Приведена 21-годишна девојка барана со потерница

Вчера во 23.00 часот на ул.„Димо Гавровски Кара“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Ф.Ј.(21) од тетовско Дебарце, која била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна.

 

Таа била спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Израелците го убија првиот човек на Хамас

Израелскиот канал 12 добил потврда од висок израелски функционер дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е елиминиран.

Претходно беше објавено дека израелската војска истражува дали водачот на Синвар е убиен во напад за време на операциите во Појасот Газа.

Синвар, главниот архитект на нападот на Израел од 7 октомври 2023 година, кој ја започна војната во Газа, беше именуван за лидер на Хамас по убиството на тогашниот водач Исмаил Ханија во Техеран во август.

Мицкоски: Арсовска нема капацитет за капитални проекти

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител, вели дека Данела Арсовска нема капацитет да реализира капитален проект за изградба на Булеварот „Хасан Приштина“, потенцирајќи дека иако веќе 2 години 10 милиони евра се префрлени на сметката на Град Скопје нема потрошени ниту фенинг од тие средства.

„Е сега кога сме кај тоа. Да тоа е капитален проект. Треба да е комплетен, а второ треба да се потрошени оние 10 милиони евра кои што веќе се дадени за реализација на еден таков капитален проект како што е Булеварот „Хасан Приштина“ кој што не само што не е почнат две години, туку ниту фенинг не е потрошен“, рече тој.

„Сега ако некој нема капацитет да реализира капитални инвестиции, како што е тој булевар, тој патен правец, иако морам да признам до мене стигаат многу информации дека се тргува со тие средства кој што ги има Градот Скопје на својата сметка од страна на државата префрлени, па се бараат градежни фирми кои што тоа ќе го изведуваат и итн., има институции со тоа што се занимава. Но, факт е дека тој проект не е почнат со реализација и сега кога вие ќе видите дека некои 10 милиони евра му стојат 2 години на сметка, а не инвестирал ниту фенинг од тие 10 милиони евра, тогаш логично е да го поставите прашањето зошто па и тие 10 милиони евра не си ги вратиме назад во буџетот и да ги искористиме за нешто кое што е потребно за граѓаните во некои општини кои што се по подготвени“, дециден е Мицкоски.

Коста К: Сакам да бидам психопат

Детето кое изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Србија на денешното судење изјавило дека пукало во врсниците затоа што „било под притисок на родителите“, објави Телеграф.рс.

Освен што вината повторно ја префрлил на родителите, тоа, според информациите до кои дојде Телеграф.рс, кажало и дека „сакало да биде психопат“.

Претходно, тоа наводно пред обвинителството и судот изјавило дека масовното убиство го извршил со двата пиштоли на неговиот татко, кои како што раскажа „лесно ги нашло во плакарот во станот и два дена пред злосторството ги префрлил во својата соба.” Потоа потврдил дека татко му го однел на стрелиштето и му рекол дека е „горд на начинот на кој пука, на неговата техника и прецизност“.

„Да го немав пиштолот на татко ми, немаше да го направам масакрот. Оружјето ми беше на дофат – наводно изјавил при сведочењето К.К.

И на последното судење тоа немаше убави зборови за мајка си. Рече дека таа барала тој да биде најдобар во се и дека нејзиното однесување било повод за тој вооружен да оди во „Рибникар“ и да пука во школските другари.

Популарно