Ретко кој знае кое е вистинското име на Вин Дизел

Светски познатиот актер Вин Дизел е роден во 1967 година во Америка, а освен во глумата се проба и во улога на продуцент и режисер. Вин Дизел е познат по многу улоги, особено во акциони филмови.

За приватниот живот на актерот не се знае многу, освен дека е оженет со Палома Хименез, супермодел, како и дека има три деца. Не е ни чудо што многу негови фанови не знаат дека неговото вистинско име е всушност Марк Синклер.

(Фото) Кога ќе видите како изгледа сопругата на Салах ќе ви стане јасно зошто му падна незгодно покрај оваа фудбалерка со деколте

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах неодамна потполно занеми кога застана до една од најзгодните фудбалерки на светот, Алекс Морган.

Сексапилната фудбалерка се појавила во црвено одело без градник на себе и длабоко деколте, а многумина прокоментираа дека изразот на лицето на Салах говори дека тој поцрвенел од срам, бидејќи неговата жена изгледа сосема спротивно на ова и е човек исто како и фудбалерот што ги следи религиските принципи и традиција.

Имено Салах е оженет и ги следи религиските обичаи, па затоа неговата сопруга носи хиџаб на сите јавни места.

Меган Маркл извојува правна победа против британски весник

Издавачот на „Мејл он сандеј“ ја загуби правната битка за да ја поништи пресудата на Високиот суд дека ја нарушил приватноста на Меган Маркл со објавување делови од писмо што таа му го напишала на својот отуѓен татко.

Војвотката (40) го тужеше Associated Newspapers Limited (ANL), исто така издавач на „Мејл онлајн“, поради пет написи кои репродуцираа делови од „лично и приватно“ писмо до Томас Маркл (77) во август 2018 година.

Таа го доби случајот претходно оваа година кога судија на Високиот суд донесе одлука во нејзина корист без потреба од судење. Но, ANL поднесе жалба со образложение дека треба да има судење поради тврдењата на Меган.

Апелациониот суд во Лондон денес наутро ја отфрли жалбата.

Отфрлајќи ја жалбата, судиите на апелациониот суд сер Џефри Вос, Викторија Шарп и лорд Џастис Бин ја потврдија одлуката на лорд Џастис Ворби да донесе пресуда по скратена постапка, и пресудија дека војвотката има „разумно очекување за приватност“ во содржината на писмото.

„Тие содржини беа лични, приватни и не беа прашања од легитимен јавен интерес“, рече сер Вос во резимето на пресудата прочитана на глас.

(Фото) Запознајте ја Ана, жената во која гледаа сите на доделувањето на „Златната топка“

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски на овогодинешното доделување на Златната топка пристигна во придружба на својата убава сопруга Ана Левандовска, која блесна позирајќи со него на црвениот тепих и го привлече вниманието со своето секси издание.

Роберт и Ана позираа расположени пред фотографите, а таа со својот изглед целосно го засени прославениот сопруг и остави сè околу себе без зборови.

Ана за гламурозната прилика избра црн тесен фустан, кој ја истакна нејзината витка линија и топ форма, а токму неговата сопруга е најголемата поддршка на Роберт. Бидејќи работи како фитнес тренер и консултант за исхрана, таа е делумно заслужна за неговата успешна кариера.

Дипломирала на Кинезиолошкиот факултет, а ја претставувала својата земја на Светското првенство во карате. Покрај тоа, нејзиното знаење му помогна на Роберт да ја подигне својата форма кариера и на неколку нивоа повисоко.

– Најважни работи се тренинзите и квалитетната исхрана. Се воздржуваме од лактоза и производи од пченично брашно, сакаме да јадеме квалитетна риба, а понекогаш после тренинг пиеме сок од цвекло со цимет или кајен пипер, вели Ана во интервју за „Билд“.

Во 2016 година, таа лансираше и свој бренд „Food by Ann“, а нејзината компанија продава смути, енергетски пијалоци и додатоци во исхраната.

Ана и Роберт се венчаа во 2013 година во Полска по петгодишна врска, во 2017 година станаа родители на девојчето Клара, а во 2020 година девојчето Лаура.

Популарно