ФОТО: Ова е Даниел - навивач на Македонија за кого наголемо пишуваат странските медиуми

Победата над Тунис беше среќна, 13-та по ред, на Мундијалите за Македонија. „Црвено-жолтиот" дел од публиката имаше големи причини за радост по триумфот на Македонија а за пеколна атмосфера и добар навивачки дух во текот на натпреварот „вината“ за имаше шармантниот Даниел Цонев- Швајцарецот, навивач од Кочани кој живее во мало градче близу Луцерн. За него веќе наголемо се пишува во странските медиуми бидејќи неговото црвено-жолто обоено лице, што ги симболизира боите на Македонија, станало заштитен знак и амајлија на нашите репрезентативци, каде и да одат, пишува Дневник.

Деновиве е во Франција, но со нашите ракометари беше и во Катар, во 2012 на напреварот во Виена каде довел уште 40 негови другари, како што бил и во Шпанија и на уште други меѓународни ракомнетни арени.

Даниел, инаку, работи како планер на продукција во една текстилна фабрика. Ни вели дека некој мора да се грижи и за тоа кој колку ќе се произведе и колку ќе се купи. Но, додава, и за тоа кој како навива...

За неговиот навивачки имиџ, вели дека е случаен, но се покажал дека привлекува повеќе внимание од се друго, но и носи среќа на ракометарите.

-Одличен натперавар, растуривме на паркет и на трибини, без агресија и вулгарности покажавме дека сме моќни Македонци. Секоја чест и за Тунис, со дел од навивачите си подадовме рака, дури и посакаа да се фотографираат со мене. Уникатиен сум оти целата моја глава е бојадисана во две бои. Во предност сум во однос на моите другари кои не можат да направат така имаат малку повеќе коса. На образите лепам специјални тетоважи, знаете, како оние порано што се наоѓаа во мастиките за жвакање. Ги нарачав и ги правеа специјално за мене. Потоа главата ја бојадисувам, половина жолто половина црвено, дури носам и леќи во две бои, па едното око ми е црвено, другото жолто. Ми треба околу еден час да се подготвам, а малку повеќе време да се измијам. За да ја симнам бојата од лице секако ми треба долго лежење во када, вели Цонев кој на трибините беше со десетици навивачи од Македонија меѓу кои и мала група од родното Кочани и кои имаа специфичен стајлинг.

Придонес во победата на македонските ракометари со навивачки песни и скандирања дадоа и навивачите од Скопје. Не пропуштаат натпревар, опремени со шалови, капи и уште куп жолто-црвени реквизити тие не се штедат на тринините а така беше и синоќа.

-Од Скопје со автобус дојдовме околу триесетина навивачи. Има луѓе кои си дошле на своја рака, нашинци кои што живеат во Европа. Бевме вкупно околу 200 навивачи во салата и направивме убава атмосфера, вистинска навивачка, и беше среќно за нашите ракометари. Со тунижаните се боревме по вторпат. Првиот пат во Катар беа околу 10.000, а сега околу 100 навивачи. Не се незгодни навивачи, не сме имале никаков проблем со нив. И во Катар и сега честитаа победа. И тие се обични луѓе, дојдени да гледаат ракомет. Нема хулиганство и такви работи. Натпреварот го доживеавме макимално тензично и стресно бидејки до 45 минута губевме... Многу, многу нерви и енергија потрошивме. Не се видовме со ракометарите да им честитаме, бидејки тие се сместени во другата страна од градот. Поддршката од трибините секогаш делува мотивирачки и за младите и за староседелците во репрезентацијата, вели Дарко Вепар, предводник на навивачката група од Скопје.

Лазаров ги избра конечните 16 за тешкиот дуел со Фарски Острови

Македонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на следното Светско првенство. Нашите најдобри ракометари гостуваат кај незгодните Фарани, а селекторот Кирил Лазаров го одреди составот со кој вечерва ќе се спротистави на Фарски Острови.

Лазаров избра 16 ракометари, меѓу кои се најдоа кружниот напаѓач на Вардар, Михаил Алваров, а деби ќе има и младиот  Дамјан Митев. Се разбира, тука се и искусните Кузмановски, Талески, Митревски, Пешевски,  а на трибините ќе останат Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Марко Кизиќ, Џонов и Карапалевски.

Натпреварот се игра вечерва во 20:00.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Популарно