ФОТО: Тој има 69 години, а таа само 20

Флавио Бријаторе, италијански бизнисмен и поранешен шеф на Реноа во Формула 1, им нова девојка.

Ништо не би било чудно ако разликата помеѓу не е 49 години.Имено тој има 69 години, а таа само 20 години.Тој бил во врска и со Наоми Кембел и Хајди Клум.

Рита Ора скокна во кревет на милионер!

Популарната пејачка Рита Ора, која има потекло од Косово, веќе со години живее на релација Велика Британија – САД, а во моментов е на Ибица со своите пријатели, меѓу кои и нејзиното ново момче, милионерот Ромејн Гаврас.

Иако за нивната врска не се откриваат премногу детали, сепак Ромејн е познат како успешен грчко-француски режисер и продуцент, кој досега работеше на неколку популарни спотови.

„Мојата уметност зборува за себе. Кога медиумите сакаат да зборувам за спотови кои сум ги правел, јас одбивам да дадам интервју. Тишината е дел од патувањето. Ќе извлечеш видеа од тоа што мислиш дека треба“, кажа режисерот многу одамна.

Британските медиуми пишуваат дека Рита Ора е заљубена во десет години постарото момче, како и дека ова е првпат јавно да ја објави врската.

Меси спие на душек, што го убива Ковид-19

Додека светот продолжува да се тресе од КОВИД-19, Лионел Меси ужива привилегија да спие на специјален душек што го уништува вирусот.

Ова го откриваат шпанските медиуми во пресрет на враќањето на Барселона во Лигата на шампионите, каде вечерва екипата го пречекува Наполи во реваншот од 1/8-финалето.

Излезе дека една локална компанија – „Tec Moon“, направила специјален душек користејќи иновативен систем, откако специјалните наночестички го убиваат вирусот до 99,84%.

Името на моделот е „Viruclean“ и чини околу 1.000 евра. Потребни се 4 часа на душекот да се елиминираат потенцијалните честички на вирусот, што ќе обезбеди здравје на друго лице ако одлучи да лежи на истиот кревет.

Излегува дека Меси не го купил овој душек, но истиот му го дал производителот – веројатно за рекламни цели.

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигес исто така користи душек од овој вид.

Менекенка од Австралија се разбудила за време на операција на мозокот

Австралиската манекенка Емили Сирс (35) доживеала вистинска драма кога лекарите ја разбудиле од анестезија во текот на тешката операција на мозокот.

Имено, откако таа доживеала напад минатата година, откриено е дека убавата манекенка има абнормален сплет на крвни садови во мозокот.

Потоа, таа добила терапија по бројни анализи за да ја држи својата болест под контрола, но откако продолжиле нападите, била закажана операција.

Поради пандемијата на коронавирус, целиот процес бил запрен, а операцијата морала да се одложи, но манекенката конечно беше оперирана минатата недела.

Операцијата била тешка и траела дури 5 часа, а бидејќи крвните садови се наоѓаат веднаш до центарот за говор, лекарите ја разбудиле Сирс од анестезија за да зборува додека и ја отстрануваат масата, за да се уверат дека нема да и наштетат.

Операцијата завршила успешно, а манекенката сега полека се опоравува во болницата.

Популарно