ВИДЕО: Диви свињи се шетаат во скопски Жданец

Диви свињи речиси секоја вечер се шетаат во скопската населба Жданец. Жителите ги гледаат често, а еден од нив успеа да ги сними и да ни прати видео.

До сега немале никаков проблем со нив, ниту нападнале некого, ниту направиле некаква материјална штета. Но сепак станува збор за диви животни и ги предупредуваат соседите да внимаваат.

ВИДЕО: Ново игралиште и турнир во мал фудбал - Љубанци

Љубанци конечно доби ново игралиште по сите стандарди. Општина Бутел постави вештачка трева, трибина со над 200 столчиња, а игралиштето е осветлено и може да се користи и ноќно време. Истовремено беше отворен и меморијалниот турнир Љубанци 2022 во чест на загинатите бранители од 2001 со потекло од од оваа скопска населба. Љубанци е дел од општина Бутел и се наоѓа на скопска Црна Гора.

Вреди да се посети.

Популарно