Имал проблеми во бракот, па си викнал проститутка - кога видел која го пречека на вратата...

Еден човек ангажирал проститутка за заедно да ја минат ноќта во изнајмена хотелска соба. Меѓутоа, кога таа се појавила следел шок за двајцата. Имено, кога ја отворил вратата, несреќниот човек ја видел својата ќерка.

Нкуб, од Булаваја во Зимбамве, истакнал дека имал проблеми во бракот и дека поради тоа одлучил да изнајми соба во локален хотел, а потоа да повика проститутка.

-Жал ми е што го направив тоа. Разговарав со сопругата и ќерката. Се извинив поради моите постапки бидејќи сакав повторно да имам свое семејство. Мојата ќерка престана да го работи она што го работеше и се враќа на училиште следната година. Моите брачни проблеми не се готови, но сега имаме советник кој ни помага да минеме низс најтешкиот период од нашиот живот, истакна Нкуб.

Неговата сопруга во почетокот била многу лута, но потоа одлучила да му пружи втора шанса.

Машки изговори за некористење на презервативи

Мажите многупати користат изговори за некористење на кондом при сексуални односи. Еве, токму неколку примери но и идеи како да одговорите на нив. 

Ситуација 1: Тој: „Кондомите се скапи. Зошто да фрламе пари за ништо?“

Предлог: Кондомите се многу поевтини од посетите на гинеколог за лекување на инфекција или болест, а уште поевтини од растењето на бебе. Наредниот пат кога ќе бидете излезени, напијте се една пијачка помалку и ќе заштедите доволно. Ако сепак финансиите се главниот проблем, искористете ги акциите кои се организираат, а за време на кои бесплатно се делат кондоми.

 Ситуација 2: Тој: „Не ми веруваш дека немам болест? Здрав сум.“

Предлог: Ако вашиот партнер изгледа здрав, тоа не значи дека навистина не носи некоја инфекција. Кај 50% од мажите и над 70% од жените кои имаат хламидија не се појавуваат никакви симптоми и најголем дел од нив не знаат дека имаат таков проблем. Не заборавајте дека довербата не се гради со некористење на кондом. Кондомите отпаѓаат од игра дури откако ќе биде изградена силна доверба во врската. А и во тој случај, останува ризикот од несакана бременост.

 Ситуација 3: Тој: „Со кондом ништо не чувствувам. Се губи задоволството.“ / „Кондомот ми влијае негативно на ерекцијата.“

Предлог: Денес постојат најразлични марки кои нудат кондоми со различни големини, дебелини, вкусови... Ако вашиот партнер се жали дека гумичката му го убива задоволството, побарајте ултра-тенки кондоми. Доколку вашиот партнер има проблем да ја одржи ерекцијата кога носи кондом, помогнете му со визуелна, рачна или орална стимулација. Бонус за мажите е што многумина со кондом издржуваат подолго и полесно можат да ја контролираат ејакулацијата, па сексуалниот однос трае подолго.

Ситуација 4: Тој: „Само еднаш. Ќе купам наредниот пат, ветувам.“

Интимните односи подмладуваат до 12 години

Оние кои имаат редовен сексуален однос, три пати неделно, изгледаат дури седум до 12 години помлади од вообичаената реална слика за нивните години, тврди американскиот дерматолог Др. Ејми Веслер

Таа вели дека секогаш разговара со пациентите за сите животни навики, вклучувајќи ја и интимата, вклучително и прашања за тоа колку често имаат интимни односи.

„Постои силна и логичка врска помеѓу стресот и незадоволството предизвикани од апстиненција и, од друга страна, состојбата на кожата“ – Др. Ејми Веслер.

– Некои луѓе се изненадени на почетокот, па дури и се воздржуваат да одговорат, но со текот на времето разбираат што е идејата и дека постои изразена и логична врска помеѓу стресот и незадоволството предизвикани од апстиненција и, од друга страна, состојбата на кожата – објаснува Др. Веслер.

Таа посочува дека се што ни се случува секојдневно во животот се „гледа“ на кожата, а тоа влијае и на нејзиниот изглед, квалитет, мазност и еластичност.

– Стресот, нередовниот сон и вознемиреноста можат негативно да влијаат на вашата кожа со тоа што ќе ја направат погруба, склона кон брчки и почувствителна на надворешни влијанија. Исто така, редовната физичка активност, доволно течности, дружење, прошетки со пријателите и секој вид уживање и релаксација придонесуваат да се чувствувате подобро – вели Др. Веслер.

Познато е дека редовниот сексуален однос влијае на подобра работа и лачење на хормони, кои се важни за состојбата на кожата. Истражувањата покажаа дека жените кои се сексуално активни имаат повисоко ниво на естроген, кој се зголемува за време на оргазмот, а тоа е клучно за нормално функционирање на кожата, крвните садови, фоликулите на косатa.

Во исто време, за време на оргазмот, се ослободува окситоцин и кортизол, што го намалува нивото на стрес, што доведува до послаб распад на колагенот и еластинот, кои се клучни за добар изглед на кожата.

Зошто мажите го обожаваат женскиот оргазам?

Кога станува збор за сексот, многу жени се трудат во креветот да ги задоволат мажите и често го занемаруваат сопственото уживање.

Женскиот оргазам е задоволство и за двајцата партнери, а мажите го обожаваат затоа што…

Се чувствуваат како да постигнале нешто важно

Мажите сакаат да се чувствуваат успешни на секое поле од животот, а тоа важи и во сексот. Кога нивната девојка ќе го достигне врвот, тие имаат поголема самодоверба и се среќни, дури и ако не го покажуваат тоа.

Оргазмот ве прави поблиски

Кога доживуваме оргазам, нашиот мозок е преплавен со хормонот окситоцин или уште познат како хормонот на љубовта. Токму поради тоа, партнерите се чувствуваат поблиски и посреќни. На мажите секако им е убаво кога тие ќе го достигнат врвот во креветот, но уште поубаво им е кога имаат со кого да го споделат коктелот од хормони.

Обожаваат да гледаат

Тешко дека ќе пронајдете маж кој ќе рече дека не се возбудува кога неговата партнерка доживува оргазам. Гризнувањето на усните, движењето на телото и воздишките го доведуваат мажот до лудило.

Обожаваат да слушаат

Освен што уживаат во глетката, мажите обожаваат да ги слушаат воздишките на партнерката. Звукот на женскиот оргазам е совршен звук за машките уши.

Среќата на партнерката им е на прво место

Можеби ќе ви звучи малку романтизирано, но така е. Кога мажите сакаат некоја жена, прават сѐ за неа, од купување на подароци па сѐ до најмалите ситници кои ја прават среќна. Во сексот и со оргазмот не е ни малку поинаку.

Ги сакаат боите на женското тело

Кога се загревате, атмосферата во спалната соба се вжештува и крвта ви струи низ вените, тогаш женската кожа добива друга боја, а тоа особено се познава на градите кои поруменуваат. Румените гради изгледаат секси и впечатливо, а со сигурност мажите ги обожаваат.

Мажите се импресионираат од оргазмот

Иако е реткост, кај некои жени може да се случи повеќекратен оргазам, а мажите не можат да доживеат такво нешто. Жените и нивниот оргазам, кој трае подолго од машкиот, едноставно ги импресионира.

Популарно