TEDx доаѓа во Скопје!

Голема најава за спектакуларниот настан кој го носат The True Talent & KARIERA.mk токму во Скопје. Со задоволство ве известуваме дека TEDx пристигнува во Скопје! По неколку години пандемиска атмосфера, конечно е време за настан кој ќе ја одбележи оваа година!

TEDx е меѓународна американска платформа која ќе здружи луѓе од регионот кои имаат желба да бидат мотивирани и да добијат многу нови идеи во еден ден во Македонската Филхармонија, во Скопје на 21.5.2022. The True Talent и KARIERA.mk имаат чест да донесат одлични говорници од META, Google, Al Jazeera, European commission, UNDP, Global Woman Magazine и регионални ѕвезди кои ќе мотивираат и инспирираат преку нивните говори на најразлични теми!

Што всушност е TEDx?

TEDx се настани кои се организираат ширум светот и опфаќаат интернационални говорници кои претставуваат интересни, мотивациски и добро оформени идеи за помалку од 18 минути.

Зошто говори под 18 минути?

Овој краток модел на информирање и давање идеи е потврден и ефективен начин за поттикнување на публиката за краток временски период, вашиот ум почнува да работи во сите насоки и добивате идеи кои никогаш не сте знаеле дека може да излезат од вашата глава, токму инспирирани од нечија туѓа судбина, кариерен пат или пак замисла.

Зошто одлучивме дека настан како TEDx и е потребен на заедница како нашата?

Инспирирани од мултикултуролошката компонента на нашето живеење, The True Talent и KARIERA.mk се уверени дека е потребно работење на концептот за промени. На овој начин сакаме директно да ја инволвираме заедницата и да придонесеме луѓе со различни позадини да се вмрежат и да добијат нови генијални идеи кои ќе се интегрираат во нашето заедничко секојдневие.

Кој ќе присуствува на настанот?

  • Osei Gyamfi - Recruiter, Meta/Oculus (Los Angeles)
  • Ece Ozturk Dogan - Head of marketing Platform at Google (Turkey)
  • Kim Vinnell - Journalist/Al Jazeera (Qatar) 
  • Mirela Sula - Motivational Speaker/Owner at Global Woman Magazine (London, UK)
  • Ermal Mamaqi - Comedian/Motivational Speaker (Albania)
  • Enas Daeki - Published Author of Beauty of Pain, Refugee Advocate (London, from Libya)
  • Enzo Cervini - European Commission (Italy)
  • Patrizia Marti - University of Siena (Italy)
  • Alexandra Foster - Director of BT Group (London)
  • Tamara Todevska - Singer (Skopje)
  • Damjan Nikolovski - Einstein, Dyslexia Macedonia (Skopje)
  • Ardita Zekiri - UNDP (Skopje)
  • Besian Mehmeti - Architect (Tetova)
  • Bionics Team - Skopje
  • Martin Sokolovski - Fashion Photographer (Skopje)
  • Nderim Nexhipi - Soccer Player/Sports Director (Kosovo)
  • Mersiha Smailovic - Activist/Founder of Legis (Skopje)
  • Ena Utevska - Founder of Kolektiv Z (Skopje)

Каде да купите карти?

Ве повикуваме заедно да се дружиме, инспирираме и градиме основи за нови идеи! Билети пуштени во продажба на следниот линк Welcome To TED-X - TED X Pella Square!

Добри вести за возачите: Горивата со нови цени

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,001 денар по килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 36,661 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,358 отсто, кај дизелот за 2,566, кај екстра лесното масло

за 2,450 и кај мазутот за 0,645 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5110 отсто.

Криптоманија: Колку чини биткоинот денеска?

Биткоинот, најпопуларната криптовалута во светот, речиси три недели се движи околу психолошката граница од 100.000 долари, но никако да ја премине. Денеска изутрината 1 биткоин чини 98.350 долари, но вредноста вообичаено варира од час во час.

Повеќето криптовалути, а особено биткоинот, забележаа пораст на берзите како реакција на победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

Пред гласањето, биткоинот чинеше околу 68.000 долари, но кога се дозна дека Трамп ќе победи, за само неколку часа вредноста се крена на над 80.000 долари, а неколку дена подоцна и над 90.000 долари. Веќе со денови се очекува моментот кога биткоинот ќе надмине 100.000 долари.

Народната банка на Република Северна Македонија нема криптовалути во курсната листа, зашто нашата тековна законска рамка не познава термин „крипто-средство“.

– Во основа, крипто-средствата се сметаат за специфичен вид нематеријално средство, засновано на одредени технологии, коешто не е издадено ниту, пак, неговата вредност е гарантирана од централна банка, не претставуваат пари и понудата на овие средства не зависи од потребите на економијата или монетарниот систем – наведува НБРСМ на својата страница на интернет.

Вредноста на биткоинот надмина 80.000 долари

Цената на криптовалутата Биткоин денеска за првпат го надмина прагот од 80.000 на платформата Bitstamp.

Најстарата и најпознатата криптовалута се искачи за над четири проценти во споредба со претходниот ден, достигнувајќи до 80.047 долари.

Во изминатите седум дена, водечката криптовалута доби повеќе од 17 проценти во вредност. Другите криптовалути како Етер или Солана се зголемија уште понагло.

Аналитичарите стабилното зголемување го припишуваат на новиот политички пејзаж во САД по победата на Доналд Трамп на претседателските избори, пренесе ДПА. Поранешниот и иден претседател на САД беше поддржан од поголемиот дел од крипто заедницата за време на изборната кампања.

Трамп беше многу негативен за Биткоинот за време на неговиот прв мандат, од 2017-2021 година, но активно се додворуваше на крипто заедницата во овогодишната кампања за реизбор.

На големата конференција за Биткоин во Нешвил, Тенеси, Трамп вети дека ќе го задржи крипто пазарот во голема мера нерегулиран и ќе обезбеди евтина електрична енергија за „копање“ нови биткоини.

Популарно