Најавен штрајк пред Град Скопје, ќе протестираат вработените од ЈП Улици и патишта поради неисплатена плата

Вработените од ЈП„ Улици и патишта“ преку писмено соопштение информираа дека се најавува штрајк пред просториите на Град Скопје поради неисплатена плата. Како што велат од таму ова се должи на катастрофалното менаџирање на двоецот Арсовска - Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски.

Во соопштението се посочува дека претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на личниот доход на вработените.

Според вработените причините за ваквата состојба се следните:

 1. Презадолжување на претпријатието кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари;

2. Не плаќање на долгот од страна на директорот, односно градоначалничката, т.е. селективно плаќање на фирми блиски до секретарот и градоначалничката;

3. Сметката е блокирана во износ од 10 милиони денари и извршни решенија во износ од 40 милиони денари кои ќе стапат на сила наредниов период;

4. Во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Причина за ова е не плаќањето на обврските кон добавувачите, а со тоа и испораката на материјалите;

5. Градежни машини и возила што поради погоре наведените причини се со дефекти и не се сервисираат со месеци;

 Од страна на вработение се додава дека тие се принудени преку штрајк да го остварат своето право на личен доход и истиот ќе биде пред Собранието на Град Скопје кога вработените ќе дојдат со целата механизација.

Пожар во куќа во тетовско Желино, изгоре 90-годишен маж

Регионалниот ЦУК Тетово, известува за пожар во куќа во тетовско Желино. Како што пренесуваат од таму во периодот од 23.34 до 02.45 часот после полноќ 11 пожарникари и 4 ПП возила гаснеле запалена куќа во с. Стримница.

„Уште во текот на интервенцијата од ПС Групчин, конкретно во 00:19 часот дежурните известиле дека во пожарот машкото лице на 90 годишна возраст го загубило животот во големиот пожар. Од страна на тетовските пожарникарите починатото лице е извадено од куќата и за настанот беа известени јавен обвинител и лекар по судска медицина за понатамошна постапка, а увид на местото на пожарот извршила екипа од СВР Тетово“, се вели во соопштението

РЦУК Скопје ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје дека во изминатото деноноќие имала две помали интервенции на отворен простор.

(Видео) Твитерџија покажа колку е загаден воздухот во Скопје

Твитер профилот Fich of Brayan покажа колку е навистина загаден воздухот во Скопје.

Од она што може да се забележи од видеото постирано на неговиот профил се гледа како мерачот за воздух кој покажува 25 пм честитки на загаденост во внатрешните простории на неговиот дом што се смета дека е нормално, веднаш ќе рипне до фантастични 411 пм честитки штом излезе на балконот и е индикатор на екстремна загаденост.

Инаку Скопје и утрово се најде на шестото место по загаденост на воздухот во светот со индекс на загадување од 155, според последните податоците на платформата „Ај-Кју-Ер“.На листата Скопје се најде по Делхи во Индија,  Лахоре во Пакистан, Каиро Египет, Сараево во БиХ и Карачи во Пакистан.

Популарно