Инцидент на Скопскиот аеродром

На 29.04.2024 во 05.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(43) од Република Србија, затоа што во терминалната зграда го оштетил стаклото на заштитната врата.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.  

Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип

Синоќа е пронајдено безживотно тело на почината 26 годишна девојка од Кавадарци во куќа во близина на Градската црква „Св Никола“во Штип.

Возила на полицијата и Итна помош биле пред куќата.

Неофицијално девојката била почината пред неколку дена, а според првичните информации таа во куќата живеела под кирија.

Од СВР Штип повеќе детали за настанот најавија за денес.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред

Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од јавното претпријатие додаваат дека жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

-Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, велат од ЈСП Скопје. 

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

Популарно