Џенифер Лопез: „За малку ќе загинев на снимањето на новиот филм, беше страшно“

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ гостувала во интервју за BuzzFeed, а и се придружиле и нејзините колеги од Shotgun Wedding, Џош Духамел и Џенифер Кулиџ.

На прашањето кој најверојатно ќе направи „вратоломии“ при нивниот прв обид на снимање, Лопез рекла дека таа и Духамел станале многу добри во опасните сцени за време на снимањето, а потоа споделила како за малку ќе загинела снимајќи една сцена.

„Освен еднаш кога за малку ќе паднав од карпа. Тоа не беше забавно“, започнала Лопез, изненадувајќи ја Кулиџ, кој ја прашал дали е вистина.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Prime Video (@primevideo)

„Да, вистина е. Ја знаете сцената кога мојот фустан се фаќа за тркалото? Еднаш се закачи за воланот и ме повлече, а јас го погледнав Џош и му реков: ‘Џош, не ме пушај, те молам’. Тој и рекол: ‘Те држам. Ако ти отидеш, сите ќе одиме“, раскажала актерката и додала дека тој момент бил застрашувачки за неа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Лопез моментално го снима новиот филм The Mother во Лос Анџелес. Филмот е во режија на Ники Каро, која претходно го режираше познатиот филм „Whale Rider“ од 2002 година и „Мулан“ на Дизни од 2020 година. Во филмот, Лопез ја игра улогата на поранешен атентатор кој сака да го остави своето минато зад себе. Меѓутоа, таа се вратила на работа за да ја заштити својата отуѓена ќерка.

Оваа козметика треба да ја чувате во фрижидер

На многумина ќе им изгледа чудно да чувате парфеми, креми, маски за лице и гелови во фрижидерот на полицата до јајцата, тубата кечап или сенфот, но тоа е најдоброто нешто што можете да го направите и да не се грижите дали вашата козметика ќе трае подолго.

На овој начин го продолжувате рокот на траење на препаратите, а од друга страна тие секогаш ќе бидат ладни и уште повеќе ќе ве освежат.

Еве која козметика треба да ја чувате во фрижидер:

Органските препарати за нега на кожата и производите со витамин Ц. Витаминските и природните производи содржат помалку конзерванси, па затоа е подобро да ги чувате на студено бидејќи ќе ги задржат своите активни својства подолго.

Долготрајни моливи за очи, бидејќи имаат повеќе испарливи состојки кои можат побрзо да исчезнат на жештината, па затоа е подобро да им го продолжите животот на овој начин.

Масла за лице, бидејќи есенцијалните масла што ги содржат може да го изгубат квалитетот со текот на времето доколку се чуваат на погрешен начин. Ако маслото е во фрижидер, долго ќе ја задржи свежината.

Спреј за стапала, бидејќи многу подобро делува кога разладен ќе го испрскате на уморните нозе.

Креми за очи, гелови и маски, бидејќи ефикасно и брзо го намалуваат отокот на лицето и очните капаци, што е главен естетски проблем денес.

(Фото) На Ивана ѝ излегоа градите од фустан додека пееше во емисија

Српската пејачка Ивана Стаменковиќ Синди првпат се појави во јавноста по драмата која ја преживеала со родената сестра Невена Стаменковиќ.

Синди се појавила во многу провокативно издание, а воопшто не се засекира што пред камерите во еден момент нејзините гради испаднаа надвор.

Синди во емисијата на Огнен Амиџиќ ја промовирала својата нова песна, а поради таа прилика се појавила во фустан кој на сите страни имаше отвори и поради тоа нејзините гради сакаа да „избегаат“.

Поранешната „моделсица“ ја спомнала и нејзината сестра која неодамна завршила во психијатарска болница.

Погледнете го нејзиниот настап:

(Фото) Теа Таировиќ во провиден фустан ја покажа тангата

Пејачката Теа Таировиќ отсекогаш знаела да интригира со својот атрактивен изглед, но и со провокативните движења и потези.

Овој пат Теа објави провокативно видео на социјалните мрежи, во кое се појави во проѕирен фустан со светки, ја врзала косата во опавче и нанела упадлив црвен кармин на усните.

Но, она во што сите гледаа е делот од телото каде треба да бидат гаќичките, па многумина се посомневаа дека пејачката воопшто и не ги носи.

Меѓутоа, во еден момент Теа се сврте и го покажа големиот заоблен задник, во кој убаво се гледа дека длабоко потонала црната танга – долна облека, што значи дека пејачката сепак гаќичките не ги „заборавила“ дома.

Коментарите што следеа не се за во јавност, ама затоа ТикТок клипчето, можете слободно да го погледнете:

Популарно