Топ 10 причини зошто мажите раскинуваат

Факт е дека огромен број на врски завршуваат неуспешно. Сигурно ќе поминете или веќе сте поминале низ барем неколку врски пред да го запознаете вистинскиот. Најверојатно сте скршиле нечие срце и/или некој го скршил вашето. Во моментите кога оној со кого сте во врска решил да ви каже збогум, веројатно сте се запрашале која е причината, особено ако таа не била очигледна.

Еве дел од најчестите причини поради кои мажите решаваат да им раскинат на своите партнерки:

Манипулација преку „љубовни игри“. И мажите не се невини кога се работи за користењето на тактики за зачувување на доминацијата во врската и изнудување на нешто, но жените почесто се служат со тактики за манипулација или за казнување на партнерот за некоја лоша постапка. Имено, жените преку молчење или воздржување од секс често се обидуваат да им одржат лекции на мажите. Понекогаш ваквите женски постапки се причина за мажите да стават крај и да заминат.

Отсуство на сексуални односи. Раскинувањето поради отсуство на секс е толку често што ако не ви се случило вам, тогаш сигурно ѝ се случило на ваша пријателка. Реалноста вели дека огромен број на мажи ги напуштаат своите девојки затоа што тие не се подготвени да им се предадат. Некои одат и дотаму што ги уценуваат своите девојки и им поставуваат ултиматуми.

Чести љубоморни сцени. Колку и да сакате некој, ако тој секојдневно страда од испади на љубомора, го контролира секој ваш чекор и постојано ве испрашува, еден ден ќе ви дојде преку глава. Истото се случува и кај мажите. Љубоморните сцени кога се ретки се слатки, но кога ќе зачестат се вистински убиец на страста и на хармоничните односи.

Секојдневен дожд од критики. Секој сака да се чувствувате ценет и од време на време да слуша комплименти и пофалби. Па, ако недостигаат вашите мили зборови и секојдневно врз него истурате дожд од критики, тој може да посака да се префрли во друга прегратка каде што ќе се чувствува ценет онаков каков што е.

Преголема самостојност. Мажите сакаат да се чувствуваат корисни, сакаат да ги „спасуваат“ жените кога се во неволја и да бидат еден вид на херои. Доколку ѝ пристапувате на врската со ставот „Сè можам да направам сама“, еден ден тој може да се запраша: „Зошто сака маж кога не ѝ е потребен?“. Мажите имаат потреба да го хранат своето его.

Преголема зависност. Преголема независност и преголема зависност – двете крајности можат да го натераат да се откаже од врската, колку и да го привлекувате. Мажите сакаат да се во врска со жена која ќе им го разубавува животот и која си има сопствен живот настрана од врската. Илјадници жени откако ќе влезат во врска, целосно се фокусираат на партнерот и забораваат на своите пријатели, хобија и интереси, па со тек на време стануваат премногу зависни од него, не можат да донесуваат самостојни одлуки и редовно се консултираат со него буквално за сè. Мажите сакаат да се грижат за својата партнерка и да можат да ѝ помагаат, но кога барањата за помош се во границите на умереното.

Фобија од обврзување. Некои мажи едноставно не сакаат да се во долги врски и имаат страв од обврзување. Тие се подготвени да ѝ раскинат дури и на девојка која ќе им влезе под кожа, само и само за да ја избегнат долгата врска. Во нивната глава е зацртано дека им е рано за обврзување и се подготвени на сè за да си ја зачуваат својата слобода.

Отсуство на физичка привлечност. На крајот на краиштата мажите се визуелни суштества и копнеат пред себе да имаат жена која ќе ги привлекува и возбудува. Во некои случаи физичката привлечност може да не е пресудна за одржување на врската, затоа што факт е дека луѓето со текот на годините се менуваат, но за жал, на многумина привлечноста им е пресудна.

Вмешување на пријателките во врската. Жените имаат потреба да дискутираат за својата врска со пријателките. Но, тие разговори мора да имаат граница. Не треба секое случување во врската веднаш да станува тема на разговор со пријателките, а уште помалку секој нивни совет со брзина на светлината да биде имплементиран во вашата врска. Не можете да ѝ дозволите на пријателката која никогаш не славела два родендени со исто момче да ви соли памет што треба да правите кога имате љубовни проблеми. Мажите до одреден степен го разбираат женското пријателство, но кога ќе почувствуваат дека тоа им создава премногу главоболки, го избираат полесниот пат.

Здодевност и монотонија во врската, чувство дека има и подобро. Скоро сите врски започнуваат бурно, исполнети со страст и забава, но кога огнот ќе згасне, треба да знаете како повторно да го запалите. Ако тој почувствува здодевност и кај него исчезне возбудата, ќе започне да размислува дека може да му биде подобро со некоја друга, односно дека заслужува подобро.

Храбар потег: Ја сретнал на фонтана и веднаш ја бакнал!

Минатиот петок дечко бакнал на улица млада девојка од Ријека. Ништо необично за една петочка вечер. Но, тој бакнеж оставил толку силен впечаток на девојката па таа решила да го бара дечкото по секоја цена.

– Беше кратко, но незаборавно. Дечкото е со кафеава коса, а носеше црна кожна јакна, раскажа девојката.

Како што раскажува девојката, таа и три нејзини другарки се сретнале на плоштад во Ријека, кога кај фонтаната им пришол млад дечко и ја бакнал девојката. Веќе во понеделникот изутрина таа јавно кажала дека сака момчето да и се јави, при што порталот РијечанИн ја одиграл улогата на посредник.

– Ние четири излеговме во петокот на 8ми март да прошетаме, а малку и да се напиеме. Кај фонтаната на плоштадот Коблер другарка ми на шала ме испрска со вода и јас целата бев мокра. Во тој момент дојде еден дечко, ми кажа дека сум многу убава и ме бакна. Но, набрзо си замина, а јас не стигнав ни да го прашам како се вика. Сега го барам, сакам да го запознаам бидејќи тој и неговиот потег многу ми се допаднаа – раскажа девојката за РијечанИн.

Мистериозниот заводник не чекаше долго за да се јави. Имено 19 годишното младо момче со иницијали П.Ј., кого редакцијата го нарече Петар, набрзо се јавил и кажал дека тој ја бакнал девојката.

Еве како романтичниот краток состанок изгледа од негов агол:

– Бев излезен со другарите и бевме доста весели. Знаете како оди тоа кога ќе се опуштиш за време на викендот. Здогледав една група на прекрасни девојки и пријдов на најубавата и ја бакнав. Бевме секој со своето друштво и немавме време да поразговараме подолго. Кога го видов нејзиниот повик денеска, без многу размислување одлучив да и се јавам – раскажа „Петар“.

А заклучниот коментар за РијечанИн го даде и младата девојка:

– Среќна сум зошто го пронајдовме момчето кое беше заслужно за еден прекрасен и романтичен момент. Веќе се слушнавме и во најбрзо време се надевам дека ќе излеземе на кафе и ќе се запознаеме подобро. Јасно ми е дека овој наш необичен потег, потрага по дечко, многумина го протолкуваа и како шала, но мене навистина драго што преовладуваа позитивни коментари и дека секогаш треба да бидеш упорен во нешто што сакаш да го оствариш.

Зошто љубовта секогаш доаѓа кога најмалку очекуваме?

Сите сме поминале низ тешки периоди кога ни недостасувала љубов и сме се чувствувале осамени. И после сите тие фази секогаш следи период во кој се чувствуваме дека се е можно во нашиот љубовен живот.

Дали сте забележале како одеднаш сѐ се менува и добиваме покани за излегување секогаш кога изгледа дека сме среќни со нашиот самечки живот? Зошто секогаш запознаваме некого баш во моментот кога се откажуваме од барање?

Независноста е привлечна

Независноста не значи да сакаш нешто што не можеш да го имаш. Независноста значи да ти биде удобно во своја кожа.

Очајот не е привлечен

Кога премногу се трудиме и постојано не успеваме – тоа нѐ исцрпува. Се чувствуваме одбиено и несакано. И тоа ќе се одрази на нашиот изглед. На нашето лице, на нашето тело и на говорот на нашето тело. Тешко е луѓето да го видат најдоброто во нас, кога ова е единствената страна која ја гледаат. А луѓето можат да намирисаат очај од голема далечина. Затоа, не се трудете толку многу.

Премогу размислуваме

Понекогаш, кога мислиме на нашите проблеми, можеме да ги поправиме. Но, кога станува збор за љубовта, ова може да е контра-продуктивно. Ја бараме секоја можна маана, затоа што не сакаме да си го губиме времето. И на крај ги преувеличуваме и најмалите проблеми, а тоа нѐ спречува подобро да ја запознаеме другата страна.

Кога престануваме толку силно да бараме некој друг, се запознаваме подобро себеси

Запознавањето на работите кои ги сакаме нѐ прави среќни. Ние ги следиме нашите сопствени интереси и активности, затоа што ги сакаме. И тоа нѐ прави задоволсни. И среќата која тоа ја носи со себе е заразна, го брише очајот и прави да престанете толку многу да анализирате.

Кога се фокусираме на нашите страсти, запознаваме луѓе кои ни се слични и така се зголемуваат шансите да запознаеме некого

Многу често се поврзуваме со некого токму затоа што имаме заеднички работи. Па затоа, кога правиме нешто што сакаме, ние сме на правото место за запознавање на прави луѓе. Секако дека не ги правиме тие работи за да запознаеме некого, но сепак поголеми се шансите да се случи тоа без да го бараме тоа.

Кога престануваме да се замараме толку, делуваме поопуштени и полесни за комуникација

Тоа е затоа што сме такви. И не, животот не си подигрува со нас, туку едноставно треба повеќе да се фокусираме на нашите животи и интереси. И секогаш се случува тоа кога ќе престанаме да бараме.

Популарно