ФОТО: Погледнете ги Сестрите Кардашијан пред пластичните операции

Не е тајна дека сестрите Кардашијан ги користеле услугите на естетски хирурзи за да го достигнат сегашниот изглед и да владејат со социјалните мрежи.

Колку пластичните операции им помогнале покажува и фотографијата од тинејџерсаките денови на Ким и Кортни , каде позираат заедно.

„Одиме во Ерменија“, напиша Ким покрај фотографија. Имено, нивниот татко е Ерменец.

Иако вели дека нема ништо против пластична хирургија, Ким призна само дека користи  инјектирање на филер, но многу нејзини обожаватели се убедени дека работела на носот, на бутовите и на задникот, пренесува Harpers Bazaar. Кортни призна дека ги зголемила градите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

We’re going to Armenia 🇦🇲

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Ед Ширан ќе стане татко - со сопругата бременоста ја чуваа во тајност

Ед Ширан и Шери Сиборн наскоро ќе станат родители. Британските медиуми известуваат дека славниот пејач и неговата сопруга ја чуваат бременоста во тајност.28-годишната спортска обожавателка наводно треба да се породи до крајот на летото. 

Ед и Шери се познаваат од деца, а се и средношколски пријатели. Се верија во 2018 година, а стапија во брак една година подоцна.

(Фото) Берлускони гордо ја прошета новата девојка која е помлада од него 53 години

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (83) има нова девојка, која е дури 53 години помлада од него. Се работи за Марта Фашини, негова колешка од партијата Форца Италија. Двајцата беа снимени како се држат раце, а тоа го објави таблоидот „Чи“.

Се шпекулира дека Силвио Берлускони намерно ја „објавил“ оваа фотографија пред јавноста, со цел, како што пишуваат италијанските медиуми, наводно да се одмазди на неговата поранешна партнерка Франческа Паскале (35).

Имено, Франческа е видена како ја бакнува пејачката Паола Турчи (55). Наводно, Берлускони тешко ги прифатил случувањата.

Силвио има богат љубовен живот. Тој беше во брак 24 години со актерката Вероника Ларио (64), а 20 години со Карла Елвира Лусија Дал Оља.

(Фото) Уште една славна личност покажа како изгледа без 40 килограми вишок

Адел можеби ја воодушеви јавноста со нејзиниот нов изглед, но мора да и се оддаде заслуженото и на Кели Озборн, која изгуби дури 40 килограми.

Покрај тоа што е позната актерка и презентерка, 35-годишната Кели е и ќерка на Ози и Шенон Озборн. Имено, таа се пофали дека изгубила тежина на Инстаграм, а на еден коментатор откри дека изгубила дури 40 килограми!

Кели во минатото водеше бројни диети, по што килограмите повторно и се враќаа, но овој пат навистина успеа во намерата трајно да изгуби тежина.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Today I’m feeling #Gucci 💜❤️

A post shared by Kelly Osbourne (@kellyosbourne) on

Популарно