(Фото) Чекала 20 години да се оствари како мајка- наполнила 50 години и желбата се остварила

Шантел Чавез (49) од Канада стана мајка на почетокот на март, по осум години неуспешни обиди да се оствари во улога на родител со нејзиниот сопруг Еленилсон (50).

Шантел, која веќе влегла во менопауза, поминала низ вештачко оплодување, безбедно ја износе бременоста и се породи со царски рез. Таа признава дека не и е грижа што, поради годините, таа и нејзиниот сопруг изгледаат како баба на нивниот син, пишува „Дејли меил“.

- Чекав 20 години да станам мајка. Копнеев да држам дете во раце и сè уште не можам да верувам дека тоа се случи - изјави Чавез.

Со сопругот се запознала на Интернет пред девет години, а парот се венчал во рок од три месеци и веднаш решил да го прошири семејството. Еленилсон веќе има 20-годишни деца и три внуци, а сега татко на едномесечниот Николас.

Кога решиле да имаат потомство, тие биле свесни дека возраста може да биде проблем, сепак, тие одлучиле да не се предаваат.

- Осум години активно се обидуваме, од мојата 41 година и тоа е единственото за што жалам. Нашето патување траеше многу подолго, бидејќи сакав природно да останам бремена и не бев свесна колку се мали шансите за тоа. Би сакал и другите жени на 40-тина години да бидат пореални и да не поминуваат толку многу време како јас, пред да сфатам дека има други можности. Отсекогаш ни велеле да не изгледаме толку стари, но тоа не значи дека нашите тела не се навистина стари внатре - објаснува мајката.

На почетокот на нивната врска, парот имал и спонтан абортус, кога Шантел имала 42 години.

- Бевме целосно уништени. Мислев дека ја изгубивме единствената шанса. Тоа беше најтемниот период во мојот живот. Не можев да разберам што се случи. Ми требаа години да се ослободам од тоа. На 43-годишна возраст, посетив лекар и ми рекоа дека немам шанси за ин витро оплодување, но не сакав да го прифатам тоа - се присетува Шантел.

- Бевме подготвени, летовите беа резервирани, а потоа дојде Ковид и клиниката беше затворена. Тоа беше нов удар за нас, но конечно добивме можност да патуваме во јули 2020 година - вели таа.

За среќа, немаше проблеми во следните месеци. Нивниот Николас е роден на 5 март, еден месец пред датумот на породување.

- Немав утринска мачнина, висок крвен притисок или дијабетес. Имав среќа со оглед на мојата возраст. Убаво кај овој начин на зачнување е што го носам моето дете и сè уште не можам да верувам во она што го постигна моето тело. Можев да го носам и родив моето дете како што секогаш сакав, науката е неверојатна - вели Шантел.

Двојката замрзна уште неколку јајца, но бидејќи клиниката постави граница на возраст од 51 година за мајките, тие следната година треба да одлучат дали ќе имаат уште едно дете.

- Никогаш не се откажував од своите соништа и знаев дека еден ден ќе се сретнам со сродната душа и ќе добијам дете. На крајот на денот, само треба да ги кренете рацете и да имате самодоверба. Ништо не можете да направите за да го контролирате резултатот од оваа ситуација. Обидите да се роди бебе може да ве полудат и имаше моменти кога ми го окупираше целиот живот - рече таа.

Таа додава дека реакциите на нејзиното доцно мајчинство се различни и дека околината е главно загрижена, но имаат и поддршка.

- Нашите родители беа загрижени, но радоста ја споделивме само со блиски пријатели. Презаситени сме од нивната поддршка, бидејќи тие знаат колку долго го чекавме. Имаше и неколку изненадувачки коментари кога им велев на луѓето дека нашиот син ќе дипломира кога ние веќе ќе одиме со помош на бастум. Можеби изгледаме како негови баби и дедовци, но тоа не ни е важно. Луѓето ги осудуваат мајките ако се премногу млади, премногу стари, мажени, невенчани ... Ние сме доволно возрасни за да знаеме дека ова е правилно и што е важно за нас - заклучува Шантел.

Пуштени во продажба билетите за големиот концерт на Јордан Митев

По повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл - Концерт на Јордан Митев полека но сигурно станува јаве. Деновиве веќе се пуштени и првите он лајн билети преку платформата e – ticket, достапни на следниов линк.

Концертот како што веќе најави Митев ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите...

Он лајн билетите можат да се купат се за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит.. Со почеток на билетите за најверните фанови започнува и кампањата за самиот концертен спектакл за кој Јордан Митев се подготвува во текот на целата година...

КОГА ЈОРДАН МИТЕВ ПЕЕ, НАШИТЕ ВО КАНАДА УЖИВААТ... Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

По 10 години, Јордан Митев повторно и се врати на македонската и балканска публика во Канада. Тој како и секогаш и овие три концерти распали со своите добро познати хитови и енергијата која е добро позната и својствена само нему.

Спојот на хитови кои се пеат на сет глас и во еден здив и шармот и енергичноста и овој пат беа доволна провокација за да концертот во Торонто за сите наши Македонци во Канада и Соединетите Американски Држави беше исполнет до последно место и се бараше билет повеќе...

- Подеднакво сум возбуден пред секој еден мој настап и концерт, подеднакво сум подготвен да да дадам дел од себе, подеднакво да испеам од дното на мојата душа за мојата публика. Овој пат, во Канада кога ја видов публиката знаев дека повторно ќе го тестирам мојот максимум како многу пати до сега. Неизмерно сум среќен што бар една вечер на мојата верна публика во Канада и оние кои допатуваа од САД им ја направив посебна, а Македонија повторно поблиска во срцата, без оглед на географската оддалеченост...знаете за оваа публика вреди да се пее, пишува, да се работи, за ваква публика вреди да се живее – изјави Митев за медиумите

Јордан Митев на спектакуларниот концерт во Торонто, уште еднаш докажа дека е веќе докажан и почитуван музички бренд, Интересот за концертот беше огромен, дел од неговата публика патуваше повеќе од шест часови за да биде во салата и да бидат дел од незаборавната концертна вечер.. Публиката заедно со Јордан Митев пееше во еден глас, а социјалните мрежи беа преплавени со многу видеа и фотографии, како и коментари со воодушевувачки импресии од концертот во Торонто.

- Беше магично, навистина. Очекував добар концерт и енергија, ама ваков интерес, искрен контакт со публика, пеење во еден глас, взаемна енергија, едноставно посакував...среќен човек сум јас – додава Митев

Македонската публика пак, веќе подолго време очекува солистички концерт во Скопје. После големиот концертен спектакл во Канада, Јордан откри дека подготвува нешто ново, но за тоа дополнително ќе ја информира својата публика и медиумите. На оваа забелешка многу од гостите во Канада заклучија дека крајно време е тие да присуствуваат и на концерт на Јордан Митев во татковината и изразија надеж дека тој ќе биде што поскоро, па дружењето со Јордан Митев продолжи на општо задоволство и по концертот...

ЈОРДАН МИТЕВ ИСПИША 20 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКА ИСТОРИЈА СО ПЕСНА ЗА СВОЈОТ СИН

Познатиот македонскиот музичар, автор и изведувач Јордан Митев неуморно работи веќе цели 20 години на својата професионална кариера. Благодарение на својот ангажман, но и неговата верна публика две децении изведува своја авторска музика и реди безвременски хитови, кои се составен дел од македонското музичко наследство. Зад себе остава година, во која неуморно секојдневно работеше дома, но и во светот за сите наши вистински љубители на македонската песна. Година во која заокружува 20 години кариера, кариера во која се бројат албуми, хитови, настапи, емоции... И токму така емотивно во за него една од најуспешните години и на професионален, но и на приватен план, публиката ја изненадува со нова песна посветена не неговиот штотуку роден син...

- 20 години се многу, а сепак малку. Годината сепак има само 365 дена – низ смеа вели Митев. Ми фалат денови за уште некој отпеана песна, за уште бар еден одржан концерт, секој ден ми е музика. Благодарен сум на Бога што овие дваесет години си ја имам својата публика. За таа публика вреди да се создава, компонира, пее, живее... па кога функционирате со публиката како едно, тогаш и дваесет години ви проаѓаат брзо. Публиката и семејството се двигателите и за наредните 20 и тие по нив. Среќен човек сум јас, штом ги имам и едното и другото. Со доаѓањето на свет на мојот син Кристијан го добив највредниот подарок за 20 години од мојата кариера. И токму оваа песна Сине, Сине Мој доаѓа во вистинско време како еден печат на веќе од мене потпишана музичка историја

 Песната веќе има илјадници прегледи на YouTube иако е поставена само неколку денови, што гои потврдува фактот дека публиката на Јордан е жедна за уште една негова музичка мајсторија. Иако е голем и значаен јубилеј за славење – 20 години успешна музичка кариера, Митев нема време за славење. Напротив има ангажмани на кои секогаш максимално им е професионално посветен...

- За Новогодишните празници сум во Швајцарија ме очекуваат прекрасни празници со нашите македонци, за Бадник и Божик сакам да бидам дома со семејството, а потоа повторно сум со нови веќе закажани концертни настапи, па одам за Канада.

На јубилеј 20 години кариера работам како да ми е прв ден, ама мора да се испочитува публиката и да се стаса секаде. Тоа ме исполнува и ме прави среќен, ќе има време за славење – вели Митев

       Неговата нова песна Сине, сине мој можете да ја слушнете на следниот линк на YouTube:

 и да наздравите за претстојните празници со стил. Јордан ветува уште многу години дружење со убава македонска песна, нови албуми и хитови и се разбира неговата препознатлив весел дух....

Популарно