Во првата половина годинава омилен оператор на корисниците бил ОНЕ покажуваат податоците. Дури 7700 корисници преминале на мрежата на ОНЕ за сметка на конкурентите. Најмалку доверба му дале на Т мобиле , односно само 2800 корисници се приклучиле на мрежата на овој оператор, а во ВИП преминале 3500.
Иста е состојбата и во однос на бројот на корисници кои си заминуваат , односно го менуваат операторот каде што ги користат услугите во мобилната телефонија. Имено, ОНЕ го напуштиле најмал број корисници односно 1860 за разлика од Т мобиле од каде си заминале неверојатни 6800 корисници. Од ВИП пак си заминале над 5400 корисници.
Последните финансиски извештаи на ВИП и Т мобајл покажаа пад на приходите и пад во корисничката база. Финансиските резултати за ОНЕ се очекуваат до крајот на неделата.