ФОТО: Се ожени познатиот турски актер - Ова е невестата

Кај нас познат по улогите во „Ѓумуш“, „Притаени страсти“ и „Снегови на љубовта“, харизматичниот актер Киванч Татлитуг,  се венча со модната стилистка Башак Дизер со која е две години во врска. На едноставната церемонија присуствувале педесеттина членови на семејството и пријатели на кои младоженецот им платил авионски карти и тридневен престој во Париз. Кум на венчавката бил Керем Чатај, продуцент на серијата на чиј сет Киванч и Башак и се запознале.

basak-dizer-ile-birlikte-sosyal-medya-icerisinde-resmini-yayinlayan-beyaz-kasli-kivanc-tatlitug-seytan-catlattitatlitug-kimdir-eda9151b9d0745c7a12d0e6c5ce09c36

Свадбената забава била приредена во раскошната сала во луксузниот париски хотел „Шангри – Ла“, од чија тераса се пружа прекрасен поглед на Ајфеловата кула. Младенците го започнале медениот месец во познатиот хотелски апартман „Суит империјал“ во кој отседнуваат Мадона и Џенифер Лопез, а кој за три дена престој ги чинело 15.000 евра. Иако со камери „вооружените“ новинари стрпливо чекале пред амбасадата и хотелот, малку успеале да снимат. Во меѓувреме, се појавија и официјални фотографии од згодниот Киванч и невестата.

Непосредно пред свадбата, во многу таблоиди се појавила веста дека мајката на младоженецот Нуртен нема да биде на венчавката бидејќи е незадоволна од изборот на синот. Мајката тоа го демантирала објаснувајќи дека венчавката била закажана пред неколку месеци и дека поради сложената организација датумот не можел да се менува, а дека нејзината здравствена состојба се влошила, па морала да се откаже од патот за Париз.

Сепак, Киванч направил сè за мајка му поради тоа да не биде тажна: благодарение на најсовремената технологија таа во живо ја следела венчавката на својот син. Во меѓувреме, во медиумите се појави сомнеж дека мајката на венчавката не дошла поради лошата здравствена состојба. Имено, воочиле дека Нуртен Татлитуг, која инаку е многу активна на Фејсбук, на младенците не им упатила честитка преку социјалните мрежи.

kivanc-490x612
kivanc1-490x487

Дензел Вашингтон откри која улога му била најтешка: „Никогаш не би ја повторил“

Дензел Вашингтон се смета за еден од најбараните актери во Холивуд и добива понуди за продолженија на неговите филмови. Меѓутоа тој неодамна откри која улога никогаш не би сакал да ја повтори.

Вашингтон изјави дека една од најпредизвикувачките улоги во неговата кариера била улогата на поранешниот боксер Рубин „Hurricane“ Картер во биографската спортска драма „The Hurricane“.

Познато е дека Рубин Картер бил боксер во средна категорија кој во 1967 година бил неправедно осуден на доживотен затвор за убиство кое не го извршил. Тој со години тврдеше дека е невин, но сепак беше обвинет и помина 20 години во затвор. Многу познати луѓе како Мухамед Али, Боб Дилан се залагаа за негово ослободување.

По 20 години затвор, Картер беше ослободен и се пресели во Канада, а животот го посвети на активизам во организациите кои се залагаат за укинување на смртната казна и неправедно осудените затвореници.

Актерот Дензел Вашингтон изјави дека оваа улога на боксер му била исклучително напорна и дека одлучил дека никогаш повеќе нема да прифаќа такви улоги.

„Бев со Мајкл Спинкс, поранешниот шампион во полутешка категорија, подготвувајќи се за филмот „The Hurricane“. Поради мојата улога, морав многу да вежбам и со текот на времето станав побавен и добивав главоболки. Мајкл ми рече дека ќе се навикнам на тоа, но потоа престанав и решив дека не сакам да се навикнувам на такви работи“.

Во текот на подготовките за улогата, тој мораше да тренира како боксер, да јаде и да изгледа како боксер за да биде што е можно поубедлив во рингот. Улогата на Рубин Картер му донесе номинација за Оскар, но тој одлучи дека никогаш повеќе нема да глуми боксер.

Според „Far Out“, Вашингтон пред филмот рекреативно се занимавал со бокс, но се откажал од него по завршувањето на снимањето на овој филм.

ВИДЕО: Ова е убедливо најнавредливата ТВ серија на сите времиња

Повеќе од стотина илјади гледачи на различна годишна возраст учествуваа во истражувањето на Senior Living за тоа која телевизиска серија ја сметаат како најнавредлива.

Во истражувањето учествуваа припадниците на така наречените генерации "baby boomers", "X generations", "Millenials" и "Z generations". Се покажа дека најмногу ги навредува гледањето на сексуално насилство на ТВ, потоа шегите за лицата со инвалидитет, а потоа расистички шеги. Како најнавредена група на гледачи се покажаа "Baby Boomers", односно генерацијата родена помеѓу 1946 и 1964 година.

За најнавредливо ТВ шоу некогаш прикажано на телевизија е South Park со дури 30,7 %. На второто место се најде Family Guy со 10,5 %, а на трето место е Jerry Springer со7,1 %.

Во топ пет се најде и американскиот стиком All in the Family и хумористичната серија Married with Children.

Најнавредлив ТВ лик е Ерик Картман од South Park со 18,7 гласови, потоа Арчи Банкер од All in the Family so 14,5 %. Третото место го зазеде Питер Грифин од Family Guy, а четвртото место е за Розен од истоимената серија. Интересно е дека на шестото место се најде американскиот претседател Доналд Трамп.

Сите турски актерки се плашат од неа

Ѕвездите на турските серии се омилени во регионот, но малкумина го знаат приватниот живот кој го кријат.

Една од актерките кои се најпопуларни и прогласена за најубава жена е Туба, која ја гледавме како Аси во серијата на Сител.

Туба има бурен живот и сите актерки се плашат од неа, поради тоа што таа заведува зафатени мажи. Имено, таа го заведе сопругот на Ајшеѓул од Мојот син, по што актерката тргна да ги бара и направи сообраќајка.

Туба ја прекина и својата веридба и за време на снимањето на серијата која ја гледавме на Сител, се забавуваше со актерот, Онур од истата серија.

Во 2012 роди близнаци, ама двајцата се разделија.

Сега има ново момче.

Популарно