Картички по 6.000 денари – еве до кога ќе бидат готови и до кога ќе треба да се потрошат парите

За најмногу два месеци или веќе кон средината на ноември банките ќе ги испорачаат картичките на граѓаните кои влегуваат во категориите и им следува домашна платежна картичка на износ од 6.000 денари. Списоците ќе бидат објавени кон средината на октомври, а парите најверојатно ќе треба да се потрошат до крајот на годината.

Премиерот Зоран Заев го промовираше продолжението од проектот Купувам домашно со картички кои овојпат ќе опфатат 283.000 луѓе. Ова е дел од четвртиот пакет антикризни мерки, а државата за нив издвојува 27,6 милиони евра.

Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари кои се околу 182.271, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.

Ваква картичка ќе добијат и 540 студенти кои не добиле во претходниот пакет, плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици. Право на картичка ќе има и граѓаните кои навршиле возраст за пензионирање, ама немаат пензија ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

Граѓаните не треба да аплицираат, туку ќе се најдат на списоците кои ќе бидат објавени.

Криптоманија: Колку чини биткоинот денеска?

Биткоинот, најпопуларната криптовалута во светот, речиси три недели се движи околу психолошката граница од 100.000 долари, но никако да ја премине. Денеска изутрината 1 биткоин чини 98.350 долари, но вредноста вообичаено варира од час во час.

Повеќето криптовалути, а особено биткоинот, забележаа пораст на берзите како реакција на победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

Пред гласањето, биткоинот чинеше околу 68.000 долари, но кога се дозна дека Трамп ќе победи, за само неколку часа вредноста се крена на над 80.000 долари, а неколку дена подоцна и над 90.000 долари. Веќе со денови се очекува моментот кога биткоинот ќе надмине 100.000 долари.

Народната банка на Република Северна Македонија нема криптовалути во курсната листа, зашто нашата тековна законска рамка не познава термин „крипто-средство“.

– Во основа, крипто-средствата се сметаат за специфичен вид нематеријално средство, засновано на одредени технологии, коешто не е издадено ниту, пак, неговата вредност е гарантирана од централна банка, не претставуваат пари и понудата на овие средства не зависи од потребите на економијата или монетарниот систем – наведува НБРСМ на својата страница на интернет.

Вредноста на биткоинот надмина 80.000 долари

Цената на криптовалутата Биткоин денеска за првпат го надмина прагот од 80.000 на платформата Bitstamp.

Најстарата и најпознатата криптовалута се искачи за над четири проценти во споредба со претходниот ден, достигнувајќи до 80.047 долари.

Во изминатите седум дена, водечката криптовалута доби повеќе од 17 проценти во вредност. Другите криптовалути како Етер или Солана се зголемија уште понагло.

Аналитичарите стабилното зголемување го припишуваат на новиот политички пејзаж во САД по победата на Доналд Трамп на претседателските избори, пренесе ДПА. Поранешниот и иден претседател на САД беше поддржан од поголемиот дел од крипто заедницата за време на изборната кампања.

Трамп беше многу негативен за Биткоинот за време на неговиот прв мандат, од 2017-2021 година, но активно се додворуваше на крипто заедницата во овогодишната кампања за реизбор.

На големата конференција за Биткоин во Нешвил, Тенеси, Трамп вети дека ќе го задржи крипто пазарот во голема мера нерегулиран и ќе обезбеди евтина електрична енергија за „копање“ нови биткоини.

Историската одлука на Вол Стрит: Првпат одобрени фондови кои инвестираат во биткоин

Американската Комисија за хартии од вредност по првпат одобри фондови со кои се тргува на берза, а кои директно инвестираат во биткоин.

Овој потег, кој беше најавен како значаен настан за секторот на дигитални средства, ќе го прошири пристапот до најголемата криптовалута на Вол Стрит и пошироко.

Тоа доведе до зголемување на вредноста на оваа валута.

Вредноста на биткоинот се зголеми веднаш по возбудата околу зголемената веројатност за одобрување на средствата, скокајќи за речиси 200 отсто од почетокот на минатата година, иако биткоинот останува околу 30 отсто под својот врв постигнат за време на бумот во 2021 година.

Цената на биткоинот е главно стабилна по објавувањето на одобрувањето на новите фондови, тргувајќи го близу највисокото ниво во последните две години од околу 46. 000 долари.

Регулаторите ги одобрија сите 11 апликации што чекаат за биткоин ETF, вклучувајќи ги BlackRock, Grayscale и Fidelity. Тие можат да започнат со тргување уште денеска.

Популарно