Почина познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски –Упа

Почина познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски –Упа.

Љупчо Тодоровски –Упа покрај со актерство, се занимаваше и со театарска режија, филмска и ТВ продукција и пишување сценарија.

Глумел на осум јазици во над 30 филмови и ТВ серии, има петнаесетина театарски режии, десетици и десетици улоги во проекти и театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и безброј разни други сценски настапи.

Од полноќ горивата ќе се продаваат по повисоки цени

Од полноќ горивата ќе се продаваат по повисоки цени.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар и ќе изнесуваат за ЕУРОСУПЕР БС-95  65,50 ден/лит, за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 45,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,50 денар/литар и од полноќ ќе се продава по цена од 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,396 ден/кг.

Сопственик на угостителски објект приведен под сомнение дека служел гости по работното време

Педесетгодишен гостиварец е приведен од полицијата под сомнение дека служел гости во угостителски објект по дозволеното работно време.

Од СВР Тетово информираат дека  вчеравечер (28 февруари) околу 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот гостиварец П.М., Неговиот угостителски објект во гостиварско Беловиште работел по дозволеното време и во него престојувале осум гости. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за документирање на случајот.

По ова, наведуваат од СВР Тетово, ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик, додека објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Вкупно 12 лица обвинети за употреба на фалсификувани ПЦР тестови на скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози против 12 лица за кривично дело „Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик“.

Како што информира OЈО, обвинетите, во различни кривично-правни настани во периодот од 19 до 23 февруари, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.

-Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории, соопшти OЈО.​​

Популарно