Обид за убиство врз 17 годишно момче, со скалпел му го пресекол вратот

Основното јавно обвинителство Тетово донело наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник осомничен за кривично дело убиство.

Како што информира државното Јавно обвинителство, осомничениот на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му исеченици со скалпел кај вратот и десното уво.

Оштетениот успеал да побегне, а осомничениот со скутер го напуштил местото на настанот, наведува ЈО во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, „бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело“.

Се судрија камион управуван од 18-годишник и возило во Дебар, две лица се повредени

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила по полноќ во Дебар.

- На 01.10.2024 во 01.40 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на улица.„Јусуф Гравала“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(18) од Дебар и патничко возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ч.(38) од Дебар. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Љ.Т.(53) од Дебар, сопатничка во товарното возило, додека возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар, соопштија од полицијата. 

Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи. 

Се надевам дека се најдовте со тато, оти тој препека... Џамбазов емотивен за смртта на мајка си

Нашиот познат актер и шоумен Игор Џамбазов ѝ посвети емотивна објава на својата мајка Анче на својот инстаграм-профил. Тој објави фотографија од мајка си, а во позадина се слуша песната на Роџер Вотерс со наслов „Mother“ по повод 27 години од смртта на познатата Анче Џамбазова.

- Мајко моја златна. Дваесет и седум години поминаа, а ти се уште си присутна, те спомнувам секојдневно и не престануваш да ме инспирираш. Се надевам дека се најдовте со тато, оти тој препека по тебе дур беше жив. Јас сум добар, да не ме мислиш... - напиша Џамбазов. 

Орце Ѓорѓиевски: Имам амбиција да бидам градоначалник на Скопје

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на ТВ Сител посочи дека има амбиции за кандидатура за прв човек на Град Скопје.

Тој истакна дека во изминатите 3 години покажа како со успешен менаџмент, од општина која била на маргините со милионски долгови, можело суштински да се решаваат проблемите од сите области и напредокот да е видлив и почувствуван од сите жители.

- Покажавме како заедно со тимска работа, со вклучување на сите советнички групи може да се оправда довербата. Верувам дека мојата партија ќе спроведе низа анкети, а исто така длабоко верувам во граѓаните на Скопје и во мојот народ и убеден сум дека ќе добијам поддршка за кандидатура за прв човек на Град Скопје, истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот нагласи дека во рамки на ЗЕЛС се изработуваат предлог законски измени за одземање на ингерeнции на локална самоуправа како и за предвремено прекинување на функцијата градоначалник, кои превентивно би ги штителе сите граѓани од евентуално неажурно работење на било кој актуелен или иден градоначалник од било која општина вклучувајќи го и Градот Скопје. 

Популарно