НАЈНОВА ВЕСТ: ВО МОМЕНТОВ СЕ ОДВИВА ГОЛЕМ ГРАБЕЖ КАЈ СКОПЈАНКА - напаѓачите се со хируршки маски

Вистинска драма се случува во моментов во скопски Аеродром, на локацијата Порта Аеродром, карши Скопјанка, пренесува Фактор.мк.

На терен се 4 до 5 полициски возила, и тоа полициски сили на Интервентната полиција, со огромен број полицајци, сериозно вооружени и со панцири.

Според информациите до кои дошле наши читатели кои биле на терен, наводно се работи за голем грабеж во некој од објектите на таа локација, а некои од претпоставките кои не се потврдени, одеа во насока дека можеби се работи за обложувалница.

Сознанија од терен говорат дека во објектот грабеж извршиле неколку напаѓачи кои биле вооружени, а биле маскирани и таму влегле со хируршки маски. 

Нашите информации говорат дека нема повредени.

Нашиот читател ни испрати и фотографија од кој се гледа драматичното присуство на полицијата во тој реон. Сведоците велат дека припадниците на полицијата биле видно растрчани и возбудени.

Повеќе детали наскоро.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно