(Фото) „Ти оставаш зад себе планина и од тага и од дела“ - Колегите новинари во шок од прераната смрт на Саше Димовски

Потресни објави на социјалните мрежи во кои колегите новинари се простуваат од прерано починатиот новинар Саше Димовски.  

Имаше 47 години, а почина изненадно по тешки здравствени компликации низ кои минуваше последниве години.

Беше одличен познавач на судството, праведен и голем човек, велат колегите за него. 

- Светол пат, драг!  Нѐ смрзна сите оваа ужасна вест. Ти оставаш зад себе планина и од тага и од дела, објави новинарката Катарина Синадиновска. 

- Почивај во мир Саше, последниот новинар кој вистински ги познаваше случувањата во судството и толку многу пати ни се најде и ни помогна. Во моето сеќавање вечно ќе стои твојот ентузијазам за животот кој го сакаше и покрај сите пречки и предизвици кои ти ги приреди и со кои храбро и достоинствено живееше. Како што малкумина од нас би можеле, напиша колешката Сашка Цветковска. 

- Ах бе Саше... Уште те чекам да се појавиш од некаде да ја демантираш оваа лоша вест да речеш проверувај од три извори Мирославо! Не постоеше поправичен од тебе во Советот на честа на Здружението на новинарите, ниту пак постоеше некој новинар што подобро го разбираше судството. Имаше во тебе бунт ама не тинејџерски туку стручен. Ми е жал што се нервираше за се и сешто во оваа држава. Остроумен и не се предаде никогаш. Ти за мене беше Саше и ќе останеш најдобриот новинар што Македонија го имала во областа на судството. Почивај во мир, објави новинарката Мирослава Симоновска.

- Ќе ми фалиш другариште ни едно. Една цела енциклопедија на смешки, судски приказни, новинарски драми, се затвора со тебе. Уште долго нема да има друг толку принципиелен и информиран како што беше ти. Почивај во мир драг мој Саше, објави Ели Пешева. 

- Нè напушти другар. За неговите професионални новинарски достигнувања, способности, знаења, умеења и интегритет ќе оставам да кажат колегите и сигурна сум дека ќе го опишат Саше онака како што јас никогаш не би можела. Но, мене ме напушти другар. Кој секогаш креваше телефон, кој секогаш беше тука ако треба, со кој сме имале бескрајни разговори и смеење. За неговиот сарказам, отвореност, аналитичност, бескомпромисност, инсистирање за следење на законот и етиката, ќе зборуваат долго и неговите пријатели и неговите непријатели. Во правосудни кругови, додека јас имам кариера ќе се зборува за Саше, зошто пред него немало, а после него нема да има таков човек. За тоа дека загубивме "гугл" на "тајните" врски во судството ќе оставам сите да осетиме празнина. И ќе осетиме, вели во својата емотивна објава правничката Сузана Јошевска Анастасовска.

- Со штотуку наполнети 19 години редакцијата ми изгледаше како сцена од здодевен филм. Нељубезни и нервозни фраери и амбициозни женски. Професионална просечност и ендемска неталентираност, ама и злобност, гордост и надменост. Ужас. На само едно од лицата можеше да се пронајде љубезност, искреност и добар хумор, напиша колегата Срѓан Ивановски. 

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно