ВИДЕО: Џенифер Лопез без шминка и во пижами

Актерката и пејачка Џенифер Лопез пресреќна објави видео преку кое сподели дека за улогата на ликот на стриптизерката Рамона во филмот  „Hustlers“  таа е номинирана за Златен Глобус.

Џеј Ло не ја криеше среќата поради тоа, па радоста ја сподели со своите фанови на Твитер  во издание кое ретко се гледа.

Џенифер на видеото не беше нашминкана, ниту пак имаше фризура, додека на себе носеше пижами.

– Горда сум што ќе ја претставувам екипата на филмот и самиот филм – напипаша Џенифер Лопез на Твитер

(Фото) Силвестер Сталоне не личи на себе

Силвестер Сталоне (74) последниве години ја шокираше јавноста со лицето, кое го уништи со ботокс и други естетски процедури.

Неговите обожаватели истакнуваат дека Сталоне ја наследил опсесијата со пластични корекции од неговата мајка, астрологот и танчерката Џеки Сталоне (98).

Херојот на акционите филмови, како и неговата мајка, сакаше да престане да старее, па исто како неа, тој има уништено лице наместо да изгледа помладо.

Сталоне започна да прави корекции пред околу десет години. Сепак, јавноста се надева дека неговите убави ќерки, за кои често се фали, нема да одат по неговиот пат.

Софија (23), Систин (22) и Скарлет (18) на сите три им ја даде буквата „с“, со која започнува неговото име. Сталоне објави фотографија со своите ќерки на Инстаграм и истакна дека се излезени.

Актерката успешно ја сокри бременоста

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк ја шокираа јавноста. Џесика била бремена и тоа успешно го сокри од јавноста.

Популарниот пар доби уште еден син. Двајцата го имаат петгодишниот син Сајлас.

Овој пар од март не се појави во јавност, а секој можеше да претпостави дека тоа е поради пандемијата од коронавирусот.

Се смета дека периодот го поминале во изолација во нивната куќа во Монтана.

За да не бидат сомнителни, тие постојано објавуваа фотографии на социјалните мрежи, а Џастин и Џесика внимателно бираа што ќе објават, така што на тие слики не се гледа телото на Џесика.

Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ тешко повреден во сообраќајна несреќа

Некогашниот предводник на екс-ју групата „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ (65) се здобил со тешки повреди на главата во сообраќајна несреќа во областа Равна Гора во централна Србија.

Од јачината на судирот, пејачот, кој управувал со автомобилот, излетал од своето возило. Тој моментно се наоѓа во кома.

„Нови фосили“ е југословенска група основана во 1969 годиа. По распадот на СФРЈ, групата се расформирала, но потоа членовите во 2005 година ја возобновиле и сè уште работат заедно.

Популарно