Летен Хороскоп: Што да oчекувате во жешкиот период пред нас?

Астрологот Душан Величковиќ изјави дека тоа ни носи многу интересни работи во текот на летните месеци кога е љубовта во прашање, а потоа откри што го очекува секој хороскопски знак.

Овенот го очекува една промена што ќе се случи таму за околу една недела, кога од тој знак Марс кој владее со вас, ќе влезе во знакот Бик. Тоа ќе биде една промена надолу, а за сите останати ќе има хаос со парите бидејќи Марс во Бик има проблем со цените, со беспарица, летото допрва е пред нас, па мислам дека ќе ги потрошиме сите пари. Но, овој период е фантастичен за работа, напредување, кариера, недвижнини.

Биковите се сè уште добро, особено следните три дена додека Венера е во нивниот знак можат да прават што сакаат, откако таа ќе замине, тогаш некој ќе им се додворува. За Биковите ова е фантастично време за патување и сè останато, особено овие три денови, а потоа периодот е добар за пари, особено со луѓе кои не живеат во ист град.

Близнаците, вели астрологот Величковиќ, ги очекува фантастичен период.

Сонцето влегува во нивното поле на пари, па ова е најдобриот период во годината за да заработите големи пари, особено оние кои се занимаваат со приватен бизнис Пазете се во бракот, ситуацијата е лизгава, што Венера може да ви даде малку повеќе шарм, што негативно ќе влијае на партнерот кој ќе биде љубоморен. Не флертувајте.

Сонцето влегува во нивниот знак кај Раковите, ќе свети од среќа, за нив ќе биде феноменално. Можеби сè уште нема да можат да се опорават од некои грешки што ги направија. Не грижете се, ќе биде подобро, ќе го решите тој проблем.

На Лавовите Сонцето им влегува во 12-та куќа, а астрологот им објаснува што значи тоа.

„Мој совет до нив е што и да планираат, да си го чуваат за себе. Не разговарајте со никого, не се фалете. Ѕвездите ви се наклонети, особено за работа, пари, но не кажувајте никому, молчете и работете, нека зборуваат делата наместо вас“.

На слободните Девици им следи флерт на работа, а како што вели астрологот, од јули ги очекуваат вистинските работи - „ако сега не е сè како што сакате, само бидете трпеливи, вашето време допрва доаѓа“.

Започна фантастичен период за Вагата, зеленото светло на вашиот живот е запалено, од вас зависи што ќе правите. Вашиот страв или храброст ќе го одредат успехот. Партнерот може да се плаши од вашиот успех.

Скорпиите имаат фантастичен период, Венера е во нивното брачно поле, а подоцна кога ќе се преселат следуваат проблеми со љубомората. Не покажувајте љубомора, не се измачувајте себеси или партнерот затоа што никој не сака да биде во врска со љубоморна личност.

Астрологот вели дека за Стрелецот сега е идеален период за љубов, креативност, напредок.

Ако сте сингл, многу помлада личност би можела да ви го привлече вниманието. Стрелците кои се во врска, брак би можеле да имаат малку повеќе да кажат или да се караат.

За Јарците Сонцето влегува на полето на бракот, па астрологот им предвидува напредок и задоволство преку партнерство. Веројатно е можно да сретнете некој од кого би можеле да добиете интересна идеја, предлог или понуда за заеднички деловен потфат.

Астрологот наведува дека Водолијата го има Марс во третата куќа, па очекува малку потешко да комуницираат, па затоа ги советува да бидат внимателни и да внимаваат што зборуваат.

Месечината им создаваше промени во расположението на Рибите во претходните денови, но затоа може да им донесе пари овие денови. Мора да бидете внимателни, Марс ве прави пазарџија, бидете внимателни со парите.

Дневен Хороскоп

Овен

Ќе бидете преполни со инспирации и идеи, и ова е совршено време за нови проекти. Ќе доживеете благосостојба и поголема поврзаност со другите. Фокусирајте се на себе.

Бик

Ќе станете свесни колку ви значи саканата личност и ќе ѝ посветите повеќе внимание. Можно е да планирате нови проекти за кои успехот е загарантиран, бидејќи сте посебно креативни во овој период.

Близнаци

На вас пријателството ви е многу важно, но овој викенд ќе бидете посветени и на партнерот поради силните емоции кои ќе ги чувствувате. Ќе имате различни идеи и ќе посакате да го истражувате животот.

Рак 

Ќе бидете расположени и полни со добра волја. Во недела малку повеќе фокусирајте се на грижата за себе.

Лав

Авантурата ќе биде заштитен знак овој викенд. Ќе ви се случи неочекуван романтичен гест кој во вас ќе разбуди нежност и емоции. Можна е подобра комуникација со саканата личност.

Девица

Оваа недела ќе запознаете нови луѓе, а исто така ќе станете свесни колку ви се значајни пријателите кои ги имате. Уживајте во дружбите со пријателите викендов!

Вага

Вашата позитивна енергија ќе биде и повеќе од присутна и ќе создава чувство на благосостојба, а ова е значајно за пријателството. Вашето семејство ве сака и почитува. Ќе биде полни со идеи за време на викендот.

Скорпија

Вашите соништа ќе станат реалност. Ќе бидете многу расположени, а неделата ви носи многу идеи, и за вас е успешена и на професионален план.

Стрелец

Ќе бидете неодливи и есктровертни повеќе од вообичаено. Ќе уживате во емоциите и ќе поминувате повеќе време со пријателите и семејството.

Јарец

Можен е проблем со комуникацијата во емотивните односи. Во недела е можно да очекувате некоја драма.

Водолија

Ќе се насочите на здравјето и грижата за себе. Викендот е идеален за животни промени кои ќе ви годат. Ќе имате подобра комуникација со семејството.

Риби

Ова ќе биде ваш викенд. Се занимавате со она што ве прави среќни и се препуштате на слободата, ќе ви се случат забавни авантури. Во вашиот сектор со парите доаѓа среќа и интелигенција.

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Ве очекува поволен ден за работа. Можете да се надевате на разговор кој ќе биде значаен за вас. Имате голема желба да се свртите кон нова љубов. Подготвени сте за промени. Одлично се чувствувате.

БИК

Денешниот ден е добар, може да очекувате дека ќе успеете да ги остварите своите деловни планови. Моментално љубовта во е на првото место и се трудите да бидете посветени на саканата личност. Чувствителни сте на очите.

БЛИЗНАЦИ

Успешни сте и зрачите со позитивна енергија, во деловното опкружување сте на добар глас. Многу сте посветени на вашиот партнер и одготвени сте да му помогнете околу проблемите кои го мачат. Потребна ви е релаксација.

РАК

Внимателно разгледајте ја новата деловна понуда која ја добивате. Спремни сте за промени на ова поле. Партнерот ќе ви делува како да крие нешто од вас. Неговото променливо однесување ве збунува. Можна е омалаксаност.

ЛАВ

Ќе имате среќа на деловно поле, ќе успеете да ги остварите своите желби. Амбициозни сте и способни. Сакате врската со саканата личност да ја пренесете на некое повисоко ниво. Спремни сте за важни одлуки. Проблеми со органите за варење.

ДЕВИЦА

Можно е денеска да сте напнати и во голема мера сте склони кон кавги со соработниците. Ситуацијата на љубовното поле носи дилеми кај вас. Можно е да не сте сигурни која личност е вистинска за вас. Водете сметка за алергиите.

ВАГА

За да успеете да ги остварите сите планови кои ги имате, ќе биде потребно да направите некои компромиси на работа. Можеби ќе имате некои љубовни пресврти во наредниот период. Внесувајте витамини и минерали.

ШКОРПИЈА

Сите околности на деловно поле ви се наклонети. Добро се чувствувате поради својот успех. Ве очекува познанство со нова личност кон која ќе се развијат силни емоции. Спремни сте за нови врски. Помали проблеми со главоболка.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате дека ќе успеете да ги решите деловните дилеми. Поволен ден за остварување на плановите. Сѐ уште ви е тешко да се ослободите од стравовите кои ги носите од претходната врска. Водете сметка за исхраната.

ЈАРЕЦ

Работете на концентрацијата за да можете да ги решите деловните задачи кои се пред вас. Ве очекува фаза во која ќе имате мали проблеми со саканата личност. Честопати имате впечаток дека сте многу различни. Можни се болки во грлото.

ВОДОЛИЈА

Иако сакате да ја промените работата, засега не ви се укажува некоја конкретна можност за тоа. Не сте сигурни во своите емоции кон партнерот и не сте подготвени да му ветите премногу. Немате апетит.

РИБИ

Поради недостиг од концентрација може да правите грешки кои ќе ви направат проблем на работното место. Не сте расположени кога станува збор за емоциите. Како партнерот да не ви допушта да ги покажете чувствата. Низок притисок.

Кои карактеристики ви ги носи подзнакот во хороскопот?

Хороскопскиот знак покажува каде било Соцето во моментот кога сте се родиле и ги открива вашите особини. Додека подзнакот (асцендент) покажува кој знак се издигал на хоризонтот во моментот на вашето раѓање и го открива вашиот физички изглед и таленти.

Првата работа за која се покажува интерес во Астрологијата, покрај познавањето на сонечевиот знак е подзнакот или асцендентот. Тоа е така бидејќи секој од нас има желба подобро да си ги запознае карактерните особини или пак да си ги најде оние кои во сончевиот знак не ги нашол. Што е всушност асцендентот или подзнакот, како што е популарно наречен? Асцендент е степен во зодијачкиот круг кој го означува почетокот на првото поле. Знаејќи го него понатаму се одредуваат останатите единаесет полиња. Секое поле е подеднакво важно, но зошто интересот е најголем токму за ова поле? Првото поле го одредува карактерот на личноста, темпераментот, индивидуалноста, добрите и лошите особини, личниот успех, способностите, начинот на делување, градбата на телото, животната енергија, активноста, динамиката или едостано речено основата на животот. 

Овен – прави да изгледате поотворено, живо, независно и доминантно.

Бик – прави да изгледате смирено, стабилно, повлечено и самоуверено.

Близнаци – прави да бидете комуникативни, духовити, позитивни и љубопитни.

Рак – прави да изгледате срамежливо, суптилно, љубезно и инуитивно.

Лав – прави да изгледате магнетски привлечно, експресивно, цврсто и елоквентно.

Девица – прави да изгледате порезервирано, внимателно, аналитично и нервозно.

Вага – прави да изгледате пошармантно, оптимистично, дружељубиво и толерантно.

Скорпија – прави да изгледате потаинствено, тивко, замислено и мистериозно.

Стрелец – прави да изгледате повесело, директно, тврдоглаво и искрено.

Јарец – прави да изгледате повнимателно, контролирано, сериозно и посветено кон деталите.

Водолија – прави да изгледате поидеалистички, прогресивно, противречно и пријателски.

Риби – прави да изгледате поромантично, чувствително, несигурно и прилагодливо.

Популарно