СТРАШНО: На сопругата се обидел да ѝ ги ископа очите - со часови ја мачел

33-годишниот насилник Жељко Селими е уапсен поради сомнение дека ја киднапирал 44-годишната Валентина Тодоров и ја сечел со нож по лицето и градите. Одреден му е притвор до 30 дена.

Жељко од Панчево е уапсен поради сомнение дека во средата во околу 22 часот ја киднапирал, па со нож се обидувал да ѝ ги ископа очите на сопругата Валентина во својот изнајмен стан во Панчево. До морничавиот напад дошло после кавгата меѓу долгогодишните партнери.

Тој дошол во куќата на мајката на Валентина и на сила ја однел својата сопруга во изнајмениот стан, каде со часови ја мачел и бодел со нож. Ја сечел по лицето и градите, а неколку пати ја прободел и во очи. После изживувањата избегал. Мајката на Валентина откако нејзиниот зет ја киднапирал ќерка ѝ, во полиција го пријавила киднапирањето.

Жената била пронајдена во  станот во локва крв, но Селими не бил таму. После кратка потрага по него, тој бил уапсен и му бил одреден притвор поради насилство во семејството. Нивни познаници велат дека тој три месеци живеел на југ каде наводно работел.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно