ФОТО: Војна на Перо Антиќ и КФМ!

Се започна со игнорирањето од страна на МКФ и Агенцијата за Млади и спорт на Перо Антиќ при изборот најдобри спортисти за 2015 година. Иако имаше извонредна сезона во дресот на Атланта хоукс, а потоа и во турскиот гигант Фенербахче Улкер, Антиќ е игнориран поради фактот дека не настапи за репрезентацијата на Евробаскет 2015.

antik-naumovski

На тоа поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација по Фејсбук го порача следново:

pero-antic-fb

Како одговор на стаусот на Антиќ, но и на многу текстови посветени на изоставањето на центарот, со соопштени се јави и КФМ.

Соопштението ви го пренесуваме во целост.

„МКФ се чувствува повикана да одговори во името на вистината и на начинот на постапката за избор на најдобрите во макбаскетот во 2015 година.

За изборот на најдобрите, испративме барање до сите клубови, новинари и спортски работници со три празни линии во секоја од 13-те категории, на кои истите требаше сами да се изјаснат и да го напишат својот избор, а потоа МКФ само ги собра вкупните добиени гасови и на тој начин дојде до конечниот резулат и до победникот во секоја од категориите.

Со ова само сакаме да ја запознаеме македонската јавноста со начинот на гласање и избор на најдобрите во нашата кошарка, за да некој обичен и небитен поединец не би пишувал невистини, навреди и манипупации, бидејќи истиот поединец очигледо не е посветен на својата професија и на работата која ја работи, туку е посветен на други активности, па дури и политички, а нема капацитет за такво нешто.

Во статустот напишан на социјалните мрежи, навредениот спортист самиот потврдува дека изборот на новинарите и спортските работници бил вистински и бил донесен врз основа на целосната посветеност на македонската кошарка и репрезентација во било кое време, а не врз основа на сопствени евтини маркетинг трикови. А, за кои постојано имаше негативни реакции од јавноста кон истите, поради таквите изјави и неговиот однос кон макбаскетот.

Ова е нашиот одговор на сите сегашни и идни коментари“, објаснуваат од Куќата на кошарката.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно