Денес е регистриран 1 новозаразен случај од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е 1 нов случај на Ковид-19 од Куманово.

• Куманово – 1

Пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г).

Регистрирани се 204 оздравени пациенти од:

• Скопје – 77

• Куманово – 25

• Охрид – 19

• Битола – 11

• Струмица – 9

• Тетово и Кичево – по 7

• Прилеп – 6

• Гостивар, Штип и Струга – по 5

• Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3

• Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2

• Гевгелија и Македонска Каменица  - по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464

3 лица починати и 10 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19 од:

• Скопје и Куманово – по 2

• Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по 1.

Регистрирани се 3 починати лица од: Крива Паланка (76г), Дебар (69г) и Кичево (65г).

Регистрирани се 17 оздравени пациенти од:

• Скопје – 5

• Куманово – 4

• Прилеп – 3

• Тетово – 2

• Струмица, Кичево и Радовиш – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 863.994 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројката на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а бројот на активни случаи изнесува 241

Спасовски: Од понеделник ќе се издаваат документи со новото уставно име

Се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник започнуваме повторно со подготовка на издавање на сите документи, кои што ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

На прашање од пратеничката Ане Лашкоска, од ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе има пасоши и регистарски таблички, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, посочи дека во ниту еден момент досега нема застој во издавањето на патни исправи, лични карти, возачки дозволи или било каков друг документ во државата.

Како податок, Спасовски посочи дека во мај се издадени 31.500 патни исправи, 22.552 лични карти и 10.663 возачи дозволи и дека во јуни побарувањето значително се зголемува и само во перидот од 20 до 30 јуни, има 31.500 повици и дадени темрини за лични карти.

– Што се однесува на дипломатските пасоши, за тоа сте во право. Старите обрасци, кои што ги имаме, затоа што не била направена добра проценка во одреден момент во МВР не се нарачани и бидејќи, имавме нарачани нови обрасци немаме доволно дипломатски пасоши. Меѓутоа, тоа не е проблем за граѓаните, тоа е проблем за функционерите, изјави Спасовски.

За дипломатските пасоши, рече дека дека ќе треба да се стрпат до 1 јули годинава.

Во делот на регистарски таблички, Спасовски потврди дека имало одреден проблем и одреден заастој со јавната набавка, која се спроведувала и по забелешки од Бирото за јавни набавки била обезбедена конкурентност. Тој проблем со склучување на договорот, посочи Спасовски, е надминат и во понеделникот се стигнати 14 илјади таблици во магацините на МВР.

– Сметам дека е некоректно да се изнесуваат невистини на говорница дека е склучен договор за јавна набавка од крајна итност од 11 милијарди денари. Точно е дека е склучен договор за јавна набавка од крајна итност, за да го покрие перидот од престанокот на договорот, до склучувањето на новиот договор во висина на вредност од девет и пол милиони денари. Новиот договор за јавна набавка, кој што е во транспарентна отворена постапка е на сто милиони денари, за наредните три години, како рамковна спогодба, без ДДВ, појасни Спасовски.

Ова се фактите, посочи Спасовски, укажувајќи дека тоа се законските можности и факти кои треба да ги знаат сите.

Филипче: Утре пристигнуваат 100.000 вакцини на „Фајзер“, во недела се очекуваат два авиони со кинески вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите кажа дека во недела се очекуваат два авиони со кинески вакцини, по 250 илјади дози.

Тие во употреба ќе бидат пуштени на почетокот од идната недела.

„Кинеските вакцини стигнуваат во недела со два авиони по 250 илјади дози, веќе е направен план за сместување. Верувам дека во понеделник и вторник ќе бидат пуштени во употреба. Утре стигнуваат 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот“, вели Филипче.

Популарно