ВИДЕО: Огромни колони пред новиот пункт на МВР за сликање иако тој не е отворен

Долги колони граѓани, главно пензионери од утрово чекаат за сликање за нови документи откако во медиумите беше објавена информацијата дека е отворен новиот пункт на МВР во спортската сала на полициската станица Пролет, пренесува ПРЕСС24.

Но, официјално, пунктот на МВР не работи. Граѓаните кои што денеска дошле таму веројатно биле погрешно информирани бидејќи МВР во текот на изминатите неколку дена и во наредните ќе врши тестирање на системот па така за сликање биле повикувани главно вработени во полицијата и разни здруженија на граѓани, новинари и слични групи кои биле користени за да може системот да се провери пред и официјално да биде пуштен во употреба.

Од полицијата велат дека официјално отворање на пунктот ќе има за неколку дена за што сите граѓани соодветно ќе бидат известени преку медиумите. Но и покрај тоа, денеска нашиот репортер забележа долги колони пред салата.

Пукање на Бит Пазар - еве ги деталите

На 06.12.2023 околу 18.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода И.Р.(33) од Скопје, поради сомнение дека непосредно пред тоа на подрачјето на Бит Пазар од пиштол испукал неколку куршуми во воздух.

При преглед во возилото „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм со рамка со 13 куршуми и уште една рамка со 17 куршуми. 

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и дoкументирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Мајката на убиената Вања: Не можам да разберам зошто моето преубаво девојче е во гроб

- Неговиот живот не ме интересираше. Мојот живот беа децата. Беше оставен на мир за и тој мене да ме остави на мир, кажала Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања во изјава за српска „Репбулика“.

- Не сум во состојба да зборам. Се уште не знам зошто се случи ова. Го чекам епилогот. Не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол. Несфатливо ми е зошто моето преубаво девојче е во гроб. Имам хронична болест, но се држам. Важно ми е само да ја дознаам вистината. Другата ќерка е болна, сите се надеваме дека ќе биде добро. Ништо не знам, мене сето ова ми е нереално. Бевме разведени пет години и не знам што правел и со кого. Бевме во добри односи заради децата, не се расправавме околу старателството, воспитувањето. Смееше да ги види кога сака или кога ќе посакаат децата. Неговиот живот не ме интересираше. Мене животот ми беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мир, за да ме остави мене на мир, изјавила за Република мајката на Вања Ѓорчевска.

Комплекс згради меѓу кои две со по 35 ката ќе се гради во Тафралиџе, кај поранешна „Алумина“

Комплекс на згради со различна катност, меѓу кои двете највисоки ќе бидат со по 35 ката, поточно со приземје и 34 ката ќе се гради во Тафталиче на просторот кај поранешната фанрика „Алумина“, пренесува СДК.мк.

Едната од нив, според предложениот Детален урбанистички план, е наменета за деловни простории, додека другата ќе биде станбена зграда. Покрај нив, на овој простор ќе има и две 14-катници, една десеткатница и две згради на 9 ката, сите наменети за домување.

Според она што може да се види на 3Д приказот во прилог на јавната презентација на ДУП за Градска четврт 3 06, блок 11, објавен на веб-страницата на Општина Карпош, на просторот ќе се изградат модерни згради, со зелени тераси и покриви, а меѓу објектите ќе има зеленило и пешачки патеки.

Станува збор за плански опфат кој се наоѓа меѓу улицата Прашка, булеварите 8 Септември и Митрополит Теодосиј Гологанов, како и новопроектираната улица С6. Предлог ДУП-от во моментов е на јавна анкета, која ќе трае до 15 декември, а на 12 декември ќе се одржи и јавна презентација во просториите на Општината, каде граѓаните кои живеат во овој плански опфат можат да доставуваат и анкетни листови секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.

Популарно