Две неработни среди во април - еве кога ќе одмараме овој месец!

Месец април има два неработни дена за сите граѓани во земјава. 

Согласно календарот на неработни денови, 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам ќе биде неработен за сите граѓани. 

Освен овој ден, неработен за сите граѓани ќе биде и денот од првиот круг од претседателските избори кој е закажан за 24. април, односно среда.

По април, во месец мај неработни денови за сите се:

-1ви Мај (Среда), Ден на трудот

-6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

- 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

Возач прегазил старица во центарот на Скопје, па избегал

85-годишна скопјанка вчера попладне била прегазена од возач кој избегал од местото на несреќата.

- На 07.10.2024 во 14.25 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена А.З.(85) од Скопје. Според пријавеното, околу 12.00 часот на сервисна улица која се поврзува со бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје била удрена од патничко возило, по што возачот го напуштил местото, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Ниски цени и недоволна транспарентност при продажба на државно градежно земјиште, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште“ кое открива дека oпштините не ги информираат граѓаните за реализираните продажби на државно градежно земјиште, истакнуваат од центарот.

Поконкретно, како што наведуваат, истражувањето ги покажало клучните наоди: Општините ги објавуваат одлуките за отуѓување на државно градежно земјиште само во Службен весник на РСМ. Но, ниту една од мониторираните општини не презема други активности за информирање на граѓаните, односно донесените одлуки за продажба на земјиште и склучените договори со купувачите не ги објавуваат ниту на своите веб-страници.

Нетранспарентноста оди дотаму што дел од општините не ги доставија склучените договори ниту преку барање за пристап до информации од јавен карактер. На овој начин се оневозможува информираност на граѓаните и се зголемува ризикот од злоупотреби, се истакнува во истражувањето.

„Цената за 1 м2 државно земјиште во изминатите пет години се движела од 71 до 18.400 денари (од 1,2 до 299 евра). Просечно, во постапките за продажба на државно градежно земјиште учествувале по 4 потенцијални купувачи. Имајќи го ова предвид на општините им се препорачува:

Да ги објавуваат одлуките за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата на своите веб-страници, исто така и склучените договори со купувачите на државното земјиште. На овој начин ќе се овозможи поголем увид на граѓаните и навреме ќе може да се укаже на евентуални незаконитости во процесот.

Зголемувањето на транспарентноста на целиот процес на продажба на државното градежно земјиште треба да придонесе кон зголемување на довербата на граѓаните во процесот и, воопшто, во секторот градежништво, каде што изминатите декади се наталожија сериозни проблеми и овој сектор стана еден од најподложните на корупција“, истакнуваат од центарот.

Истражувањето било изготвено во рамките на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, во периодот од 1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година. 

(Фото + Видео) „Конти“ пропадна, се појави „Грок“- нова пирамидална шема

Не требаше да помине долго време, а веќе се појави нова пирамидална шема наречена „Грок“. Се е исто како и претходната „Конти“ која однесе преку 10 милиони евра пари на македонските граѓани. На социјалната мрежа веќе се собрани 1000 корисници кои се спремни да вложат пари иако го знаат ризикот дека истите ќе ги изгубат.

Порталот „Мета“ пишува дека извесен Мартин Стојанов од Радовиш е претходен администратор и на претходната „Конти“ но и на новата „Грок“ апликација. Шемата воопшто не се разликува од претходно. Се инсталира апликација, се кликаат лајкови на филмови, се вложуваат пари, а има и различни пакети. Но, заработката не доаѓа од „кликовите“, туку од привлекувањето нови и нови луѓе. Колку си погоре во пирамидата, толку е поголема веројатноста за заработка.

Стојанов за Мета.мк вели дека не чувствува никаква одговорност поради тоа што голем број луѓе веќе изгубија илјадници евра преку платформата „Конти“ за брза заработка.

„Јас ги предупредив луѓето дека Конти ќе паѓа, од 14.000 луѓе, само 2.000 ме послушаа. Тие сега чекаат нова шанса од мене“, вели Стојанов, додавајќи дека „сè е на нивни ризик, бидејќи утре може да падне и новата апликација“.

На прашањето како знаел дека ќе падне „Конти“, Стојанов одговара дека уште пред 10 години е влезен во овие пирамидални шеми и е целосно запознаен со тоа како функционираат. За „Конти“ дознал преку Словенија, од неговата бивша девојка, која во декември 2023 година „влегла“ во апликацијата. Над неа имало една претпоставена, а главен менаџер била извесна Ангела, за која никој не знае која е.

„Никогаш ниту ја видовме, ниту пак ја чувме во разговор во живо. Таа комуницираше со нас само преку Телеграм. Не знаеме буквално ништо за неа, ниту од каде доаѓа“, вели Стојанов.

реклама

Со оглед на тоа дека тој, заедно со уште едно лице од Кавадарци, Александар Димков, први влегуваат во шемата, „Конти“ прво почнува да се шири низ Радовиш и Кавадарци, а потоа и во Велес. На сметката на Бајненс (Binance – платформа за тргување со крипто валути), како што објаснува Стојанов, му легнувале по 2 илјади долари неделно, како плата, а во меѓувреме, пирамидалната шема расте и достигнува 14.000 членови.

„Дури и полицијата од Радовиш беше влезена во Конти“, вели Стојанов.

Како „бизнисот“ цвета, така и главните администратори добиваат повеќе и повеќе пари, но и привилегии. Александар Димков го отвора првиот инфо центар на Конти во Кавадарци со паричен влог од 10.000 евра, а во август годинава, Стојанов го отвора инфо центарот во Радовиш со паричен влог од 5.000 евра.

На нашето прашање дали се плаши дека за сето ова може некогаш да одговара, тој самоуверено одговара:

„Мене луѓето сами ме бараат. Еве чекам некој да дојде во МВР да пријави, но никој не пријавува. Луѓето доаѓаат кај мене, не одам јас кај луѓето, тие сами си прашуваат и влегуваат во ова. Важно е кога ќе инвестираш, колку да инвестираш и да знаеш кога да се повлечеш“, вели тој.

Стојанов вели оти не знае колку ќе трае новата пирамидална шема и дали и таа набргу може да се сруши со сите вложени пари на луѓето.

„Не знам, сега моментално истражувам, прегледувам илјадници сметки“, вели Стојанов.

Популарно