Последната колумна на Александар Русјаков: Збогум!

Ветив во последната колумна. Ќе ја објавам својата одлука. Пишав, во вторник. Вторник замина. Имав неодложни професионални обврски. Денес е среда. А јас имам одлука. Конечна.

Преговорите беа напорни и нервозни. Дебатата траеше долго. Сепак конечната одлука ја донесовме заедно. Ги разгледавме сите факти, ставови, предвидувања, сценарија, закани и совети.

Кои сте тоа „вие“?

Јас, Совеста, Волјата, Разумот, Срцето и Суетата.

А-ха...

Да. Не беше лесно да ја донесеме одлуката. Јас бев растргнат, распнат меѓу одлуките. Совеста бараше да се застане цврсто и одлучно, без разлика на последиците и нападите. Волјата инсистираше да не се слуша надворешната галама, сами да одлучме, правилно или погрешно, одговорноста е само наша. Разумот упорно копаше по деталите како Шерлок Холмс. Срцето плачеше и се молеше. Суетата запали цигара и ги крена нозете на маса. Не рече ништо. Воопшто не беше лесно донесувањето на болната одлука.

И? Одлуката?

Одлуката е едногласна. Непроменлива. Долго време размислувана. Гласи, јас се повлекувам од политичката сцена. Сосема. Недвосмислено. Моите колумни во Нова Македонија повеќе нема да се занимаваат со политичките состојби во Македонија. Доколку редакцијата сака, ќе продолжам да пишувам. Знам да бидам забавен на различни теми. Запирам со политички коментари на Фејсбук. Ќе си терам со духовити коментари за сенешто друго. Или сериозн коментари, ама за сенешто трето. И со телевизиските настапи е готово. Освен оние за десетна дена во Љубљана и Пула. Тие веќе ми се договорени. Ја напуштам битката за Македонија. Кукавичлук? Да бев страшливец немаше ниту да влетам на боиштето, а вие мислите си што сакате. Јас си одам од бииштето.

Се предаваш?

Да. Се предавам. 

Зошто?

Од три причини. Ме порази светската изопачена моќ. Ме оковаа македонските политички партии. Така поразен и окован, ми пукаше в глава македонскиот народ. Првпат ваква одлука донесов на 27 април, 2017 година. Ме скрши фактот дека ЦИА по којзнае кој пат, преку излитено сценарио, порази држава и цел еден народ. Сценариото го одработија раководствата на СДСМ и ДУИ и поединци од ВМРО ДПМНЕ. Народот занеме. Институциите исчезнаа. Сите се правеа луди, никој не ги поставуваше вистинските прашања. Зошто пратениците на СДСМ и ДУИ не гласаа собраниски спикер на почеток од седницата? Зошто чекаа да се собере народ пред Собрание? Зошто некои пратеници на ДУИ јавно кажаа дека знаеле што се спрема и никој не ги повика на одговорност? За гласањето без мнозинство, без записник, вон процедура и закон, не ми се ни зборува. Никој жив не се занимаваше со тоа. Западнав во очајание. Посакав да кренам раце и заминам на пуст остров. Совеста ме предомисли. Срамно е да ја напуштиш битката кога е најтешко. Така ми рече. Ја послушав. Повторно решив да кренам раце од сè на 29 ноември 2017 година. Ги апсеа и затворија уставобранителите. Среде полициско политички монтиран процес. Појдов пред судот. Ако не ги бројам пратениците на ВМРО ДПМНЕ, таму немаше ни сто луѓе. Една мисла ми го прободе срцето. На Македонецот му е потребен лидер за да има кој место него да оди во затвор, оти тој има попаметна работа. Да седи на Фејсбук. Западнав во поголем очај. Волјата ме предомисли. Зарем и ти ќе ги напуштиш, ме праша. А што можам да сторам? Немам ниту моќ, ниту пари да помогнам. Ама можеш да пишуваш за злото со кое соочуваат, ми врати волјата. И ми се врати волјата за борба. 

Русјаков!

Да?

Уште ќе гњавиш со твојата емотивна историја?

А-ха, уште седум-осум страници, па ако „не ти паше програмава слободно искључи го твојот издркан Хитачи“. 

Ние очекваме нешто друго од тебе...

Јас не сум џубокс. Третото разочарување стигна со двотретинското мнозинство кое го отвори Уставот. Не можев да поверувам во она што го гледам. Психопатијата што се одвиваше пред мои очи за мене беше запрепастувачка. Беа прекршени сите правила на игра. ЕУ преку Хан го благослови насилството врз пратениците. Беше поништена рефееремдумската волја на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ не го извади своето членство на улица. Останатите 900.000 Македонци кои победија на референдумот си останаа дома. Веројатно сите чекаа Бог да слезе и да ги реши работите. Злото си го тераше својот нацистички проект. Нешто крикна во мене. Застани! Батали! За кого тоа гинеш? Никому не му е гајле. Ќе си кажат на Фејсбук и толку. А ти се трошиш, полудуваш. Затоа доста е, готово! Но, разумот не мислеше така. Ми плесна в лице дека кревам раце. Вистината никогаш не е мртва. Можеби сега е силувана, фрлена во клиничка смрт, ама не е мртва. Се додека ја бараш таа има шанса да излезе на виделина. Се вратив во битката и без да излезам. 

Заврши?

Досадно ви е?

Мислиш дека го имаме сето време за да ти го читаме романов?

Мислиш дека јас не го жртвував сопственото време?

Колку е тоа време?

12 години. По овие 12 години,си реков, глупо е да кренам раце. Сиот сум се вложил. Го послушав разумот. Продолжив. Си велев, само нека пробаат, ќе им излеземе 300.000, 500.000. А имав милион надежи. И дојде денот. Го изгласаа Северџанистан. Со насилство, уцени и амнестии. Никој не мрдна со прст. Пред собранието... хор штурци. Таа ноќ пиев до бесознание. Никогаш не сум се опил до бесознание. Утредента одлучив. Готово е. Ја изгубив сета животна сила. Се олошив. Исчезнуваат стиховите од мене. Сега навистина е готово. Само уште да им се обратам на моите читатели. Мирував два дена. Сега се побуни срцето. Крварам, ми рече. Сфатив, не можам да не се борам за Македонија. Срцето ќе ми умре. 

А 5 мај?

Ќе дојдеме и до тоа?

Кога?

Јас сум господар на своите редови. И продолжив да пишувам. Да се топорам по телевизии. Да се тепам со изопачената моќ. А потоа дојдоа овие претседателски избори. Не можев да си поверувам на очите и ушите. Македонското ткиво се јадеше меѓу себе. Онака сурово, со навреди и омраза. Фрштеа обвинување и етикети. Дали да се гласа или бојкотира? Крајно глупа дилема за омраза, нели? Но, мнозинството не мислеше така. Луѓето се избезумија. Одличив да не сум дел од тоа. Пробав да испратам порака. Никој не ме чу. Се чувстввав како бродолмник на сплав меѓу два огромни брана кои ќе се судрат и распрачат давејќи ме и мене. „Бојкотирам“ ги мрази „гласам“. „Гласам“ ги мрази „бојкотирам“. ВМРО ДПМНЕ застрашува со Талат Џафери. Бесмислено. Неговиот избор е кривично дело. Сè по него е неуставно, противзакноски. Еден ден секој независен од политиката суд, сето тоа ќе го поништи. БОЈКОТИРАМ застрашува со легитимирање на СЕВЕРНА ако излезеш да гласаш. Бесмислено. Северна Македонија е кривично дело. Независен од политиката суд, тоа ќе го поништи. Доживеав да читам гадости за Дурловски. Човекот кој жртвуваше светска кариера и семејство, кој практично робуваше за Македонија, читам како е напаѓан од луѓе чија најголема жртва е кратка болка во `рбетот заради долго седење пред компјутер. Си реков, ова е кошмар. Напишав колумна. Повторно се обидов да звучам обединувачки. Кажав дека не сум донел конечна одлука околу избориве. Сеедно, ми рипнаа. Русјаков, патетичен си, доста ни е од твоите емотивни испади. Русјаков, изморен си, сега остај ние да ја спасуваме Македонија, ние знаеме како. Русјаков, доста пишуваш глупости, пишувај како што ние сакаме! Конечно Суетата ги ококори очите. Смири се, и реков. 

Потемне во лицето, ги спушти нозете од масата и ја згмечи цигарата. Знаев, по Совеста, Волјата, Разумот и Срцето, дојде и нејзиниот ред. Суетата удри со тупаница по масата. 

Ги слушаш ли, крикна стресувајќи ми го целото тело. Ти кажуваат што да пишуваш, како да мислиш. Се топорат себе дека ќе ја спасат Македонија, сè сами месии на сите страни, сите се македонскиот народ, и едни, и други, и трети, сите сè знаат, а ти си патетичен емотивец на кого не му е место во оваа војна, ги слушаш ли? 

Ги слушам.

Е па во право се. Сосема. Ти тука завршуваш. Готово е. Те оставив, не ти се мешав, ги слушаше Совеста, Волјата, Разумот и Срцето. Сега јас сум на ред. А јас велам, крај, финито, енде, коњец. Ти и македонската политика раскрстувате тука.

А Македонија? 

Они ќе ја спасуваат. И едните, и другите, и третите. Сите заедно. И сите поединечно, оти ако ги читаш, секој од нив е македонскиот народ лично. Ти заврши со ова патување. Дванаесет години патување. И војна, не со ветерници, туку со реалната изопачена моќ. Се заборави себе. А кога се забораваш себе, ги забораваш и најблиските. Дванаесет години и што е сторено? Кога имаше триесет, кога беше во полна сила, кога сфати дека имаш илјадници приказни во себе и сето тоа умееш да го направиш уметност, ти одлучи да го баталиш тоа и да се тепаш за Македонија. А можеше да работиш на себе, да се обидеш својот збор да го изнесеш на светскиот пазар, да заработиш доволно за и ти и твоите најблиски да имате нормален живот, а не борба за преживување. Ти горделиво тврдеше дека пари и слава не ти значат ништо, дека Македонија е најважна. Така одбра. Не те интересираше материјална корист, немаше политичка амбиција, само чиста борба за Македонија. Се тепаше сам. Без грб, без стекната удобност, без нечија помош. Си ги затвори сите врати. Си создаде моќни непријатели. Слушаше закани, мрачни телефонски повици, невидени напади, навреди и обвинувања, етикети и озборувања. Лажеа дека ја материјализираш својата борба, дека си мегафон, дека си заработил 200.000 евра баш кога ти ја исклучуваа струјата, дека имаш 500.000 евра кога не можеше да купиш лекови за мајка ти. Имаше месеци во кои ако не ти беа пријателите ќе јадеше стари чевли како Чаплин. Еве и сега е така. Не ти беше важно тоа. Македонија, идентитет, име... тоа ти беше најважно. Не стекна никакво материјално добро, немаш сопствен кров над главата, немаат ни твоите родители. Живеете од денес за утре, иако уште денес знаеш дека утре ќе биде исто како вчера. Не создаде дом, семејство, иднина. Немаш лична карта, здравствено осигурување, нема да имаш ни пензија. Ти не постоиш. И згора на сè ќе ти се посерат на глава, зашто секогаш има некој што сака да ти се посере на глава. Е па доста. Ти тука запираш. Другите нека одат, ти заврши. Ќе работиш на себе и на својата уметност. Ќе работиш за себе и за своите најблиски. За тебе војната заврши, те поразиија непријателот и твоите сојузници. Заедно. Сега нема да биде воопшто лесно. Немаш триесет, туку четириесет и две години. Ја немаш онаа сила и концентрација. Затоа имаш повеќе знаење и приказни. Ќе влезеш во друга битка, битка за себе. 

Себично е.

Баш така. Од денес си себичен. Војуваш за себе. За својата уметност. За родителите, братот, пријателите. Ако успееш и нив ќе им помогнеш. Забораваш на Македонија, кој го ебе Северџанистан, сега те интересира светот. Ако успееш, ќе помагаш, ако не успееш, си се обидел. Материјално, од оваа ситуација сега, подолу не можеш да паднеш. Затоа, кажи им збогум!

Збогум!

Уште еднаш!

Збогум!

Русјаков!!!

Да?

Со тебе зборувам или со твојата суета?

Со мене.

Па ти се едно невидено ѓубре. Ни одзема поливина ден за да чуеме, збогум. А ние очекувавме став.

Зарем „збогум“ не е став?

Можеби е став, ама нас друго нè интересира.

Враќањето на Република Македонија може да се случи само на два начина. Или преку револуција, или преку институции. За револуција сум премногу самотник, институциите отсегогаш сум ги гледал преку кафкијански очила и со хармсовски шешир на главата. Револуциите се минато (мислам вистински, не шарени фарси), кај нас луѓе на протест не можеш да извадиш, а за функционирање на институциите треба да се промени светот. Па така, ниту едните, ниту другите кои се колнат дека се вистинскиот избор, нема да ја вратат Македонија. Оти ние сме тие што ја загубија. За неа, единствена надеж се некои идни генерации.

Сакаш да кажеш дека сите сме бескорисни?

Не сте бескорисни, ама не сте ни решение. На крајот, повторно ќе победи изопачената моќ, а вие ќе се обвинувате меѓу себе. Така ќе биде сè додека шлапкаме во плиткоста мислејќи дека пливаме во длабочините. 

Ќе гласаш или не?

Прв круг не гласав. Во втор круг ќе гласам доколку цензусот е на пат. Тоа ќе биде мојата последна јавна политичка активност. За Македонија ќе продолжам да се борам сам, ама низ својата уметност, ако успеам да се наметнам и етаблирам. 

Знаеш дека ќе ти се помочаме и на ова писание?

Знам. Нема да бидете први. Ама ќе бидете последни. Оти јас тука завршив. 

Толку зборови, а ништо не кажа.

Затоа во иднина вие ќе кажувате, јас ќе молчам. Иако сметам дека и тука кажав. Многу работи. Кои ќе ги искористам како скица за последната глава на романот што го пишувам. Романот за последниве десет години светско и домашно лудило фрлено како осиромашен ураниум врз Македонија. 

Дефинитивна одлука?

Дефинитивна.

П. С. Вообичаено за мојот ФБ ѕид, и под ова писание ќе ви биде дозволено што сакате и на кој начин сакате да кажете што имате да кажете. Единствената разлика е што јас ќе молчам. Бог да ве чува!

7000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Со огромна гордост објавуваме уште еден значаен успех, 7000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Овој успех не е само бројка, туку доказ за довербата што ја градиме со години заедно со македонската бизнис заедница. KARIERA.mk денес е многу повеќе од платформа за огласи тоа е целосен HR екосистем кој ги поврзува компаниите и барателите на работа.

Во изминатиот период, континуирано инвестиравме во иновации и нови решенија:

  • HR scanner - стратешка и аналитичка алатка која го трансформира управувањето со човечки ресурси
  • KARIERA AI - паметни технологии за побрзо и попрецизно пронаоѓање кандидати
  • KARIERA настани - eдукативни работилници каде што експерти од индустријата споделуваат знаењa, искуства и практични стратегии
  • KARIERA Hub - центар за знаење, ресурси и кариерен развој
  • MojaKARIERA - платформа за физички лица што овозможува полесно поврзување, вмрежување и пристап до нови кариерни можности

Секој чекор напред е резултат на заедничка визија модерен, ефикасен и поврзан пазар на труд.

Зад оваа бројка стои силна заедница:

  • Илјадници реализирани вработувања
  • Континуиран раст на активни огласи
  • Вмрежување на компаниите и физичките лица на едно место
  • Поддршка во секој чекор од кариерниот пат

Нашата мисија останува иста да бидеме мост помеѓу компаниите и талентите, но и да создадеме простор каде што можностите и луѓето се среќаваат.

Голема благодарност до сите 7000 компании и илјадниците корисници кои се дел од KARIERA.mk. Ова е заеднички успех!

Продолжуваме уште посилно со нови алатки, повеќе можности и уште подобро вмрежување помеѓу компаниите и луѓето. 

KARIERA DAYS vol.3 Агенда: Целосна програма за 15 и 16 мај во East Gate Mall

Подготвени сте за кариерен пресврт? На 15 и 16 мај, East Gate Mall се трансформира во динамичен лавиринт каде секоја патека води до нови професионални хоризонти. Оваа агенда не е само распоред на часови, туку твоја лична мапа за навигација низ најдобрите можности на пазарот на труд.

Погледни што те очекува и планирај го твоето време паметно:

📅 ДЕН 1 | Петок, 15 Мај: Први чекори и инспирација

13:00 – 18:00 | Посета на штандови

Ова е твоето време за директен контакт. Искористи го целиот попладневен термин за разговор со претставниците на водечките компании, дознај ги нивните внатрешни култури и информирај се за активните огласи во живо.

14:00 – 15:00 | Кариерни совети: Твојот професионален компас

Приклучи се на сесиите за советување каде експерти ќе ти помогнат да го средиш твоето CV и да добиеш насоки како да се претставиш во најдобро светло пред работодавците.

16:00 – 16:30 | Тркало на среќата: Награди за храбрите истражувачи

Малку адреналин и многу изненадувања! Заврши го првиот ден со позитивна енергија и вредни подароци.

📅 ДЕН 2 | Сабота, 16 Мај: Акција и нови почетоци

12:00 – 18:00 | Продолжување на потрагата (Посета на штандови)

Ако пропушти некоја компанија првиот ден, денес е шансата да го надополниш тоа. Лавиринтот е отворен за сите нови конекции.

13:00 – 13:30 | Тркало на среќата: Прва доза изненадувања

Започни го вториот ден со нова шанса за добивка пред да се впуштиш во најинтензивниот дел од денот.

14:00 – 15:30 | Speed Interview: Брза патека до работа

Ова е „срцето“ на лавиринтот! Искористи ги овие 90 минути за кратки, но клучни интервјуа со работодавците. Биди концизен, биди подготвен и остави впечаток за само неколку минути.

16:00 – 17:00 | Кариерни совети: Финални стратегии

Заврши го твоето патување со дополнителни консултации и одговори на сите дилеми кои ти се појавиле за време на настанот.

Зошто да бидеш дел од KARIERA DAYS vol.3?

Ова не е класичен настан за вработување ова е интерактивна платформа каде човечкиот контакт е во центарот. Без разлика дали бараш прва работа, промена на кариерата или само сакаш да ја почувствуваш пулсацијата на пазарот, „Лавиринтот на можности“ е местото каде треба да бидеш.

Влези во лавиринтот и пронајди го својот излез кон успехот!
Регистрирајте ја вашата компанија ТУКА 

Успешно реализиран настанот Global HR Vision во организација на KARIERA.mk

Настанот Global HR Vision, во организација на KARIERA.mk, кој се одржа на 23 април во престижниот Skopje Marriott Hotel, беше успешно реализиран и уште еднаш потврди дека HR заедницата во регионот има силен капацитет за развој, иновации и меѓусебна соработка.

Овој настан претставуваше значајна платформа за поврзување на HR професионалци, менаџери и лидери од различни индустрии, со цел размена на знаење, искуства и најдобри практики. Програмата беше внимателно креирана за да одговори на актуелните предизвици со кои се соочува современиот пазар на труд од трансформацијата на работните места под влијание на технологијата, до градењето одржливи организациски култури и привлекување и задржување на таленти.

Особена вредност на настанот му дадоа врвните говорници: Nadina Tyropolis, Majda Berislavić, Harbir Singh Rissam, Peter Spannagl и Ilona Popczyk. Со својата експертиза, професионален пристап и инспиративни излагања, тие понудија длабоки увиди и практични насоки кои учесниците ќе можат директно да ги применат во своето работење. Нивниот придонес беше клучен за креирање на динамична и ангажирачка атмосфера, која поттикна дискусии и отвори нови перспективи за иднината на HR функцијата.

Воедно, би сакале да изразиме искрена благодарност до нашите партнери и спонзори: Motivi Employments, Titan Usje, Pikasa Analytics, Sparkasse Bank AD Skopje, Croatia Osiguruvanje, Alkaloid AD Skopje, Grand Kafa, Štark, Vineto HR и A1 Macedonia. Нивната доверба, поддршка и посветеност беа од суштинско значење за квалитетната организација и реализација на настанот.

Global HR Vision не е само настан, туку иницијатива која има за цел да ја поттикне трансформацијата на HR индустријата и да придонесе кон создавање поиновативна, поинклузивна и поефикасна работна средина. KARIERA.mk и понатаму ќе продолжи активно да инвестира во вакви проекти, со цел да обезбеди континуиран развој на професионалната заедница и да создава можности за вмрежување, учење и раст.

Им благодариме на сите учесници што беа дел од ова искуство и придонесоа Global HR Vision 2026 да биде настан кој ќе се памети: EVN, Van Hool, WIK Macedonia, Raguza, Varus, Produkcija Perspektiva, UNIJA ETL ACCOUNTING, ASEE BSS, KIEL Macedonia, Law Office Tošić & Jevtić, Foxit, Alkaloid, A1, OIP, Makpetrol, Evrotip, TRIGLAV Insurance, Women in Tech, USJE, Halkban, Novo Nordisk Pharma, ATLANTIC ŠTARK, Grand Kafa, Eko Logistic Service, Silk Road Bank, Kromberg & Shubert, Maliqi Group, Vega, Special Eye Hospital DENICA, Via Pharm, Nova High School, Studio Moderna Tikvesh Vinary, Sparkasse Bank, Croatia Insurance, TTK Banka, Leoron, Motivi, Pikasa, AUE FON.

Ви благодариме за присуството и позитивната енергија!

Погледнете дел од атмосферата во продолжение, се гледаме на следниот настан!

Во прилог галерија од фотографии:

Популарно