(Фото) Славица Чуктераш објави фото од болница

Вирусот не ги заобиколи ниту познатите личности од естрадата. Прв дека е позитивен објави Ѓорге Давид, кој и известуваше за текот на неговото лекување.

Македонската јавност беше потресена од ипокојувањето на Драган Вучиќ, легендата на македонската народна песна и естрадното новинарство. Тој поч ина во мај оваа година.

Денес нашата надеж во музиката, Огнен Здравковски објави исто така дека е позитивен:

„Луѓе, до сите што ме прашувате… “НЕ Е ЛАГА ТОА ШТО ГО ЧИТАТЕ НА ПОРТАЛИТЕ”… Позитивен сум на “Covid 19” – Корона Вирус.. Засега фала му и Слава на Бога се е океј, со ваша помош ќе ја освојам оваа битка..!

Се надевам ви се допаѓа новата песна и спот “Љуби ме”. Ако е така споделете на вашите социјални мрежи.. Носете маски, држете дистанца и чувајте се!!! Се гледаме наскоро во поубави времиња!!!

Луѓе фала ви на сите што ми пишавте и што се грижите.. Во стабилна состоја сум, фала му на Бога, добар сум и ќе бидам уште подобар…

Вирусов воопшто не е шала и лага, толку ќе ви кажам… Носете маски, држете дистанца и чувајте се, за ова да заврши што побргу“, напиша Огнен на социјалните мрежи.

Пејачката Славица Чуктераш неодамна се излече од корона, а сега повторно има здравствени проблеми. Славица повторно има висока температура и се чувствува малаксано, а како што пишува ало.рс станува збор за „гнојна ангина“.

Но, во последниов месец, здравствените работници се сведоци дека вирусот се повторува и кај луѓе кои веќе го прележале, односно, се испостави дека не се создаваат антитела во доволен број, кои би штителе од реинфекција. Чуктераш на својот „Инстаграм“ се огласи од болница.

„Во Нови Сад има надеж, прекрасни личности кои итно ме хоспитализираа и чекам да добијам соба“, напиша пејачката.

Потоа пејачката се огласи од собата и се заблагодари на медицинскиот персонал кој веднаш ја згрижил.

„Благодарам многу на прекрасните вработени кои ме хоспитализираа. Ви благодарам и нас што прашувате за моето здравје“, пишува покрај фотографијата.

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно