Во периодот од последните шест години, компанијата Hoffmann- La Roche(ШЕСТ:RO, ROG, OTCQX: RHHBY) беше препозната според индексот за стабилност на Дау Џонс (DJSI) како лидер во секторот за одржување на стабилност во областа на фармацевтската, биотехнолошката и научната индустрија. Овој индекс ја рангира компанијата Hoffmann- La Roche во групата на првите 10 % од компаниите од сите испитани индустрии.
Содржината на индексот на DJSI, се базира на длабока анализа на достигнување во економска, социјална област како и во областа за екологија, одредување на спорни прашања како корпоративна политика, обврзаност на акционерите, управување со ризик, стандарди за дистрибуција, почитување на правата на вработените. Проценката на DJSI стана главна одредница за инвеститорите кои што ја земаат во предвид стабилноста во нивните портфолија.
Во проценката за оваа година на DJSI, компанијата Hoffmann -La Roche беше рангирана со најмногу бодови во индустријата во неколку области. Во оваа проценка беше вклучен начинот на кој што компанијата Hoffmann La Roche постапува со клиентите, со дистрибуцијата како и начинот на кој што компанијата помага да се адресира проблемот во здравствената заштита преку квалитетот на своите производи и услуги. Компанијата Hoffmann - La Roche исто така беше рангирана со најмногу бодови во врска со ангажирање во речиси секое прашање за вработените, вклучувајки го и напредокот на вработените, почитување на човекови права како и привлекување и задржување на добри таленти.
“Голема награда е за нас, е што Hoffmann- La Roche продолжува да биде препозната како најстабилна компанија во нашата професија. Од своето основање пред речиси 120 години, начинот на работа беше воден според принципите на стабилност и долгорочно планирање“, изјави Северин Шван, ЦЕО на компанијата Hoffmann - La Roche. “Остануваме посветени на континуирана иновација како наш најголем придонес на општеството и стабилна иднина за сите нас.“
Во 2009 година, компанијата Hoffmann La Roche, воведе повеќе петгодишни корпоративни цели како и индикатори (за водечко достигнување) за мерење на прогрес. Освен ова, компанијата Hoffmann- La Roche постави за цел,застапеност на различни полови со што се зголеми процентот на жени на водечка позиција за најмалку 50%, како и цел за енергетска ефикасност со намалување на енергетската потрошувачка и зголемување на енергетската ефиксност за 10% до крајот на 2014 година. Компанијата Hoffmann - La Roche ја постигна целта за застапеност на различни полови до крајот на 2013, една година порано од предвиденото, додека енергетскиот таргет до крајот на 2012, две години пред предвиденото. Компанијата работи на вклучување на нови цели за стабилност во корпоративните цели на компанијата за наредните пет години. Како дополнение, пристап до здравствената заштита е се уште проблем во многу делови од светот, и компанијата Hoffmann - La Roche активно работи со владите, со здравствени работници, невладините организации како и други организации со преку 100 дадени иницијативи на глобално ниво за да се подобри пристапот до нашите лекови и дијагностика.
Во период од последните дваесет години, компанијата Hoffmann - La Roche беше вклучена во FTSE4 Good Index Series, индекс кој што го мери достигнувањето на компаниите кои што ги остваруваат стандардите на корпоративните одговорности на глобално ниво , понатаму компанијата беше континуирано препозната како една од најдобрите места за работа во светот.
Индекс за стабилност на Дау Џонс (Dow Jones Sustainability Indices –DJSI)
Индексите за стабилност на Дау Џонс се одржуваат во соработка со S&P Dow Jones Indices и RobecoSAM. Со пристапот на следење на најдобриот во класата, со инедксот се мери достигнувањето на лидерите за стабилност на глобално ниво. RobecoSAM поканува преку 3000 компании во јавен сектор, вклучувајќи и 800 компании од земји во развој да учествуваат. Компаниите се бираат според индексот базиран на детална проценка на долгорочни економски, социјални и еколошки критериуми кои што ги вклучуваат и општите насоки и насоките за стабилност за специфики на индустријата. Само компаниите кои што работат на овој начин се вклучени во индексот за проценка. Индексите се креирани и се одржуваат според систематска методолгија , со што им се овозможува на инвеститорите соодветен стандард за одржливост на фондовите и дериватите на долг рок. Базирано на Системот за класификација за глобална индустрија (СКГИ, GICS), RobecoSAM ја идентификува на годишно ниво најдобрата компанија за сите 24 индутриски гранки. За дополнителни информации за DJSI ве молам да ја посетите официјлната веб страница www.sustainability-index.com.
За компанијата Hoffmann - La Roche
Со седиште во Базел, Швајцарија, Hoffmann- La Roche е лидер во здравствената заштита, со фокус на истражувањето, комбинирано во фармација и во дијагностика. Компанијата Hoffmann -La Roche е најголема светска био-технолошка компанија, со точно диференцирани лекови во облaста на онкологијата, имунологијата, за инфективни заболувања, за офтамологија и неврологија. Компанијата Hoffmann - La Roche е исто така лидер во in vitro дијагностиката, дијагностика на ткивна детекција на канцер и лидер во менаџмент на дијабетисот. Персонализираната стратегија за здравствена заштита на компанијата има за цел да обезбеди лекови и дијагностика за подобрување за здравјето, на квалитетот на животот на пациентите и зголемување на стапката на преживување на пациентите.
Основана во 1896 година, компанијата Hoffmann - La Roche значително придонесува во подобрување на здравството на глобално ниво, повеќе од сто години.
Во листата на есенцијални лекови на светската здравствена организација, се вбројуваат 24 лека на Hoffmann- La Roche, помеѓу кои има антибиотици , лекови против маларија како и хемотерапија, лекови што спасуваат живот.
Во 2013 година, во Hoffmann - La Roche групацијата, бројот на вработените беше повеќе од 85.000 на глобално ниво, групацијата имаше инвестирано 8.7 милијарди швајцарски франци во истражување и дијагностика и имаше остварено продажба од 46.8 милијарди швајцарски франци. Компанијата Genentech во Америка е членка на Hoffmann - La Roche групацијата. Компанијата Hoffmann- La Roche, е главен акционер во Chugai фармацевтската компанија во Јапонија.
За повеќе информации, ве молам да ја посетите следната веб страница www.roche.com