Бени Шаќири: Јас 53 години сум живеел у заблуда дека одлично го владеам македонскиот јазик, а он да ти бил само дијалект

-Роден сум во Скопје и цел свој живот сум тука. Милион можности да си заминам, но никогаш не го направив тој чекор. Го сакам мојот град, ама си ја сакам и мојата земја! Како карактер, тежок сум на компромиси, НО свесен дека во животот само идиот тера безкомпромисно! Сепак, и кога правиш компромис тој треба да е за доброто и во интерeс на двете страни, а никако на сопствена штета, вака Арбен Шаќири, познатиот пејач и кандидат за градоначалник на Скопје на последните локални избори, ја почнува својата објава на Фејсбук, во која го искажа револтот од актуелните политички случувања. 

-Она што го гледам во последно време е дека од нас, како граѓани, се бара да направиме компромис на своја штета за евентуално тие (читај ЕУ) со компромис да не бутнат на „сила„ во нивно друштво ама за едно 25-40 години, евентуално! Другари, да, Вам од владата Ви се обраќам! ДОСТА Е!, пишува тој. 

Ова е неговиот став во целост: 

МОЕ МИСЛЕЊЕ е дека треба конечно да кажеме одлучно НЕ на Францускиот предлог, за кој, рака на срце не ни знаеме што точно содржи, (пошто нели се уште никој звнично не го примил) но знаеме, според изјавите на бугарските званичници, дека македонскиот јазик „не постои„, туку тој бил само кодифициран дијалект на бугарскиот???!!! Пази молим те, јас 53 години сум живеел у заблуда дека одлично го владеам македонскиот јазик, а он да ти бил само дијалект и тоа најдиректно ми го посочуваат високи званичници на држава за која имам особена почит и со огромно задоволство сум престојувал во истата!

НЕ, НЕ, не иде тоа така другари! Ние си имаме свој јазик, свое писмо, признати и кодифицирани пред многу години, така да, околу тоа, компромисот е недозволив! Уште колку небулози треба да набројам за да разберете дека не малтретираат, злоставуваат само заради тоа што им се може? Дека сме далеку помала земја од нив?! Баш напротив, како поголеми од нас треба да покажат доблест и да дадат поддршка за сите наши иницијативи врзани за ЕУ, а вака....??!!

И да, јас, како етнички Албанец и граѓанин на оваа земја, слободоумен, но не и малоумен, не сакам и не можам да прифатам мајтапење со моите сограѓани, пријатели, комшии МАКЕДОНЦИ, кои добро знаат кои се и што се!

Се разбира дека жртви на тој понижувачки однос сме сите под еднакво како граѓани на Република Македонија, а да перверзијата биде поголема, жртва се и граѓаните на Република Албанија, само затоа што на одредени политички фигури од Бугарија така им се може!!!

Не грижете се, не сум на ничиј платен список, имам право на глас, мислење, став а фала Богу и малку памет! Искрено, се надевам дека земјите членки на ЕУ ќе имаат слух и доволно мудрост да кажат СТОП за садистичкиот однос кој бугарската политичка врхушка го спроведува кон сите граѓани на Р. Македонија, подеднакво!!!

Граѓаните на оваа земја, имаат право да бидат во големото ЕУ семејство затоа што друга алтернатива не постои за нас, но НЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА!

Пошто сум од Скопје, ќе ви кажам и на скопски за да ме разберете: МОЈ МОЈ ПРЕКУ МОЈ! 

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно