Маричиќ од Љубљана: Местото на Северна Македонија ќе биде во новите граници на ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска е во официјална посета на Љубљана, каде оствари средба со државниот секретар за меѓународни прашања при Владата на Република Словенија, Војко Волк.

На средбата беше разговарано за односите помеѓу Северна Македонија и ЕУ и плановите на нашата земја за продолжување на преговорите со ЕУ, за што од страна на Волк беше потврдена силната заложба на Словенија за активирање на политиката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ.

-Потврдата дека имаме многу европски пријатели кои ја препознаваат нашата држава како идна членка на ЕУ дополнително нѐ охрабрува да продолжиме со реформите и влева оптимизам дека ќе успееме во процесите кои сме ги започнале, посочи на средбата вицепремиерот Маричиќ.

Во тој контекст вицепремиерот Маричиќ укажа дека Владата е максимално посветена на евроинтегративниот процес и на спроведувањето на реформите кои – преку примената на европските стандарди и вредности, им служат на граѓаните и на модернизацијата на државата, посочувајќи дека посебно внимание се дава на реформите во поглавјата 23 и 24, односно во областите на правдата, борбата против криминалот и корупцијата, малцинските права и слободата на медиумите.

Соговорниците разговараа и за исклучително добрите односи меѓу двете земји на политички, економски, културен и економски план и можноста за нивно унапредување.

Маричиќ во рамки на работната посета во Љубљана во македонската Амбасада ќе ги сретне и студентите од Македонската студентска организација во Словенија (МСОС) и македонските иселеници во Љубљана, а ќе присуствува и на настанот на првиот Форум на Европски Балкан, 20 години по Самитот на ЕУ во Солун, каде ќе се обрати на тркалезна маса на тема: „Моменталниот однос на ЕУ кон Земјите од Балканот“.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно