Бубевски: Сторителите ги фатило паника оти се крена јавноста и решиле да го убијат детето

Сторителите ги фатило паника оти се крена јавноста и решиле да го лишат од живот детето а парите да ги бараат подоцна, посочи во одговор на новинарско прашање јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

- Имаме искази како дошло излегувањето од контрола за само два часа и убиство на девојчето. Сторителите ги фатило паника оти јавноста во целост беше ангажирана во пронаоѓање на детето, па одлучиле дека парите ќе ги бараат подоцна и го лишиле од живот детето, појасни Бубевски на новинарско прашање.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Неофицијално: Пациент на радиологија за малку згмечен од кислородната боца!

Неофицијално како што дознава порталот ЗаСе.мк од извори од институтот за радиологија при Државната болница, денеска 13.10.2025 година бил примен пациент од друга клиника, кој бил приклучен на кислородна поддршка.


Пациентот требало да биде снимен на магнетна резонанца, при што пред снимањето не била одстранета боцата. 

Според извори вработени бд институтот, кога бил вклучен апаратот за да се направи снимката, металната кислородна боца се заглавила во апаратот за магнетна резонанца и ја загрозила безбедноста на пациентот, а воедно и го уништила апаратот. Екипа сервисери од производителот допрва ќе треба да дојдат и да утврдат колкава е причинетата штета и дали воопшто може да се поправи. 



Од трите магнетни резонанци, едниот ќе остане вон употреба, што значи дека ќе се зголеми времето за чекање на пациентите, кои и онака со месеци чекаат за да дојдат на ред

Шукова: Жителите на Ѓорче Петров заслужуваат многу повеќе од кал, трње и лажни ветувања

Кејот во Ѓорче Петров, требаше да биде симбол на урбано зеленило и активен живот, истакна Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје, порачувајќи дека жителите на Ѓорче Петров заслужуваат многу повеќе од кал, трње и лажни ветувања.

„Се сеќавате што ветија? Зелен спортски кеј, 40 километри вело и еко коридори. А што добија жителите, ниту спорт, ниту зеленило, само запуштен простор и уште едно разочарување. Ѓорче Петров е оставена општина, како да не е дел од Скопје“, истакна Шукова во изјава за медиумите.

Таа го посочи конкретниот потег од Влае до Хром, долг само еден ипол километар, како вистинска слика за неработењето и игнорирањето на основните потреби на граѓаните од страна на ВМРО ДПМНЕ. Според неа, тоа не е само урбанистички, туку и политички пропуст, симбол на нефункционален град.

„Ако некој не знае да поврзе само еден километар ипол, како очекувате да поврзе град, идеи и луѓе?“, праша Шукова.

Шукова најави проект за целосно уредување на овој простор. Планирана е современа, безбедна и зелена пешачко-велосипедска патека која ќе стане дел од континуирана, урбана врска помеѓу Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром и Гази Баба, вистинска зелена оска низ срцето на градот.

Во фокусот е создавање на простор којшто не служи само за транзит, туку за живот. Решенијата опфаќаат уредено корито, ново зеленило, јавни простори достапни за сите генерации и нов урбан пулс којшто ја враќа довербата на граѓаните во можноста за уреден, функционален и здрав град.

Шукова најави дека Ѓорче Петров нема да биде третирано како периферија, туку како точка од која започнува вистинското поврзување.

„Имаме план, имаме решение, знаеме како. Нема повеќе празни ветувања ова е почетокот на ново, поврзано, зелено и живо Скопје“, истакна Шукова.

Популарно