Додека глумиме Европејци, ДУИ крои планови за размонтирање на државата

Приказната повторно ја почна ДУИ со барањето за консензуален претседател и кампањата за бојкот на претседателските избори.

dui-sala

Барањата на ДУИ за промена на политичкиот систем во државата несомнено ќе продолжат и во следниот период и уште повеќе ќе се интензивираат, особено по осознавањето на резултатите од првиот круг претседателски избори, каде што се виде дека ДПА нема значително влијание кај Албанците и клучниот збор и понатаму го држи Али Ахмети

Етнички буџет, дводомен парламент, Бадентеров принцип на одлучување во судството, албанскиот официјален јазик на цела територија. Ова се некои од прашањата што симултано се отворија повторно за време на изборите, и тоа од партиите на македонските Албанци. Многу странски и домашни политички аналитичари без дилема ги оквалификуваа барањата како модел чија практика директно би го нарушила унитарниот карактер на Република Македонија. Отворено, тешко дека ќе се слушне оти македонските Албанци се залагаат за федерализација, но елементите што се бараат водат директно и недвосмислено кон тоа. Тоа се барања или параметри со кои се идентификува една федерална држава, а Македонија е унитарна држава. Тоа се барања што трасираат една политичка патека, која води кон федерална држава.

Приказната повторно ја почна ДУИ со барањето за консензуален претседател и кампањата за бојкот на претседателските избори.

Барањата на ДУИ за промена на политичкиот систем во државата несомнено ќе продолжат и во следниот период и уште повеќе ќе се интензивираат особено по осознавањето на резултатите од првиот круг претседателски избори, каде што се виде дека ДПА нема значително влијание кај Албанците и клучниот збор и понатаму го држи Али Ахмети. Во таа насока аналитичарите го толкуваат и барањето на премиерот Груевски за 62 пратеника за да се избегнат можните и очекувани уцени од ДУИ. На овој начин, освен константниот и силен притисок однадвор на меѓународната заедница за разни бенчмаркови, особено за името, имаме и притисок однатре од Албанците, со премолчена согласност и на дел од меѓународната заедница. Станува збор за барања што не се нови. Беа тема пред неколку години или на последните парламентарни избори во 2011 година, а особено се актуализираа во 2001 година.

Тоа се процеси што не само што се поддржани однадвор туку и се поттикнати најверојатно оттаму. Со ова се согласуваат многу македонски интелектуалци, универзитетски професори, дипломати, историчари, поети.

Кои се нивните размислувања? Што велат тие за овие барања на македонските Албанци и како ги објаснуваат?

Отворени карти

За да се разберат политичките мотиви во поставувањето неприфатливи, неуставни и целосно нереални барања од албанскиот фактор мора да се вратиме на причините за војната од 2001 година.

- Корените се артикулирани во првите пет соопштенија на ОНА, дека војната се води за „ослободување“ (албански!) територии. Откако не успеа тоа, со рамковниот од Охрид, се отвори широк простор за постепена и етапна реализација на истата намера. Главен репрезент на оваа политика се истите тие што ја водеа војната – ДУИ. И други албански лидери не се далеку од големоалбанскиот проект, чија реализација се крие зад сето тоа. Откако влезе во власта, се знае со чија помош, ДУИ подолго време тактички мируваше, за да се подзаборави војната – изјави Ристо Никовски, дипломат.

Меѓутоа тој смета дека во последниве неколку години тие ги отворија сите карти и грубо настојуваат пропуштеното во 2001-та да го реализираат со политички уцени и ултиматуми. Мора да се признае дека во тоа се исклучително успешни, благодарение на глупоста на другите, додава Никовски.

Првиот чекор за разбивање на државата е федерализацијата и на тоа упорно и одлучно работат преку разни форми и модалитети.

- Добар дел македонски политичари или не го забележуваат тоа или, што е поверојатно, се прават недоветни само за да ги постигнат своите лични и партиски политички цели. Во овој контекст спаѓаат: наметнувањето на „победничките“ партии да формираат влада; барањата за етничка поделба на буџетот; дводомното Собрание; изедначувањето на албанскиот јазик со македонскиот; Бадентеровиот принцип во судството… Впрочем, најсвеж пример е ултиматумот за т.н. консензуален претседател, што е чиста бесмислица ама политички добро спакувана – вели Никовски.

Јасна цел

И според Стефан Влахов Мицов од Институтот за национална историја, целта на албанскиот фактор е јасна – прво федерализација на Македонија, а второ отцепување на западна Македонија од македонската држава.

- Ова е планот што тие го туркаат од поодамна или од осамостојувањето на Македонија. Периодот 1991-2004 година е пораз за македонската државност. Тоа заврши со Законот за територијана поделба.

Моментално де факто западна Македонија е откорната од преостанатиот дел на државата. Ова е видно таму и со албанските знамиња – вели Мицов.

Целосната анализа Нова Македонија

Шер објасни зошто се забавува со далеку помлади мажи: Изјавата ја опишуваат како бизарна

Славната Шер (77) од почетокот на минатата година е во врска со 39 години помладиот рапер Александар Едвардс (38).

Поради значителната разлика во години, нивната врска наиде на различни коментари, а пејачката сега откри зошто сака да излегува со помлади мажи.

– Причината поради која излегувам со помлади мажи е затоа што мажите на моја возраст се стари и сите мртви. Пред тоа беа премногу исплашени да ми пријдат. Помладите мажи беа воспитани од жени како мене – изјави таа во една емисија.

Пејачката и раперот се запознале во септември 2022 година, а набрзо започнале врска. Тие раскинаа во мај 2023 година, но се смирија. Откако повторно почнале да излегуваат, пејачката кажала колку сето тоа било неочекувано.

– Им реков на пријателите, не се заљубувајте во помлади мажи, премногу сме стари. И не се заљубувајте преку пораки. Мојата теорија пропадна – изјави претходно таа за странските медиуми.

Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие

Манекенката Емили Ратајковски (32) присуствуваше на глобалниот гала настан „The King’s Trust“ одржан во Њујорк.

Познатата убавица за оваа пригода избра свилен крем фустан со раскошно деколте, кое допираше речиси до нејзиниот папок и кој брилијантно ја истакна нејзината витка линија.

Фустанот е со гол грб и врзан околу вратот, а Ратајковски не носеше градник поради кројот на фустанот. Долгата коса ја остави пуштена, а целиот стајлинг го комплетираше со сребрени обетки.

Овој настан е основан од британскиот крал Чарлс Трети со цел да им се помогне на младите.

Видео: Ен Хатавеј доживеа непријатност во студио, водителот ја спаси

41-годишната оскаровка Ен Хатавеј гостуваше во емисијата The Tonight Show на Џими Фалон. Ен е една од ѕвездите на претстојниот филм The Idea of You, каде ја игра самохраната мајка Солен, која започнува врска со 24-годишниот Британец Хејс Кембел, кој го игра Николас Галицин.

Филмот е снимен на истоимениот роман на Робин Ли од 2017 година. Актерката имаше прилично непријатен момент во шоуто кога ја спомна книгата на Робин и ентузијастички ја праша публиката: „Дали некој овде ја прочитал книгата?“

Наместо одговор, настапила потполна тишина. Од изразот на лицето на актерката се видело дека ѝ е непријатно и дека е шокирана од недостатокот на реакција од публиката, но Џими Фалон веднаш „притрчал“ во помош да ја спаси. Тој рече: „Не, не читаме“. Таа досетка ја прекинала тензијата во студиото, а Ен и публиката се насмеале.

„Ова е „The Tonight Show“. Одете кај Стивен Колбер доколку сакате да имате луѓе кои читаат книги. Бедно. Ние овде сме на „Audible“, се смета ли тоа?“, додал тој.

Тогаш Џими ѝ се обратил на Ен: „Значи, се заснова на книга?“, на што Ен му одговорила: „Што е книга?“.

Непријатниот момент од шоуто се споделува на социјалните мрежи и многумина ја фалат реакцијата на Џим.

„Џими всушност беше одличен водител во оваа ситуација“, „Ова е многу паметна шега“, „Фелон во потполност ја разбира својата улога во овој момент и ја вади Ен Хатавеј од тишина додека го исмева Стивен Колбер“, се само дел од коментарите.

Популарно