(Фото) Убавината на ќерката на Моника Белучи ги маѓепсува сите

Каква мајка, таква ќерка. Ова е дефинитивно применливо во случајот на Моника Белучи и нејзината ќерка Дева Касел.

Во градот Сиракуза на Сицилија на ревијата на модната куќа „Dolce&Gabbana“ сите симпатии на публиката ги украде ќерката на популарна актерка.

Иако претходно се коментираше дека Дева не е идентична со Моника, не може да се оспори дека овалното лице, црната коса и зашилениот нос не се добитна комбинација за нејзината манекенска кариера, која има нагорна патека.

На ревијата „Dolce&Gabbana“ Дева прошета во проѕирен, елегантен фустан од бела тантела, под кој се гледаше црна долна облека.

Комбинацијата е комплетирана со црни ракавици и блескави балетанки.

Инаку, италијанските медиуми објавија дека оваа 17-годишна девојка се онесвестила веднаш откако излегла од пистата, наводно поради жештините. Но, таа сигурно ја изврши задачата беспрекорно.

Дева, исто како некогаш нејзината мајка, редовно соработува со познатото италијанско дуо и е ѕвезда на нивните бројни кампањи.

Ен Хеч во стабилна состојба по сообраќајната несреќа

Холивудската актерка Ен Хеч доживеа тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес откако со својот автомобил „удри“ во куќа, а како што пишува „Hollywood Reporter“, актерката моментално е во стабилна состојба.

Актерката доживеала несреќа кога удрила во куќа во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. Автомобилот и куќата се запалиле, а огнот го гаселе 59 пожарникари, пренесоа американските медиуми.

Хеч веднаш била извлечена од урнатините и пренесен во болница.

Сепак, според последните вести кои излегуваат од Холивуд, актерката е во стабилна состојба, а нејзиниот претставник за медиуми изјави дека нејзиното семејство бара приватност.

„Нејзиното семејство и пријателите бараат да се молите за неа и да ја почитувате нејзината приватност во овој тежок момент“, рече тој.

Како што е познато, освен актерката никој не е повреден во сообраќајната несреќа, ниту пак е уапсен, а полициските детективи вршат натамошни увиди.

„Тешко ми е“: Никол Пелц се огласи по гласините за лошите односи со Викторија Бекам

Никол Пелц, сопругата на Бруклин Бекам, објави фотографија на Инстаграм на која со насолзени очи лежи во кревет и гледа во далечината. Заедно со фотографијата објави и емотивен текст кој странските медиуми го протолкуваа како одговор на гласините за нејзината кавга со нејзината свекрва Викторија Бекам.

„Понекогаш ми е тешко да го покажам тажниот дел од себе. Пораснав со седум браќа и сестри и двајца многу силни родители, а тоа ме направи силна. Затоа не дозволувам луѓето да ме соборат или повредат. Изградив ѕид околу себе за да се заштитам, што е особено важно во оваа индустрија“, напишала манекенката.

„Сите имаме денови кога некој не повредува и во ред е да се чувствуваме лошо. Само сакав да напишам нешто за тоа затоа што никогаш не ја покажав таа моја страна овде. Сакав да ја покажам. Ве сакам сите многу и ја ценам вашата поддршка“, додаде Пелц.

Во последните денови странските медиуми пишуваа дека Никол Пелц и нејзината свекрва Викторија Бекам се во лоши односи.

Page Six како можна причина за несогласувањето го навела тоа што Никол е љубоморна на вниманието кое секогаш го добива Викторија, поради што ја исклучила од свадбените подготовки кои се одржаа во април оваа година во Палм Бич, Флорида.

Холивудската актерка Ен Хеч доживеала сообраќајна несреќа, се наоѓа во критична состојба

Холивудската актерка Ен Хеч е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила во предградието на Лос Анџелес.

Како што пренесува „TMZ“, таа изгубила контрола над возилото и удрила во гаража. Случајните минувачи се обиделе да ѝ помогнат, но таа одлучила да продолжи да вози. По неколку секунди повторно удрила во друга куќа, а нејзиниот автомобил се запалил.

Се претпоставува дека возела под дејство на алкохол бидејќи во автомобилот било пронајдено шише. Полициската управа на Лос Анџелес не дала дополнителни информации за несреќата.

„TMZ“ наведува дека Хеч е моментално во болница и се наоѓа во критична состојба.

Актерката претходно без „влакна на јазикот“ зборуваше за своите пороци.

„Пиев. Пушев цигари. Се дрогирав. Бев зависна од секс. Правев сè што ми паѓаше напамет за да заборавам на срамот кој го чувствувам“, изјави Ен минатата година во интервју за „ABC News“.

Таа додала и дека нејзините лоши животни избори се последица на тоа што во детството била сексуално злоставувана од нејзиниот татко Доналд Хеч.

Популарно