(Фото) Актерката денес работи како секретарка и изгледа непрепознатливо

Актерката Ингер Нилсон е најпозната по улогата на Пипи долгиот чорап, на славната чешка писателка АСстрид Линдрег. Серијата и филмот се снимени кон крајот на 60-те години од минатиот век, а Ингер го оживеала ликот.

Нејзиното вистинско име е всушност Катрин Ингер Моника Нилсон а родена е во 1959 година во пведскиот град Киса. Живее и работи во Стокхолм каде повремено се појавува во локалните театарски продукции и по некоја серија.

Работи и како секретарка во лекјарска ординација. За улогата како Пипи Долгиот Чорап со која многумина пораснаа освои многу награди, а песната која ја отпеа стана евергрин во Шведска.

Џорџ Клуни открива што прави кога е дома со своите деца

Планетарно популарната актерска sвезда, Џорџ Клуни, за новото издание на W Magazine открил што прави кога е дома со децата поради пандемијата на коронавирус, пишува Си-Ен-Ен.

Тој на шега вели дека за време на заклучувањето станал мајстор за разни занаети.

-Ќе ви кажам нешто за моето ново хоби. Јас пуштам две, три машини за перење на ден и ги мијам садовите цел ден, бидејќи нашите деца се вистински мали прасиња, рече тој со насмевка.

-И, треба да ги капете децата од време на време… Дури и му ја ишишав косата на мојот син, но се покажа многу лошо. Сепак, неговата коса брзо ќе порасне. Мислам, и самиот се ишишав. Но, не не се осмелувам да и ја ишишам косата на ќерка ми затоа што добив предупредување: „жена ми ми рече дека ќе ме убие ако ја допрам убавата долга коса на ќерка ми“, рече омилениот холивудски актер, кој има тригодишни близнаци, Ела и Александар со неговата сопруга Амал.

Застрелан работник на Лејди Гага

Лејди Гага нуди награда од половина милион долари за враќање на нејзините француски булдози кои беа украдени откако нејзиниот шетач бил застрелан.

Напаѓачите го начекале Рајан Фишер во засега пред неговиот дом во западниот дел од Холивуд и и во него пукале четири пати за да ги украдат трите кучиња на Гага.

Фишер итно е пренесен во локална болница, а едното од кучињата успеал да го задржи. Полицијата соопшти дека тој е сериозно повреден, но оти добро се опоравува.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

(Фото) Сите и се смејат на Клои Кардашијан поради фотографијата

Клои Кардашијан на Инстаграмот на својот бренд „Good American“ објави фотографија на која се смеат илјадници луѓе на социјалната мрежа, а на шегите се придружи и самата таа. На фотографијата таа носи траперки од својот бренд, но сите гледаат во големината на нејзините стопала.

-На неколку фотографии кои ги снимивме користевме објектив со ефект за издолжување, тоа значи дека колку објектот е поблиску до камерата – толку повеќе се раздолжува. Поради тоа моите стопала и прсти изгледаат неверојатно долги. Без грижа, сѐ уште имам нормална величина на раце и нозе, напиша таа на Твитер.

Популарно