Недела на можности за кариера за оние кои имаат познавања од компјутерските технологии. Semos Education, Allocate, ProtonMail и Quantox ги прошируваат своите тимови!

Изградете кариера во компании кои стимулираат талент, позитивни вредности и тимска работа. Различни типови на работни позиции од светот на компјутерските технологии каде нема само да се вработите, туку и ќе ја имате можноста да се надградувате себе си и да растете заедно со компаниите.

Quantox е компанија која се занимава со web development и it consulting. Во превод, компанијата постои за постојано да развива решенија кои одговараат на потребите на клиентите. Во овој тим единствено што може да ви се случи е да почнете да се стремите кон најдобрата верзија од себе си.

Имаат отворено 4 работни позиции, односно 2 места за платена пракса:

ПРАКСА ЗА REACT ДЕВЕЛОПЕР

ПРАКСА ЗА PHP ДЕВЕЛОПЕР

REACT DEVELOPER

PHP DEVELOPER

Семос Едукација ја има задачата да развива типови на курсеви за голем број корисници кои имаат различни нивоа на познавање на компјутерските технологии. Компанијата посветува особено внимание на сосработката со институциите и други компании за чии вработени организира наменски курсеви за подигнување на нивото на знаење компјутерски технологии.

Имаат отворено едно работно место, но доволно вредно да се погледне:

.NET DEVELOPER/JUNIOR .NET DEVELOPER/REACT JS DEVELOPER

ProtonMail се научници, инженери и развивачи кои ги собира заедничката визија за заштита на граѓанските слободи преку Интернет. Ова е причината зошто ја создале ProtonMail, лесна за употреба безбедна услуга за е-пошта со вградена енкрипција од крај до крај и најсовремени безбедносни карактеристики. Нивната цел е да изградат Интернет кој ја почитува приватноста и е безбеден од сајбер напади.

Имаат отворено 7 работни позиции:

.NET/C# DEVELOPER

AUTOMATION QA ENGINEER

CUSTOMER SUCCESS SPECIALIST

VPN TECHNICAL SUPPORT SPECIALIST

VPN CUSTOMER SUPPORT

TECHNICAL SUPPORT SPECIALIST

WORDPRESS & STATIC WEBSITE DEVELOPER

Алокејт софтвер е водечки меѓународен снабдувач на решенија за работна сила во здравствените сектори, одбраната и поморските сектори. Со над 800 клиенти и еден милион вработени распоредени дневно, Алокејт им служи на најголемите јавни и приватни институции ширум светот преку поддршка на оперативните и административните потреби на професионалците низ сите здравствени установи. Најдобрите решенија на Алокејт овозможуваат испорака на безбедна и ефективна нега по оптимална цена, помагајќи им на здравствените организации да ги имаат вистинските луѓе на вистинското место во вистинско време.

Имаат отворено 2 работни позиции:

JUNIOR SOFTWARE ENGINEER

SOFTWARE ENGINEER

Можностите за кариера се пред вас, ваше е само да ја изберете својата насока.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги постави прашањата што сите не засегаат!

По успешната прва сезона, се враќаме со нови гости, добро познати на јавноста, стручни лица, активисти кои ќе ги споделат своите ставови за актуелните состојби.

Се отвора и простор за споделување на лични случки на граѓаните, проблемите, предизвиците и искуствата со кои се соочуваат секојдневно низ болниците во Македонија.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги поставува прашањата што се важни за сите граѓаните, ќе ги отвора темите за кои можеби никој не зборувал и ќе ги пренесе приказните што го отсликуваат здравствениот систем. Емисијата ќе понуди и практични видео совети од спонзорите Зегин и Промедика, со корисни информации за здравјето и грижата за себе.

Првата епизода: Инсулински пумпи и сензори за пациентите со дијабетес тип 1.

Гостин е Зоран Стојкоски, пациент и активист за правата на пациентите со дијабетес. Втората сезонс на „Клиника за се“ започнува вечерва, во 18:00 часот, со премиерното емитување на првата епизода на YouTube.

Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

В понеделник (5 октомври) во 19 часот во македонскиот Културно- информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката,

а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:  Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки - подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина.

На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ- Белград, Васко Шутаров. Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно