Детали од убиството - го убил докторот зашто мислел дека ги лажира резултатите

Познатиот хирург од Краљево, др- Слободан Лукиќ (66), долгогодишен шеф на Одделот за хирургија при Здравствениот дом "Студеница" вчера ладнокрвно беше убиен од страна на пензионираниот поштенски службеник Будимир Милосављевиќ (76).

ubistvo

Убиството се случило околу 08:30 во предниот дел на зградата каде што живеел хирургот, и по убиството на лекарот, Милосављевиќ се обидел да изврши самоубиство, но бил спречен од минувачите.

Др- Звонимир Веселиновиќ директор на Здравтвениот дом Студеница изјавил дека др- Лукиќ вечерта бил дежурен и имал итна операција па веднаш по дежурството, тргнал накај својот дом.

- Убиецот знаел по кој пат Слободансе враќа дома, ги знаел сите негови навики. Слободан му ја оперираше жолчката, а тој по операцијата имаше некакви компликации кои не беа сериозни, но тој помисли дека станува збор за рак а др- Слободан ги лажира резултатите така што вели дека тој е сосема здрав.

Милосављевиќ навистина беше здрав. Слободан често го гледаше Милосављевиќ во здравствениот центар, но тоа не го сфаќаше сериозно вели др- Веселиновиќ.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно