабашија кој ме тргна на страна и ми рече дека е време да ја пуштиме На Велигден. Следниот ден се најдовме во продукцијата на македонското радио и се договоривме како би го реаризирале албумот. Бидејќи немав доволно песни,на Б стр. ги ставивме песните од МАКАКУС, а на А стр. песните што ги работев со Тоше Попсимонов. Првото, премиерно емитување песната ја има во музичката емисија на Михаил Бошковски МАК ТОП 10, како предлог, а по избор на слушателите доби најмногу гласови. Од тогаш па до ден денеска веќе знаете што се случило. 

Свесни ли бевте дека направивте хит?

- Со оглед на тоа низ што помина песната, тешко дека некој би помислил дека имам хит.

Која е твојата Велигденска честитка до сите православни христијани?

-"Љубовта победува сѐ!"

Следете го златното правило: "Сѐ што сакате луѓето да ви прават, направете го и вие тоа за нив." Матеј 7:12

Запрашајте се што сакате луѓето да направат за вас, а потоа преземете ја иницијативата и направете го тоа за нив. Само направете го она што сакате да го направите. Често доброто дело нема да ви се врати од оној на кој сте го направиле, но ќе се врати од некој друг агол на овој неверојатен универзум во кој живееме. 

ПС. Јас јавно им се заблагодарувам на сите новинари од радијата и телевизиите, весниците и порталите, но и на социјалните мрежи, кои секој Велигден ја освежуваат меморијата на многу млади со оваа песна, но и на оние возрасни кои се препознаваат во неа.

„Усни“ за крај на годината

Драги Иванов, кој оваа година сподели три нови песни, ја заокружува 2024 со уште една, последна песна за 2024 на убав ден, католички Божиќ, среда 25ти Декември. 

Песната „Усни“ е напишана, изведена и продуцирана од Драги, а видео записот е реализаран со помош од Ѓорги Вацев, кој е одговорен за снимањето, колорот и целиот графички дизајн. 

За да се случи овој видео записот, било потребно да му падне шеќерот, да јаде сникерс и да одмори пред воопшто да проба да го искачи Водно со точак, но му успеа. Тука исто така ја имаше подршката од двајца блиски луѓе, меѓу кои Ѓорги, кој го спонавме веќе но, и Ведран Андонов, пријател на Драги од средно, кој во последен момент му излезе во пресрет и возеше до него, за да може да се случи овој видео запис. Во еден од неговите објави на Instagram сподели: 

”Сакам да им се заблагодарам на двајцата што ми помогнаа да го направам спотот за “Усни”. Прво, Ѓорги Вацев, фала ти бато Џокица, шо дујде уд Битола, меѓу един куп други работи успеа да најдиш време да ми пумогниш да гу снимум спотут, ми пумугна уф едитут и колорут и се останато уд визуелен аспект, сето тоа уф ного кратук период. Фала ти преного  [❤️]  

Второ, Ведран Андонов, Векси, ти кажав веќе, но од средно, во клупа заедно, не спојува музика, мислам дека потсвесно, долго време ми било желба некако да те вклучам во тоа што го правам и бидеш дел, мило ми е што иако требаа 12 години од тогаш го направивме ова и се надевам ќе има повеќе. Фала ти премногу што во последен момент ми искочи во пресрет и возеше покрај мене за Џокица да може да ме снима  [❤️] ” 

Доколку слушате музика на Spotify, можете да ја чуете неговата музика овде. 

Македонскиот продуцент од Беркли (САД) издаде нова песна!

Драги Иванов, музичар и музички продуцент од Скопје, кој има студирано музичка продукција и инженерсто и електронска продукција и соунд дизајн на Беркли, во Бостон Америка од 2018 година е активен на македонската музичка сцена и има соработувано со доста македонски уметници, меѓу кои Дупер, Плутос Даутс, Фанк Шуи и Дина Јашари.

Во последните шест години, исто така споделува своја музика, поактивно оваа година, со што овва недела на 11ти Јуни објави нова песна, Крута, каде самиот е изведувач, кант-автор и продуцент, а воедно е и одговорен за видео записот.

Може да ја чуете песната и да го видите спотот подолу.

Ова е првиот видео запис наснимам во новиот културно-едукативен центар Лабораториум во Скопје. Иако во поголемиот дел од снимањето е инволвиран само Драги, сето ова би било тешко изводливо без Стефан Момиќ, кој успеа да му даде простор во веќе густиот распоред на Лабораториум, сите прекрасни луѓе што се дел од екипата на Лабораториум што помогнаа на свој начин и направија да се чувствува како дома и Мирослав Илиќ, кој во сред испитна сесија успеа да направи колор и графички дизајн на овој видео запис.

Исто така, благодарност до Филип Методиев за прекрасната гитара и до Мартина Баракоска за дел од синтисајзерите и оргулите во рефрените и мостот на песната.

Промоцијата на песната и спотот се случија во Лабораториум исто така, каде се насними спотот, дента кога се објави Крута и сега е достапна секаде каде што се слуша музика.

Instagram: instagram.com/thisisdragiivanov

TikTok: tiktok.com/@thisisdragiivanov

Facebook: facebook.com/thisisdragiivanov

(Видео) Тамара Грујеска заврши на 12-тото место на детската евровизија

Македонската претставничка на детската евровизија, Тамара Грујеска, во Ница, Франција, се пласира на 12-тото место.

Франција втортпат по ред победи на музичкото натпреварување, овој пат со Зое Клозир и песната Coeur („Срце“).

Шпанија заврши на второто место, а Ерменија на третото.

Популарно