ФОТО: Трудно дрво во скопско Бањани ги лекува неплодните жени

Кога ниту вештачкото оплодување не успева, многу жени спасот го бараат во вербата. Дел од жителите на Скопска Црна Гора раскажуваат за неверојатната приказна за трудното дрво кај манастирот "Св. Богородица", кое на многу жени им помогнало да забременат, пренесува Вечер во својата репортажа.

banjani-500

На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на височините на планината Скопска Црна Гора, се наоѓа манастирот "Света Богородица". Во дворот на манастирот ќе го видите дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната вели дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни. Можеби во ерата на модерна технологија за многумина оваа приказна би била неверојатна, но за домарот на црквата, дедо Милош, и за локалните жители оваа дрво им донело само среќа во домот на оние што го посетиле.

До таму се стигнува поминувајќи низ селата Бањани и Горњани, а потоа се продолжува кон рудникот Бањани". Уште стотина метри погоре, ќе дојдете до знакот на кој пишува дека до манастирот има уште триста метри. Можеби возејќи натаму ќе заталкате во некоја од тесните улички, но секогаш можете да застанете и да прашате некој од љубезните мештани да ви каже како се стигнува до манастирот, или пак, прашајте за дедо Милош, кој живее долги години таму и веднаш ќе ви објаснат како да стигнете. Ќе се изненадите кога жителите уште пред да прашате за местото, ќе ви кажат се за дрвото.

drvo-1

Приказната за трудното дрво се случила пред две години, за кое, како што велат мештаните и домаќини на манастирот, им помага на сите коишто посакуваат, а не можат да имаат деца. Во дворот на манастирот седеле тројца мажи, дедо Милош, овчарот и уште еден нивни пријател, кога се појавил човек од Скопје, кој се претставил како Илија. Тој им раскажал на присутните оти сонил дека токму во тој манастир се наоѓа бремена жена. Тројцата мажи се насмеале и му кажеле дека тоа не е можно, бидејќи во манастирот има само мажи. Но, сепак Илија бил упорен и тврдел дека на ова место има жена која е во блажена состојба. Тој започнал да бара и го нашол дрвото кое личи на стомак на трудница. На дедо Милош и на неговите пријатели не им се верувало во тоа што го гледаат, а дедо Милош вели дека никогаш порано не го забележал тоа дрво, ниту пак неговиот израсток.

- Јас се грижам за манастирот 60 години, но никогаш не сум го забележал дрвото со стомакот, божја волја е тоа, вели дедо Милош.

При нашата посета на манастирот и на дрвото го сретнавме Дарко К. од селото Бањани. Тој, неговата сопруга и нивните две деца се грижат за манастирот и му помагаат на дедо Милош, бидејќи е премногу стар и не може да се грижи сам за него. Дарко, кој го подготвуваше манастирот за ладните денови што доаѓаат, ни ја дораскажа приказната за дрвото за кое вели дека никогаш порано не го видел иако е чест гостин на местото.

- Многу години доаѓам тука, но никогаш не сум го видел дрвото. Откако го најде Илија, тој ни кажа дека тоа дрво ќе им помага на жените кои не можат да имаат деца и дека тука ќе доаѓаат да се молат. Ни кажа дека треба да го покриеме дрвото, да ставиме икона и крст кај што се наоѓа. Илија ни остави и молитва којашто треба да ја прочитаат сите кои ќе доаѓаат да побараат помош и ни објасни што треба да направат тие што ќе дојдат. На секоја жена која ќе дојде да побара помош, ние и кажуваме што треба да направи и не смееме никого да вратиме назад без разлика на нејзината националност и вера, раскажува Дарко К.

Најпрво треба да се наполни вода од манастирската чешма, мажот и жената потоа треба да се помолат внатре во манастирот и да ја кажат молитвата, да ги замијат рацете со водата, потоа да се упатат кон дрвото и таму да го сторат истото. Од кај дрвото треба да си продолжат кон своите домови од друга страна, бидејќи не треба да се вратат повторно до манастирот штом еднаш отишле до дрвото, објасни Дарко.

Тој вели дека голем дел од оние што го посетиле местото и сега имаат деца се вратиле со подароци за манастирот.

- Од нашето село Бањани има девојка која остана бремена откако беше тука, а исто така има жени од Скопје и Велес кои останале бремени, вели Дарко.

Во манастирот го сретнавме и Игор М., кој со своето семејство беше дојден да ги посети манастирот и дедо Милош. Тој ни раскажа дека долги години доаѓа тука, бидејќи во овој манастир имало нешто посебно. Игор ни кажа дека лично познава девојка која до својата 37 година не можела да има дете и покрај тоа што се обидувала и со вештачко оплодување. Но, откако дошла кај трудното дрво, по една година добила ќеркичка. Освен што доаѓа долго време во манастирот, има и донирано врати за конаците за спиење, а се надева дека во скоро време манастирот ќе добие и струја. Кога медицината не помага, вели тој, вербата има најголема улога.

drvo-2

Дедо Милош за прв пат прозборел во манастирот "Св. Богородица"

Домарот на манастирот, дедо Милош, има интересна животна приказна поврзана токму за манастирот "Св. Богородица". Тој е роден во селото Кучевиште, а до својата 21 година бил нем. Откако неговата баба му кажала за манастирот, тој дошол тука и неговиот глас се пуштил и почнал да зборува, но кога си заминал од манастирот, повторно занемел. Така, тој решил да се врати во манастирот и да остане да се грижи за него. До ден-денес дедо Милош останал да живее во манастирот. Тој денес има 83 години и може да зборува. И покрај староста и изнемоштеноста, со радост ги дочекува сите кои доаѓаат во манастирот.

Вработување во Уни Банка, Еast Gate Mall и Народна банка на Република Северна Македонија!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

СОВЕТНИК ЗА БАНКАРСКИ УСЛУГИ ВО ЕКСПОЗИТУРА – КОЧАНИ
АНАЛИТИЧАР ВО СЕКТОР ЗА КОРПОРАТИВНИ ПЛАСМАНИ
СОВЕТНИК ЗА БАНКАРСКИ УСЛУГИ ВО ЕКСПОЗИТУРА – СКОПЈЕ
СМЕТКВОДИТЕЛ ВО СЕКТОР ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО

Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура.

Моментално вработува:

МАРКЕТИНГ КООРДИНАТОР ЗА ЗАКУПЦИ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Народна банка на Република Северна Македонија е централна банка и следствено единствена емисиона банка во Република Северна Македонија. Нејзина основна цел е одржување на ценовната стабилност.

Моментално ваработува:

ИЗВРШИТЕЛИ

Hi-Tech Corp. е водечки Европски производител на електронски печатени плочки специјализирани за брзо производство на прототипи и мали и средни волуменски серии на цврсти, флексибилни и крути-флексибилни повеќеслојни плочки.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните.

Моментално вработува:

ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - НАС. КАРПОШ
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - НАС. ЦЕНТАР
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - НАС. АЕРОДРОМ
ФАРМАЦЕВТ - НАС. КАРПОШ
ФАРМАЦЕВТ - НАС. ЦЕНТАР
ФАРМАЦЕВТ - НАС. АЕРОДРОМ

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

7000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Со огромна гордост објавуваме уште еден значаен успех, 7000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Овој успех не е само бројка, туку доказ за довербата што ја градиме со години заедно со македонската бизнис заедница. KARIERA.mk денес е многу повеќе од платформа за огласи тоа е целосен HR екосистем кој ги поврзува компаниите и барателите на работа.

Во изминатиот период, континуирано инвестиравме во иновации и нови решенија:

  • HR scanner - стратешка и аналитичка алатка која го трансформира управувањето со човечки ресурси
  • KARIERA AI - паметни технологии за побрзо и попрецизно пронаоѓање кандидати
  • KARIERA настани - eдукативни работилници каде што експерти од индустријата споделуваат знаењa, искуства и практични стратегии
  • KARIERA Hub - центар за знаење, ресурси и кариерен развој
  • MojaKARIERA - платформа за физички лица што овозможува полесно поврзување, вмрежување и пристап до нови кариерни можности

Секој чекор напред е резултат на заедничка визија модерен, ефикасен и поврзан пазар на труд.

Зад оваа бројка стои силна заедница:

  • Илјадници реализирани вработувања
  • Континуиран раст на активни огласи
  • Вмрежување на компаниите и физичките лица на едно место
  • Поддршка во секој чекор од кариерниот пат

Нашата мисија останува иста да бидеме мост помеѓу компаниите и талентите, но и да создадеме простор каде што можностите и луѓето се среќаваат.

Голема благодарност до сите 7000 компании и илјадниците корисници кои се дел од KARIERA.mk. Ова е заеднички успех!

Продолжуваме уште посилно со нови алатки, повеќе можности и уште подобро вмрежување помеѓу компаниите и луѓето. 

KARIERA DAYS vol.3 Агенда: Целосна програма за 15 и 16 мај во East Gate Mall

Подготвени сте за кариерен пресврт? На 15 и 16 мај, East Gate Mall се трансформира во динамичен лавиринт каде секоја патека води до нови професионални хоризонти. Оваа агенда не е само распоред на часови, туку твоја лична мапа за навигација низ најдобрите можности на пазарот на труд.

Погледни што те очекува и планирај го твоето време паметно:

📅 ДЕН 1 | Петок, 15 Мај: Први чекори и инспирација

13:00 – 18:00 | Посета на штандови

Ова е твоето време за директен контакт. Искористи го целиот попладневен термин за разговор со претставниците на водечките компании, дознај ги нивните внатрешни култури и информирај се за активните огласи во живо.

14:00 – 15:00 | Кариерни совети: Твојот професионален компас

Приклучи се на сесиите за советување каде експерти ќе ти помогнат да го средиш твоето CV и да добиеш насоки како да се претставиш во најдобро светло пред работодавците.

16:00 – 16:30 | Тркало на среќата: Награди за храбрите истражувачи

Малку адреналин и многу изненадувања! Заврши го првиот ден со позитивна енергија и вредни подароци.

📅 ДЕН 2 | Сабота, 16 Мај: Акција и нови почетоци

12:00 – 18:00 | Продолжување на потрагата (Посета на штандови)

Ако пропушти некоја компанија првиот ден, денес е шансата да го надополниш тоа. Лавиринтот е отворен за сите нови конекции.

13:00 – 13:30 | Тркало на среќата: Прва доза изненадувања

Започни го вториот ден со нова шанса за добивка пред да се впуштиш во најинтензивниот дел од денот.

14:00 – 15:30 | Speed Interview: Брза патека до работа

Ова е „срцето“ на лавиринтот! Искористи ги овие 90 минути за кратки, но клучни интервјуа со работодавците. Биди концизен, биди подготвен и остави впечаток за само неколку минути.

16:00 – 17:00 | Кариерни совети: Финални стратегии

Заврши го твоето патување со дополнителни консултации и одговори на сите дилеми кои ти се појавиле за време на настанот.

Зошто да бидеш дел од KARIERA DAYS vol.3?

Ова не е класичен настан за вработување ова е интерактивна платформа каде човечкиот контакт е во центарот. Без разлика дали бараш прва работа, промена на кариерата или само сакаш да ја почувствуваш пулсацијата на пазарот, „Лавиринтот на можности“ е местото каде треба да бидеш.

Влези во лавиринтот и пронајди го својот излез кон успехот!
Регистрирајте ја вашата компанија ТУКА 

Популарно