Почина Бора Дрљача

Пејачот на народна музика  Бора Дрљача почина денес, 11 октомври, на 80-годишна возраст, дознава Телеграф.рс .

Како што дознаваме, пејачот починала дома.

Тој беше хоспитализиран неколку пати во последните неколку месеци.

Во јуни годинава тој повторно беше примен во болницата, на хируршкиот оддел за онкологија при Клиничкиот центар на Србија, овој пат за третман на меланом на кожата. Тогаш бил опериран и му е отстранет меланомот, како и жлездите што биле околу него.

(Фото) Тешко повредена жена велосипедист во близина на Рамстор пред малку

Од фотографиите што ги испратија случајни минувачи кои се нашле во моментот на сообраќајната несреќа може да се види како бел џип со скопски регистарски таблички удрил во велосипедист на пешачкиот премин што се наоѓа во близината на Рамстор на булеварот Св. „Кирил и Методиј“ или поточно пред зградата на АЕК, објави порталот СКопјеинфо.

Од она што може да се забележи дека повреденото лице е жена, а присутна е екипата и на итната помош.

Потрагата по двегодишната Данка трае четврти ден, од девојчето ниту трага ниту глас

Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор се уште трае.

Денеска два специјалистички тимови со кучиња спасувачи обучени и тренирани да бараат и спасуваат луѓе од урнатините и на отворено започнаа со детално пребарување на просторот околу куќата, пред која исчезна девојчето.

Вчера земјиштето околу куќата на исчезнатото девојче беше расчистено со багер за да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во потрагата.

Во близина на Хаџиќи во Босна и Херцеговина се уапсени три лица кои тврдеа дека имаат информации за исчезната Данка, за што барале пари, но во полицијата изјавиле дека „само се шегувале“.

Двегодишната Данка е пријавена за исчезната од нејзината мајка во вторникот. Оттогаш трае потрагата во кој се вклучени стотици припадници на полицијата, жандармеријата, добровилци.

Беа ангажирани и беспилотни летала, со термални камери, како и хеликоптери.

Иако полицијата во средата соопшти дека потрагата на терен се прекинува, бидејќи сè укажува дека девојчето не е во областа од која исчезна, полициските сили и спасувачките екипи се сеуште на терен. Во тек е интензивна оперативна работа.

Директорот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца Игор Јуриќ изјави дека во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ сомнителни се сите околности кои довеле до ова исчезнување, како и контрадикторните изјави на луѓе блиски до девојчето, бидејќи на почетокот беше тешко да се поверува дека двегодишното девојче може да оди толку далеку што ниту полицијата која многу брзо дојде на местото на настанот не можеше да ја најде.

-Сега, со оглед на времето, единствената надеж што ја гледам е дека некој може да се јави со барање за откуп, тоа можеби да е некаква можност да го видиме ова мало девојче живо и некое евентуално чудо. Верувам во чуда, имам и имам надеж, но стравот е и кај мене и то се зголемува како и кај голем број граѓани, оцени Јуриќ.

Според медиумите клучна работа во потрагата ќе биде полиграфот на такото на девојчето, додека мајката не може да оди на полиграф оти е бремена.

Во Бањско поле синоќа, како и денеска е министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ. 

(Видео) Излезе снимка од апсењето на трите лица кои на ТикТок објавија поврзаност со исчезнувањето на малата Данка

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.

Уапсени се Б.Т.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.

Популарно