ДИК: ВМРО- ДПМНЕ ја однесе победата во 54 општини, СДСМ во 7 општини

Од вкупниот број избирачки места 97,48 % се обработени до сега. Излезноста е висока 67,06 %.

Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори со убедливо најмногу општини 54, Сојузот за Иднината и СДСМ 7 општини, ДУИ победи во 11 општини, по една општина им припадна на ДПА, Српската напредна партија во Македонија, Националната демократска партија, Демократската партија на Турците и Сојузот на Ромите во по една, а во две општини победија независни кандидати.

Според резултатите од ДИК, во Аеродром најмногу од гласовите 63,28 отсто освоил кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски со 63,22 отсто пред Диме Велковски од коалцијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ со 31,85 проценти.

Во Берово кандидатот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Драги Наџиски освоил 49,69 отсто, а на СДСМ Ѕвонко Пекески 49,51. Во Богданци Зоран Прочков од СДСМ 50,08, а Анастасија Олумчева 44,16. Во Босилово најмногу гласови освоил Љупчо Колев од ВМРО-ДПМНЕ 53,22, а Жанко Зимбаков од СДСМ 45,59. Во Бутел Петре Латиновски од ВМРО-ДПМНЕ 49,88, а Коста Начевски од СДСМ 23,88.

Во Василево Ванчо Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ 62,93, а Васил Коцев од СДСМ 35, 92. Во Велес Аце Коцевски од СДСМ 50,74, а Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ 47,43. Најмногу гласови во Врапчиште добил Бајрам Кадрија од ДУИ 36,75, Исен Шабани од ДПА 33,35 и Јусуф Хасани од коалицијата ДПТ-НДП 27,34. Во Гевгелија Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ 56,26, а Саве Марачков од СДСМ 41,72.

Во Градско најмногу гласови освои Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ 51,98, додека Љупчо Иванов од СДСМ 46,74. Во Дебрца Љупчо Којчиноски од СДСМ 49,71, а Игор Трајкоски од ВМРО-ДПМНЕ 47,86. Најмногу гласови во Демир Капија доби Трајче Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ 69,23, а Зоран Мишев од СДСМ 28,08.

Во Дојран победи Борче Стамов од ВМРО-ДПМНЕ со 56,80 отсто од гласовите, а Никола Ајцев освои 41,82 отсто од гласовите.

Во Ѓорче Петров Сокол Митровски од ВМРО-ДПМНЕ 49,04, а Александар Наумовски од СДСМ 46,44. Најмногу гласови во Зелениково освои Веле Груевски од ВМРО-ДПМНЕ 53,04, а Томе Ангелковски од СДСМ 14,70, во Илинден Жика Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ 69,93, а Миле Велиновски од СДСМ 26,81, во Кавадарци Александар Панов од ВМРО-ДПМНЕ 48,24, а Бетијане Китев 28,31.

Во скопската општина Карпош Стевчо Јакимоски од Српската напредна партија доби 47,14, Андреј Петров 26,34 и Јагнула Куновска од ВМРО-ДПМНЕ 25,85 отсто од гласовите.

Во Кичево Датмир Дехари од ДУИ освои 52,32 отсто од гласовите, а Благоја Деспотовски 47,68, во Кочани Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ 50,78, а Миле Андонов од СДСМ 47,79, во Крива Паланка Арсенчо Алексовски од ВМРО-ДПМНЕ 53,10, а Горанчо Младеновски од СДСМ 43,81, во Крушево Ѓорѓи Дамчески од ВМРО-ДПМНЕ 55,86, а Ташула Јуца од СДСМ 39,05, во Липково Садула Дураку од ДУИ 51,70, а Муртезан Идризи од ДПА 45,14, во Маврово-Ростуше Мукрем Мемеди од ВМРО-ДПМНЕ 52,27 отсто од гласовите, а Самир Ајдини од СДСМ 29,47.

Најмногу гласови во Македонски Брод освои Милосим Војневски од ВМРО-ДПМНЕ 65,99, а Анета Симеска – Димовска од СДСМ 31,79, во Неготино Ванчо Апостолов од ВМРО-ДПМНЕ 57,97, а Силвана Филипоа од СДСМ 35,49, во Ново Село Блажо Велковски од ВМРО-ДПМНЕ 51,55, а Петар Спасов од СДСМ 45,26, во Петровец Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ со 70,50, а Перо Арсовски 26,67, во Пласница Исмаил Јахоски од ДУИ 56,23, а Енвер Саитоски од ДПТ 43,77, во Пробиштип Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ 75,27, а Славчо Николов од СДСМ 22,29, во Ранковце Момчило Алексовски од СДСМ 56,67, а Орце Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ 42,83, во Росоман Стојанче Лазов од ВМРО-ДПМНЕ 55,57, а Гоце Величковски од Народно движење за Македонија 28,08, во Свети Николе Зоран Тасев од ВМРО-ДПМНЕ 63,32, а Кире Алексов од СДСМ 24,69, во Старо Нагоричане Милован Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ 43,94, а Власте Димковиќ од Српската напредна партија 28,21.

Во Струмица најмногу гласови освои Зоран Заев од СДСМ со 52,51 отсто од гласовите, а Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ 46,95, во Теарце Рухан Илази од ДПА 42,63, а Исен Асани од ДУИ 42,57.

Во скопската општина Центар Андреј Жерновски од СДСМ освои 51,46 отсто од гласовите, а Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПНЕ 46,52, во Чаир Изет Меџити од ДУИ 53,05, а Мухамед Тачи од ДПА 18,63, во Чешиново-Облешево Костадин Личков од ВМРО-ДПМНЕ 40,09, Горанчо Крстев од СДСМ 29,19.

Најмногу гласови во Штип освои Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ 61,30, Ратко Коцев од СДСМ 37,45, во Арачиново Рахим Ајваз од ДУИ 44,53, а Бастри Бајрами, независен кандидат 41,49.

Во Битола Владимир Талевски од ВМРО-ДПМНЕ 51,32, а Менде Динески од СДСМ 41, во Боговиње Хазби Идризи од ДУИ 52,94, Бурхаб Изаири од ДПА 42,54, во Брвеница Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ 35,75, а Енвер Пајазити од ДУИ 21,53, во Валандово Николче Чурлиновски од ВМРО-ДПМНЕ 62,08, Тихомир Шумков од СДСМ 35,11, во Вевчани Цветомир Угриновски од ВМРО-ДПМНЕ 66,31, а Сашо Јанковски од СДСМ 16,93, во Виница Емил Дончев од ВМРО-ДПМНЕ 63, а Венцо Воинов од СДСМ 35,32.

Најмногу гласови во Гази Баба освои Тони Трајковски од ВМРО-ДПНЕ 60,03, а Борче Стефановски од СДСМ 26,61, во Гостивар Руфи Османи од НДП 37,08, Невзат Бејта од ДУИ 35,26, Дебар Ружди Јата од ДУИ 71,84, а независниот кандидат Ибрахим Колари 14,59, во Делчево Дарко Шехтански од ВМРО-ДПМНЕ 51,68, а Голупчо Ангелов од СДСМ 45,06, во Демир Хисар Љупчо Блажевски од ВМРО-ДПМНЕ 57,51, Драган Јовановски од СДСМ 41,66, во Долнени Боше Милошески од ВМРО-ДПМНЕ 30,04, Абдула Бајрами од ДУИ 26,51, во Желино Фатмир Изаири од ДУИ 53,76, Јатиф Арифи од ДПА 42,28, во Зрновци Блаже Станков од ВМРО-ДПМНЕ 66,39, а Ванчо Митев од СДСМ 31,61.

Најмногу гласови во Јагуновце освои Дарко Блажевски од СДСМ 37,62, а Тони Коцески од ВМРО-ДПМНЕ 31,83, во Карбинци Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ 32,31, а Ристе Бањеглав од СДСМ 26,17.

Во скопската општина Кисела Вода победи Билјана Беличанец Алексиќ од ВМРО-ДПМНЕ 63,20, а Љупчо Васовски од СДСМ 32,67, во Конче Благој Јанев од ВМРО-ДПМНЕ 59,52, а Благој Илиев од НДМ 28,55, во Кратово Мите Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ 64,92, а Зоран Митевски од СДСМ 32,58, во Кривогаштани Тони Затковски од ВМРО-ДПМНЕ 59,54, а Владо Божиновски од СДСМ 32,35.

Во Куманово Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 38,25, а Зоран Дамјановски од СДСМ 35,60, во Лозово Орце Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ 35,09, а Ацо Велковски од СДСМ 29,25, во Македонска Каменица Дарко Митевски од ВМРО-ДПМНЕ 68,78, а Стојан Ефремов од СДСМ 29,99, во Могила Стево Пирковски, независен кандидат 42,94, а Славко Велевски од ВМРО-ДПМНЕ 41,52, во Новаци Лазе Котевски од ВМРО-ДПМНЕ 82,08, а Менде Талевски од СДСМ 15,59.

Најмногу гласови во Охрид освои Никола Бакрачески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ 59,50, а Александар Петрески од СДСМ 37,53, во Пехчево Игор Поповски од ВМРО-ДПМНЕ 65,38, Драган Тренчовски од СДСМ 33,77, во Прилеп Марјан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ 69,76, а Хари Локвенец од СДСМ 39,38, во Радовиш Сашо Николов од ВМРО-ДПМНЕ 60,68, Игор Милев од СДСМ 38,39, во Ресен Ѓоко Стрезовски од ВМРО-ДПМНЕ 48,80, а Димитар Бузлевски, независен кандидат 28,24.

Во Сарај Беким Мурати од ДУИ 54,24, а Азби Нуредини од ДПА 38,90, во Студеничани Фатмир Исени од ДУИ 44,14, Азем Садику од ДПА 36,76, Тетово Теута Арифи од ДУИ 39,98 и Сади Беџети од ДПА 32,80, во Сопиште Стевче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ 57,05 и Љупчо Мицковски од СДСМ 31,42.

Најмногу гласови во Струга освои Владимир Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ 41,11, Зијадин Села 32,37, во Центар Жупа Аријан Ибраим од ДПТ 51,78, а Мазлум Хасан независен кандидат 48,22, во Чашка Горанчо Пановски од ВМРО-ДПМНЕ 62,18, а Дејан Андоновски, независен кандидат 28,16, во Чучер-Сандево Јован Пејковски, независен кандидат 63,29, а Воислав Кираџиќ од НДМ 36,35 и во Шуто Оризари Елвис Бајрам од Сојуз на Ромите 59,64, а Неџдет Мустафа од Обединети демократски сили на Ромите 33,83.

Во Градот Скопје се преброени гласовите од 90,11 отсто од гласачките места. Одѕивот е 63,77 отсто. Најмногу гласови освои Коце Трајановски 49,41 отсто, Јани Макрадули 28,81 отсто од гласовите, а Артан

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Популарно