Претежно сончево време

Денеске времетео ќе биде сончево со умерен ветер од северен правец. УВ=8

Утринската температура ќе се движи од 8 до 14 степени, а дневната од 24 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерен ветерод северен правец УВ=8. Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната температура до 33 степени. Следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег

Денеска не очекува  променливо облачно  време со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до 7, а дневната од  4 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Сончево со умерена облачност

ДЕнеска не очекува  сончево  време со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната темпертура ќе се движи од девет до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната темпертура до 17 степени.

Од вторник повторно следува период на променливо облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег и на некои пониски места

Сончево време со умерена облачност

Денеска не очекува сончево  време со умерена облачност и потопло. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од осум до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и потопло.  Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 17 степени.

Во понеделник во поголем дел од земјава ќе биде суво и посончево со повисоки дневни температури. Од понеделник попладне одново следува период на претежно облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег, дури и на некои пониски места

Популарно