ФОТО: Сопругата на Димитар Андоновски изгледа како модел

Пејачот Димитар Андоновски во повеќе наврати има изјавено дека е горд на својата сопруга Христина. Таа беше една од најатрактивните гостинки на свадбата на менаџерот Кристијан Стефановски и неговата сопруга Ана минатата недела, на која гости беа многу пејачи од екс-југословенската и од македонската естрада. Гостите коментираа дека Христина изгледа како модел. 

Христина е наставник по историја и заедно со синот Михаил, кој има две ипол години живеат во Битола. 

„Христина и јас сме заедно речиси пет години. Среќен сум што ја имам за жена затоа што во денешното модерно време кога сите вредности се изгубени реткост е, но и и дар од Бог да имаш вистински човек покрај себе. Му Благодарам на Бога што ни го подари најпрекрасниот син на светов. Михаил ми го промени комплетно животот, се чуствувам исполнет, среќен и сфатив дека ништо друго на светот не е поблагословено и повредно од семејството“, ни изјави Димитар.

Пејачот кој настапува со бендот „Тајфата“, вели дека синот уште од покажува љубов кон музиката. 

„ Секој ден му е исполнет со музика, со песни кои што ги пее. И се надевам дека ќе сака да ја изучува, да ја негува кога ќе порасне. Ќе бидам среќен ако стане музичар бидејќи сепак се работи за благородна професија“, додаде Димитар. 

Пејачот и композитор има уште една голема причина за славење. Тој доби награда за најдобра музика на 54. издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Успехот на Андоновски доаѓа музиката што ја напиша за две претстави, „На отворено“ од театарот „Комедија“ и „Пиреј“ на Прилепскиот театар.

- Денес сум посебно среќен.Денес му благодарам на Бог и славам дупла среќа.Денес добив признание за мојата работа во театар и тоа за двата проекти на кој работев годинава.,,На отворено"во соработка со Театар Комедија и,, Пиреј“ во соработка со Прилепски театар.  Чест ми беше да правам музика и да соработувам со луѓе од кои секојдневно собирам искуства, но и црпам инспирација..Сакам јавно да им се заблагодарам на режисерите Андреј Цветаноски и Љупчо Ѓорѓиевски за укажаната доверба и чест да ја компонирам музиката за претставите, но и на директорот на Театар Комедија Сашо Ристовски и претпоставените на театарот„Војдан Чернодрински“ од Прилеп за укажаната доверба и чест да соработувам со нив.Ова е заеднички успех на сите нас, на сите соработници и силно посакувам и во иднина да бидеме вака плодни, полни со нова енергија, да создаваме театар и да чекориме кон заеднички успеси-, изјави Димитар. 

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно