Заев: Патниците се од Македонија, еден е од Прешево и еден со белгиско држајанство

Ќе почекаме причините за несреќата да ги кажат стручните служби. Настраданите не се само од Скопје, туку се од повеќе места. Сите се граѓани на Македонија, од повеќе националности се, но има и еден граѓанин од Прешево, Србија, кој заедно со вереницата од Куманово бил во Истанбул на прошетка. Во листата видовме и дека има едено лице со белгиско државјанство, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска, заедно со министрите за здравство и за надворешни работи, Венко Филипче и Бујар Османи, ги посети седумте хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија.

Одговорајќи на новинарски прашања, Заев рече дека се уште не знае детали иако имал информација дека тие седуммината што преживеале, кога настанала несреќата успеале да го скршат прозорецот кај задните седишта.

-Ќе осатвам на бугарските експерти да ги кажат анализите за причините на несреќата. Живите имаат впечаток ккао тоа се случило. Ако ние политичарите тоа го кажуваме, може да настане проблем. Не може премиерот на Македонија да каже дали брзината била соодветна или дали бил исправен автобусот, тоа ќе го кажат стручните служќби, експертите и професионалците, нагласи Заев.

Информацијата за несреќата тој, како што истакна, ја добил во 3:30 часот ноќеска од премиерот Стефан Јанев, а потоа му се јавил и претседателот Радев.

-Благодарен сум за посветеноста околу истрагата. Знам дека прават се како за свои граѓани. Ќе можеме по посетата на болницата од Јанев да се информираме за деталите. Прво ќе се видам со него, а со нас е постојано министерот Стоев. Благодарни сме на целата асистенција, подвлече Заев.

Тој информира и дека членови од семејствата на лицата кои се хопситализирани веќе дошле во болницата.

-Тука се, имаа можност да си ги видат своите роднини, да поразгивараат со нив, а дел од нив  ги запознаеме, рече премиерот.

Заев рече и дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го информирал дека превозникот е „Беса транс“, кој стандардно и најчесто вози туристички тури на релација Истанбул – Софија – Скопје.

-Не можам да кажам детали, знам само како се вика фирмата, дека се занимава со туризам и дека има повеќе автобуси, како и дека се често на релација Истанбил – Софија – Скопје, нагласи Заев. 

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно